Брза промена на карактерот

Член од
6 април 2013
Мислења
357
Поени од реакции
302
Пред да започнам да пишувам ве замолувам да не тролате. Фала многу.

Едноставно повеќе неможам да се пронајдам самиот себеси, се чувствувам безвредно, имам некоја смотана самодоверба на ниско ниво која ми прави да се чувствувам глупаво. Пред некое време бев премногу комуникативен со сите, едноставно ширев позитивна енергија, но сега се ми пречи, се ми е здодевно, повеќе не сум тој што бев. Пред само 7 месеци имав совршен говор со било која девојка, а сега ми е срам да им пријдам бидеејќи се плашам да не кикснам нешто, или пак да ми ги тресне корпите. Можеби интернетот е причината за ова, секојдневното седење по форум и допишување!? Кажете дали му се случило некому и ако некој знае да помогне ви благодарам однапред :confused:
 
Моментално е, ќе ти помине. Мисли на други работи, ќе почнеш да забораваш и ќе се вратиш во нормала за неколку дена.
 
Како бе 5 дена седење на форум влијаеше на твојот карактер?:вонзем:
 
Како бе 5 дена седење на форум влијаеше на твојот карактер?:вонзем:
Член сум на друг форум веќе 3-4 години, овој ми е поинтересен па затоа се "преселив".
--- надополнето: 21 април 2013 во 21:14 ---
Моментално е, ќе ти помине. Мисли на други работи, ќе почнеш да забораваш и ќе се вратиш во нормала за неколку дена.
Веќе 2 недели истото е, не е само неколку дена :(
 
Изгледај го Hitch еднаш набрзинка, че помини :)
 
Пер, остај го интернетот, заситува многу понекад. Заситува у поглед на тоа дека ти гради виртуелна слика дека созреваш и имаш некаков вид на комуникација. Интернетот точно до некоја точка е топ за користење, но после тоа го затупуе мозокот. Подобро фати читај книга некоја, поише ќар имаш од тоа на долги стази.
 
другари братче другари :cool: дружи се остај го интернетот, после неделно попладне поминато заедно со друштво ти нема шанси во понеделникот да не шириш позитивна енергија околу тебе, така ти е и секој друг ден.
дефинитивно кај тебе е проблем интернетот, ако поминуваш секој ден по 3 саати по форуми немој да го бараш проблемот на други места, таквата практика ти ја отргнува сликата за реалноста и затоа така се чуствуваш.
ја би ти препорачал да си ги заебеш сите профили што ти се по форумиве и доста време да поминуваш надвор, кога ќе посакаш да видиш што има ново на интернет наместо тоа ти иди да видиш што има ново у малоо кај тебе. незнам поинаку како да и опишам, дружи се со реалноста, а не се дружи со компјутерот, компјутерот користиго само кога мораш (y)
 
убаво погоре некој ти рече дека ова е само таков период и тоа не значи да трае само неколку дена, може ќе потрае неколку недели или некој месец ама ќе помине. биди оптимист.
и ако мислиш дека тоа ти е од интернетот тогаш не седи многу на форумиве, на фб и сл.
ама јас сепак мислам дека нема баш голема врска ова со интернет. ако беше така сега сите ќе бевме тупи, со пола мозок, немаше да знаеме да комуницираме во реален свет.....
 
Ниту ти се променил карактерот, ниту ти е од седење на интернет. Едноставно проаѓаш низ некој период кој може да биде пократок или подолг, зависи. Ништо страшно.
 
Карактерот може да се смени, ако околината влијае врз него. Ако се однесуваш со сите добро, а тие се однесуваат прилично гомнарски, тогаш автоматски ставаш прст на глава и со таквите се однесуваш на таков ист начин.
Но, кон останатите си остануваш ист. Подлогата е таа, останатото варира. Ќе се пронајдеш, кај и да е.
Ако те видам дека пиеш некаде, разочаран од општеството, нема да те судам, ќе знам дека си ти :)
 
Едноставно повеќе неможам да се пронајдам самиот себеси, се чувствувам безвредно

Па се познава тоа.....уште никот кога ќе го прочита човек.....Тоде Гранката.......
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom