Подолго време не сум на форумов, ама јебига...

Како и да е, крајно сум разочаран од Интер од прикажаното со Јувентус, но морам и да кажам дека не сум баш среќен, шо "чорине" судине, не видоја чист офсајд...
Ама ајде, ми помина неворзата...
Како и да е...
Ова вест сите ќе ве издрадува, вклучувајќи и мене...
"Според британските медиуми претседателот на Интер, Масимо Морати по поразот од Јувентус очигледно му пукна филмот и најавил дека планира преговори со Жозе Мурињо. По неуспехот во Лигата на шампионите и елиминацијата од Ливерпул, следуваше нов шок за навивачите на Интер.
Пораз на Џузепе Меаца од Јувентус по кој најголемиот конкурент за титулата Рома се доближи на само четири бода и трката за шампионската титлува во Италија повторно стана неизвесна.
Наводно претседателот на на клубот Морати бил многу бесен по натпреварот и најавил дека под итно мора да се сретне со португалскиот тренер Мурињо за да започне преговори околу ангажманот во клубот од следната сезона.
Лондонски Обзервер тврди дека Морати веќе контактирал со менаџерот на Португалецот и дека во текот на оваа недела може да се очекува средба на која би се разговарало за понудата, Мурињо да седне на клупата на Интер.
Иако Морати најавуваше дека цврсто стои зад Манчини особено по неговото најавување за повлекување и дека имаат заеднички цели кои во иднина треба да се реализираат, серијата неуспеси го премисли првиот човек на клубот од Џузепе Меаца."
Се надевам дека ќе дојде шо мојт побрзо...
Шо се однесвит до мене, сега нека дојт и нека го има првото деби против Лацио...