Пред да започнам да пишувам ве замолувам да не тролате. Фала многу.
Едноставно повеќе неможам да се пронајдам самиот себеси, се чувствувам безвредно, имам некоја смотана самодоверба на ниско ниво која ми прави да се чувствувам глупаво. Пред некое време бев премногу комуникативен со сите, едноставно ширев позитивна енергија, но сега се ми пречи, се ми е здодевно, повеќе не сум тој што бев. Пред само 7 месеци имав совршен говор со било која девојка, а сега ми е срам да им пријдам бидеејќи се плашам да не кикснам нешто, или пак да ми ги тресне корпите. Можеби интернетот е причината за ова, секојдневното седење по форум и допишување!? Кажете дали му се случило некому и ако некој знае да помогне ви благодарам однапред