Сам си ги омаловажуваш титулите, па после се лутите другите кога викаат вака така.
А Димитар, твоето мислење го ценам, ама сме имале и порано dream team,па сто години не можевме да освоиме титула. Така да, дури не ја изгубиме титулата во серија А, го подржувам Манчини!
Поздрав ИНТЕРАШИ!!!!!
П. С. Не формирам фракција во фан клуб Интер хехе
Hogar , ке ти направам една интересна споредба , како се осекаше пред натпреварот со Лацио во сезоната 2001/2002 , што ке правеше во случај Интер да тепаа , какво значење ке ти имаше таа титула во првенство со Јуве , Милан , Рома , каде немаше казни , префрлања у други пониски ранг натпреварувања и тн и тн , и кажи ми како се осекаше кога ја освоија титулата во сезоната 2006/2007 , јас искрено многу добро се секавам на двата момента , знам кога беше сезоната 2001/2002 ги знаев сите утакмици на памет , знаев кој на кој начин постигнал гол , го знаев секој ебан резултат и стрелец на гол на натпреварите и тн и тн , тоа ми било најемотивната година со Интер зашто го гледав начинот на кој се борат за титулата , беше феноменална година за мене како фан на Интер ( стигнаа до полуфинале и во Купот на Уефа ), цело време ми се вртеше дуелот со Лацио , цело време повторував леле ако тепаат леле што ке биде и тн и тн , таа титула ИМАШЕ ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ , но за ебана жал ја изгубија и знам како им беше на сите вистински фанови на Интер ( не помагаше ни вода со шеќер ни B6 ни ништо ).
А онаа од минатата година ја '' прославив '' уште во Август пред да почне првентсвото , тој афтер ефект на Калчополи
сеуште трае , Јуве сеуште не е компетентен , Рома игра се подобро и подобро ( константоста и искуството на одредени играчи им е сеуште проблем кој од наредна година ке биде искоренет ) , Милан ке се засилува наредна сезона и тн и тн така да од наредната сезона почнува 2001/2002 повторно за мене , искрено и едвај чекам да заврши оваа сезона , оваа сезона и претходната само ги гледав и гледам како отскочна даска Интер да стане тим со квалитетни играчи , квалитетна игра , т.е. да стане тим кој ке атакува со
начинот на Игра и кон титулата во Лигата на Шамппионите , тим за кој после секоја победа медиумите ке пишуваат Феноменална игра , сосем заслужена победа и тн и тн ни судии ни силувана Игра со победа ради индивидуални потези нит ништо , Интер е може име , голем клуб , но ако го оценувам со играта која ја прикажува , 1/8 финале во Лига на Шамоиони е најголем дострел , а во Серија А ( истата во најако светло ) меѓу првите четири но не и Прв ,т.е. ако го оценувам според играта истиот е далеку од еден Манчестер , Реал , Барса , дури и Рома , ај бидете реални , со ваква игра се надевавте на Москва , дај бе бар не фантазирајте , реков јас едно е да се надеваш , друго е да фантазираш , знам , надежта последна умира али и истата има свои граници кои ги нарекуваме реалност а истата ( реалноста ) мене ми говореше уште пред првиот меч со Ливерпул чао чао Лига на Шампиони . . . нека ви текне ја , Диме и уште неколку души од форумов што говоревме за двомечот со Ливерпул , едноставно 80 % бевме сигурни дека ке изгубиме баш поради тој фамозен начин на игра , така да оваа елиминација од Лигата на Шампионите нит е некое изненадување за мене нит некое големо разочарување зашто со истото месеци уназад се помирив .
Да те потсетам на составот во 2001/2002 , тоа беше дрим тим ? Тоа беше просечен состав кој на мое огромно изненадување се бореше за Титулата .
Постов беше само колку да те уверам дека титулите освоени од Манчини беа токму поради тој ефект , нормално позитивен , што Интер го доби од Калчополи така да не дека ги омаловажувам титулите , али секој фан на Интер знае како се осекал во 2002 а како сега при текот на првенството и при неговиот финиш .
Коинциденција е што три години по ред Манчини испаѓа во раните нокаут фази од Лигата на Шампионите , сеа некои од останативе фан клубови ке кажат , па да таму судиите судат реално , не е тоа проблемот , Интер и без судиите пак ке ја освоеа Серија А и минатата и оваа сезона ( иако за истава е многуу рано да се говори , што е уште еден Минус за Манчини што истото го дозволува ) , моментот е Калчополи и епилогот од истиот кој егзистираше и ке егзистира уште оваа сезона во Италија , момент кој надвор од Италија т.е. во Европа не постои и каде се гледа вистинското Лице на Манчини , каде се гледа вистинската сила на Интер .