Keepitreal
И сега ?....
- Член од
- 18 септември 2012
- Мислења
- 386
- Поени од реакции
- 371
Сигурно дојде до забуна .. Мене да, не ми се важни парите или „името“ на фамилијата на партнерот. Тоа ми е најмалце важно. Да е јасно .Анчо, арно сфаќам дека се омажила од љубов, ама 12 години зошто останува таму?
--- надополнето: 22 април 2013 во 18:53 ---
Рече дека не ти се важни материјалните и интелектуалните имања и способности на партнерот.
Со тоа си правиш проблем од старт (можеби по грешка тебе те цитирав, не знам).
Ќерка му на Анчо е омажена во неписмена фамилија (не мислам на високо образование, мислам на културни знаења и еманципација), а самата таа е израсната во нормална фамилија, со нормални и вредни родители, образована е и способна.
И кажи ми, како да биде таа среќна, кога маж и за ташак не го бива (нема изговор ,,нема работа,,. Работа има, можеби не таква каква што заслужува, ама за да си го прехрани детето и канали ќе копа ако треба, а не жена му за сите да работи), свекорот и свекрвата не можам да ги споредам со луѓе, кој знае колку и е тешко што нејзините родители и ги издржуваат децата?
Љубовта не е доволна. Мораат партнерите да си одговараат на многу повеќе нивоа, за да можат да опстанат заедно. И мање-више среќно.
Јас попрво и послатко би јадел од тегла ајвар и леб домашен со саканата и децата до мене.
Отколку скаришта во скапи ресторани и на масата нешколовани родители на партнерот ( зборам за онаа другата школа не материјалната ) кои имат полни очи гнев кон мене и кон моите деца само заради тоа што таткото на тие деца бил од сиромашно семејство или како што они мислат „ Неугледно“ ..
Но што праиме еден ден коа ќе сврте тркалото, а ќе сврте кад-тад ?
Пошто денес во оваа општество ако немаш скап ( зборувам за повеќе од 20 илјади евра автомобил ) автомобил, ако немаш викендичка и ако немаш куќа на 3 спрата тоаш ти си
1. Нешколован
2. Неугледен
3. Уличар
4. Причина за оговарање кај богатите комшии
5. Во некои случај нечист ( некапен )
6. И забора на почит од нив
Дали се причините само затоа не си носел НИКЕ, не си пиел скапо вино или пак не си возел скапа кола ?