Колку што има кривица Мурињо за вчерашната утакмица, исто толкава кривица имаат и сите играчи, факт! Од прв до последен!
Само тука би го издвоил Роналдо, он беше единствениот што пробуваше нешто, ама освен што изнудуваше фаули, другото без никаков ефект. Ама барем кај него ја имаше стандард желбата за победа, не ко другите пичиња!
Мурињо е крив за поставеноста, за пристапот на кој се почна утакмицата и на кој се заврши.
Ама што е он крив што Пепе 20 години е активен штопер, и пак незнае да се постави? Алоо неговиот играч во случајов Левандовски 3 пати чепна топка во шеснаесетник и даде 4 гола, па земи утепај се психопат еден! Али шо има везе, ќе дојде дуел со Барса, ќе им влезе со мајагери на Меси и компанија, ќе го баци амбелмот, ќе ги провоцира фановите на Барса, и после ауууу Пепе, тооо Пепе

И заслужува да игра само ради тоа?
Иста приказна ко со Рамос, па тоа какви дебили се, страшно нешто!
Играле со срце, бацувале амблени, кур се стресе у ладна вода.
Што е крив Мурињо што Алонсоо незнае да даде еден ебан точен пас на растојание од 4 метра?
Што е крив Мурињо што Кедира е страшно трапав, и креативноста му е испод нула?
Што е крив Мурињо што Озил, го удри славата во глава, и почна да залижува фризури, и да стега стомачно по твитери и такви други глупости?
Страшно е тоа колку нема агилност во Озил!
Што е крив Мурињо што Бензема и Игуаин, се неворојатно смотани и никакво фајде од нив двајца нема?
Ама ејј Гонзало вчера асистенција

се враќа у форма
За Бензема секој збор е сувишен.... Секој ден да тренираш и пак да се здебелуваш стварно треба да си дебил!
Жал ми е само за Роналдо, човекот старее, а неможе да се израдува уште на некоја титула во ЛШ, само ради способностите на другите соиграчи.
И покрај сите недостатоци на дотичните господа што го носат дресот на Реал Мадрид, ипак мислам дека може да се елиминира Дортмунд.
Тоа се дечишта, кои несомнено знаат да го играат фудбалот, кои играат со срце, ама не ко Рамос и Пепе, туку нивното играње со срце има некаков ефект за тимот.
Ама мора на копиљаците во Вторник да им се покаже местото, кој е кој во евроспкиот фудбал и точка!
А Мурињо, па и реално веќе и да се пласира и да не се пласира во финале, треба да си отстапи самиот на крај на сезона. Нека не си ја расипува сопствената слика што ја има пред фудбалската јавност.
Време му е за нов предизвик!