Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
А тоа што тој дел е ИДЕАЛЕН и е на среде - Капиштец, Центар, Карпош, Тафталиџе, Стадион, Водно... не се важи а?
Битно сељаци живеат таму или купиле стан.

Еве ја да имам пари таму би купил стан огромен... сељак сум ја од село?
Па ако фрлиш пари за тој потег каде што комшијата прозорот на неговата зграда од твојата зграда е 2 метра . И каде што еден да паркира лошо амин вадење кола додека не се појави фраерот. Каде што нема метар зеленило.И на такво место предвидено за куќи никнаа 6 катници да фрлиш над 1200 евра квадрат за да живееш во зграда треба или да си стварно глуп или да си селјак*.
*селјак ти е ментална матрицаа не место на раѓање.
П.С Врска немаш што е идеален дел.
 
Ова се ставови кои ги извадив и нумерирав од твојот пост.
Мислам дека недостасува уште едно тврдење:
Да немаше зонско, јас никогаш немаше да се вработам во ЈП Градски паркинг

Не само што се вработив добив и раководна позиција, станав директор. Се познаваме? Не би одел понатака, прочитај ги мислењата на Лион се поклопуваме за ова во поголем дел. Сакаш ли да ти нацртам дека подржувам наплата на паркинг во центарот на градот.
 
Не ми е јасно како ќе прави референдум за дислокација ан спомениците ?! Дали само жителите на центар се прашуват тука што како или :facepalm: Стварно некои политички изјави се да се крстиш.
 
Не се познаваме....
Но сега е јасна причината за твоите ставови - Pro domo sua
 
DSC00256_zps69e2624e.jpg

Кривичен суд - по мене меѓу најубавите објекти од проектов.Заедно со театарот.
 
Убав е стваро, и баш како што треба да изгледа еден суд, достоинствено и моќно, а на некоја лимена зградичка. Еве дел од омразениот проект кој мене лично многу ми се допаѓа. Ептен би ми било мерак да работам во оваа зграда :)

Всушност секаде во светот судовите се прават во ваков, неокласичен стил.
 
Не ми е јасно како ќе прави референдум за дислокација ан спомениците ?! Дали само жителите на центар се прашуват тука што како или :facepalm: Стварно некои политички изјави се да се крстиш.

Па за тоа што се наоѓа на територија на општина Центар, да, може да се прашаат ѓраѓаните на општината и тие се најповикани. Плус мислам дека е јасно дека дислокација на некој од спомениците ќе биде супер решение. Ем ќе се ослободи простор, а и другите градови ќе се подноват малку. На пр. Самоил во Охрид, Гемиџии во Велес и сл.

И јас мора да го пофалам судот, стварно личи за намената :)

А за паркингот, во самиот строг центар, да, треба да се плаќа ама само таму. Ние жителите на Центар (еве конкретно во Дебар Маало) плаќаме годишна цена за паркинг која не е преголема, ама не вложиле ништо за да ни наплаќаат. Затоа и повеќето улици ги направија едносмерни за да можат да нацртаат линии за паркирање.
Не ми се верува како до последниот ден пред вториот круг нудеа као некои 10ци поволности за паркирање. И мислам дека идејата на новиот градоначалник е жителите на Центар да се паркираат бесплатно во Центар, не други..
 
Конзервативци, конзервативци, конзервативци, конформисти...:rolleyes:

Што му фали да биде кривичниот суд ваква зграда?

ziggy-stardust.jpg

Ќе биде најкул суд во цел свет.
 
Почнала реконструкцијата на фасадата на Владата. Извор кајгана портал. Да даде „севишнион“ да се струполи по месец дена од изградба...
По можност заедно со вработените.
 
Не ми е јасно како ќе прави референдум за дислокација ан спомениците ?! Дали само жителите на центар се прашуват тука што како или :facepalm: Стварно некои политички изјави се да се крстиш.
Ако има референдум, нормално е да биде само на територија на Центар. Сепак таму има највеќе споменици и сосема е нормално само жителите на таа општина да одлучат дали сакаат споменици или не. Е сега муабетот е следен. Дали во референдумот ќе се опфатат само спомениците или и барокните градби за кои се сече и уништува зеленилото, кое и тоа како е потребно за еден густ сообраќај. Друго прашање се поставува колку ќе биде моќен Жерновски да го распише референдумот од аспект на подршка на советници и законски можности итн итн.
 
Не само што се вработив добив и раководна позиција, станав директор. Се познаваме? Не би одел понатака, прочитај ги мислењата на Лион се поклопуваме за ова во поголем дел. Сакаш ли да ти нацртам дека подржувам наплата на паркинг во центарот на градот.
Браво за тебе и честитки...се надевам дека си ги реши животните прашања и сега можеш да накрвиш капа...

А тоа што на авторот му се кршат правата никој не го занима. Ова е невидено што се случува. Не знам зошто само имаме правен систем, кога никој не го почитува.
Инаку фирмата на син му е супердлабоко врзана со власта и не им беше проблем да го „убедат“ да се откаже од авторството....не вреди земјава да постои со вакви „луѓе“...
 
Инаку фирмата на син му е супердлабоко врзана со власта и не им беше проблем да го „убедат“ да се откаже од авторството....не вреди земјава да постои со вакви „луѓе“...
Не знам за фирмата на син му, но он во сите интервјуа кои ги дава вели дека правото му е прекршено, дека ќе ги тужи, не е консултиран. Иронијата да биде уште поголема, објавата на новата фасаса беше вчера, на светскиот ден на авторското право, а притоа правата на авторот како да не постојат. Кој е овој правен систем, кога она кое законски го имаш заштитено, некој самоволно го одзема и се става над истиот тој закон.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom