Вакцини (општа дискусија)

Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Има ли некој примено вакцина за хепатитис Б?Ако има некој таков може ли да ми каже колкав титар антитела има створено и колкав временски период е заштитен од хепатитис Б?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Italian court rules MMR vaccine did trigger autism

8 May, 2012

By Staff Writer
NYR Natural News
Natural Health News — An Italian court has ruled there is a link between the MMR vaccine and autism.
In what may be a ground-breaking decision, the Italian Court of Rimini has ruled that causation between an MMR vaccine and the resulting autism in a young child “has been established.”
The unnamed child received the vaccine in March of 2004 and on returning home immediately developed adverse symptoms. During the next year the child regressed, receiving the autism diagnosis one year later and is now 100% disabled by the disease.
The Italian court ruled that the child “has been damaged by irreversible complications due to vaccination (prophylaxis trivalent MMR)” and ordered the Ministry of Health to compensate the child with a 15 year annuity and to reimburse the parents of their court cost.
The judgement can be found in full here and the original news report in Italian appears here. A rough Google translation appears here.
The case is expected to go to appeal as authorities are concerned it may set a legal precedent.
Not the first judgement against the vaccine
This, however, is the second recent judgement to come to this conclusion. Earlier this year a US court also ruled that the MMR (measles, mumps, rubella) vaccine can cause autism.
In a ruling that kept very quiet in the press, the US Court of Federal Claims has conceded that the mercury-based preservative thimerosal, which was in vaccines until 2002, caused autism in the case of one child.
The ruling was just one of 4,900 cases currently being considered for compensation payments. Health officials are concerned that it could open the floodgates for even more claims.
The ruling, made by US Assistant Attorney General Peter Keisler, was made last November, and was one of three test cases into the MMR-autism link that was being considered by a three-member panel, which Keisler chaired.
The case involved a child who received nine vaccinations in July 2000, when she was 18 months old. Two of these contained thimerosal. Within days, the girl, who had previously been healthy, began to exhibit loss of language skills, no eye contact, loss of response to verbal direction, insomnia, incessant screaming, and arching.
A diagnosis of autism was confirmed seven months later.
In its defence, the US government claimed the girl had a pre-existing mitochondrial disorder that was aggravated by the vaccine. However in his conclusion, Keisler said that “compensation is appropriate”.
Too much heat, not enough light
Both findings would appear to support the controversial findings of Dr Andrew Wakefield who, in 1998 published an article in the Lancet suggesting a link between the vaccine and autism. Official reaction to the paper was of such force and such outrage that the Lancet withdrew the paper on the grounds that it was scientifically unsound.
Wakefield has been in a battle for his professional reputation ever since and the question of the proposed link between the MMR vaccine and autism has been largely sidelined (though not solved) by bitter and very public professional rows that have done little to bring clarity to concerned parents.
Read more here.

http://www.nyrnaturalnews.com/chemicals-2/2012/05/italian-court-rules-mmr-vaccine-did-trigger-autism/
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Да не дозволиме да земат замав антивакцина-кампањите што се појавија и кај нас зашто ќе се вратат искоренетите заразни болести ако се намали опфатот на имунизација. Родителите што одбиваат да ги вакцинираат децата се казнуваат со 500 евра, а околу 200 лица се на судзашто одбиле различни видови вакцини - предупреди д-р Јованка Kостовска, од секторот за примарна заштита.
Дневник
Под мотото Заштити го светот вакцинирај се" од 22 до 27 април годинава во Македонија по осми пат се одржува Европската недела на имунизација. За таа цел во недела на 21 април во 12 часот во Градскиот парк ќе се одржи забава за децата, но и едукација на родителите преку брошури.
Вечер
....................................
Докторката на сликава,



изјави дека секој што нема да го вакцинира своето новороденче, му следува казна од 500 евра.

Но заканата не е поради тоа што женската варијанта на д-р. Менгеле е "загрижена" за здравјето на вашето дете, туку се работи за следново:

1. Профит и само профит

Ќе наведам пример од работа со лекови во аптеките.
Можеби сте приметиле кога сте купувале антибиотици, продавачите-фармацевти ви се обраќаат со овие зборови:

А дали имате Б-комплекс?
- Не.
А дали знаете дека со антибиотици заедно е препорачливо да се пие и Б-комплекс?
-Првпат слушам...
Да, да! Според најновите истражувања се препорачува со антибиотици да се пие и Б-комплекс! Сакате едно пакетче?
- Добро...дај ајде...
Но работата е во тоа што на Б-комплексот кој го има во залихи, му се ближи крајниот рок, па аптеката(нема да ја именувам) сака побрзо да се отараси од него.
Освен тоа, продавачите добиваат ваучери и парични награди од фармацевтските компании ако ги форсираат нивните производи со послаб квалитет од конкуренцијата.

Матичните лекари го прават истото.
Лекот што ќе ви го препишат зависи од тоа со која фармацевтска компанија лекарот има склучено неофицијален договор - ова лекарите го прават надвор од Министерството за здравство, за тој потоа да си добие бонуси.

2. Агенда на Светската Здравствена Организација:

Вакцинирај, и со тоа убивај.
Можеби ви звучи чудно и си велите како може СЗО која се грижи за здравјето на луѓето, да го прави спротивното?

Во СЗО инвестираат тн. Филантропи како Џорџ Сорос и Бил Гејтс, кој пак има кампања занамалување на светската популација, заради намалувањето на глобалното затоплување?!?
Каков интерес имаат со тоа што ќе убиваат и осакатуваат луѓе, не знам.

Но знам дека мои пријатели-доктори, ми рекоа да не се брзам со вакцинација на детето.
Исто така ми рекоа дека докторите избегнуваат да ги вакцинираат своите деца, вклучувајки ја и гнасата од сликата погоре(ако воопшто има деца).

Јас можеби сум лаик и "нестручно лице", но знам да соберам 2 со 2.

Знам дека новите пратки на вакцината ДТПР содржат жива во количини што предизвикуваат аутизам и други нервни нарушувања.
Аутизамот е енормно, велам ЕНОРМНО зголемен во последните 10 години.
--- надополнето: 20 април 2013 во 04:03 ---
HPV вакцината
наместо да спречи рак на матката – стерилизира и предизвикува рак.


Оваа вакцина порано се плаќаше 450-500 евра, но сега е бесплатна и законски задолжителна?!?!? Ајде бе.
Во Македонија отплилика 40% од девојчињата од поновата генерација имаат проблеми со менструацијата и им се јавуваат цисти.
Оние невакцинираните немаат никакви проблеми.

Во 2010 во Македонија се крена паника за свинскиот грип.
Владата нарача околу 70000 вакцини француска компанија по 3 евра парче.
Се вакцинираа околу 10000 несреќници, паниката помина, а вишокот остана во фрижидерите.

За крај, никој не може да ме натера законски за внесувам ваква или таква храна, па богами и не може законски да ме натера да внесувам отрови во своето тело или уште полошо,
Да го трујам своето дете.
Овој антихуман закон со кој што се казнува ако не го однесеш детето да го прими отровот, е донесен по препорака на ЕУ за усогласување со нивните стандарди...
200 лица се гонети заради тоа што одбиле да си ги трујат децата... Казната 500 евра.
Има ли некои од нив на форумов?
Би сакал да слушнам нивно мислење, а и мислење од форумџиите, споделување линкови и сл.

Очекувам пристојна дебата овде, зошто лесно е да го земеш далечинското, да пуштиш вести и да го оставиш мозокот на перење.
Но потешко е да прочиташ стотици статии, истражувања, да го употребиш мозокот и да оформиш мислење врз база на тоа.

Јас моето накратко го образложив, барем не апелирам за морничави собиранки од типот:
Ајде да пееме, да се забавуваме и да се боцкаме...



Македонија ја одбележува Европската недела на имунизација од нејзиното воведување пред осум години од Светската здравствена организација.
Постот беше едитиран затоа содржеше навреди. Не е докторката која ја дала изјавата одговорна, казните се предвидени во законот за здравствена заштита.
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
За токсикологијата, тешките метали во лекови и остали препарати постои толку строга контрола на квалитет што само некој намерно може да пушти серија со контаминирани вакцини, ова за живата мислам.

Инаку, ко мал ме вакцинирале како мене така и моиве врсници по протоколот и како што знам до сега никој немал посериозен здравствен проблем.

Непроверени вакцини не смејат да се пуштат во употреба, а ако некој потпише дека се исправни, а не се, ондак убави парици зел и треба да се спали на клада. Всушност нашата медицина стана бизнис и тоа е светски тренд, да се препорачуваат лекови, додатоци, водици, иљачи и слично.

Но, имунизација на население, според мене мора да се спроведе, оти некој имунолог си го тупел мозокот да го открие механизмот на делување на вакцината со години и подобро да му верувам на него, отколку на некој теории на заговор. Но, имунизација со проверени вакцини.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Но, имунизација на население, според мене мора да се спроведе, оти некој имунолог си го тупел мозокот да го открие механизмот на делување на вакцината со години и подобро да му верувам на него, отколку на некој теории на заговор. Но, имунизација со проверени вакцини.
Работата е тоа што кај нас никој не врши испитување.
Нашите ги земаат препораките на СЗО здраво за готово, врз база на "жими мајка добри се"
Ова не се никакви теории, туку истражувања од лабаратории и доктори, кои не излегле во јавност.

Кога ќе ти умре детето од детска парализа утре ќе пееш друга песна.
Па вакцинирај си го детето, второпостирачу, ти си одговорен за него.
Но прво пробај ја вакцината против свински грип на тебе
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Работата е тоа што кај нас никој не врши испитување.
Нашите ги земаат препораките на СЗО здраво за готово, врз база на "жими мајка добри се"
Ова не се никакви теории, туку истражувања од лабаратории и доктори, кои не излегле во јавност.


Па вакцинирај си го детето, второпостирачу, ти си одговорен за него.
Но прво пробај ја вакцината против свински грип на тебе
Да не беше бившата жена на Џим Кери ти немаше ни да знаеш што е вакцина. :pos:
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Малку моронски и неинформирано е да се каже дека вакцините се само фармацевтските фирми профит да прават, кога не е така, тие ќе бидат среќни ако од вкупниот профит вакцините фигурирале со 1-2%.
Земи чисто математички, бројот на вакцини и бројот на вакцинирања во текот на животот е горе долу фиксен,чисто за аргумент да речеме 10 пати во животот, тоа не е никаков профит.

Они профит прават од лечење хронични болести, имаш дома некој со висок крвен притисок? Од првиот ден кога е дијагностициран до крајот на животот, тој ќе мора секој ден да пие по едно апче за да го котролира притисокот. Далеку поголем и поредовен профит отколку со 10 вакцини распоредени низ првите 18 години од животот. А да не спомнувам колку се троши на антидепресиви и аналгетици, има луѓе што неможат да поминат без да земат едно диазепамче во денот.
Хронични болести, таму е профитот. болести кој, сакал нејкел мора да ги лечиш ако сакаш да живееш.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Па вакцинирај си го детето, второпостирачу, ти си одговорен за него.
Но прво пробај ја вакцината против свински грип на тебе
Еве и од мене, вакцинирај си го детето.
Колку да не фати детска парализа(полио).


Голема Сипаница (Вариоа Вера)


Дифтерија


Детски тетанус


Студии за поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот.

Бонус совет, ако некогаш сте облекле фармерки нема потреба да се секирате за живата во вакцините. ;)
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Работата е тоа што кај нас никој не врши испитување.
Нашите ги земаат препораките на СЗО здраво за готово, врз база на "жими мајка добри се"
Ова не се никакви теории, туку истражувања од лабаратории и доктори, кои не излегле во јавност.
Значи да разграничиме, ти не си против вакцините (онеспособени батковци што треба да направат да стекнеме имунитет за одредени антигени), туку против штетните носачи, полнители во вакцините? :)

Ако е така и ја се сложувам, не смее да се дозволи и да се направи пропуст да се најде жива или некој друг токсичен елемент во носителот на вакцината.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.151
Поени од реакции
34.682
VOLK2234 за пофалба е иницијативата за дискусија на оваа тема. Јас лично сум многу против злоупотребата на вакцините како голем бизнис, но морам да те критикувам за ставот на целосна апстиненција.

Некои вакцини едноставно МОРА да се земаат. ПОЛИО, ГОЛЕМИ СИПАНИЦИ, ТЕТАНУС... Шансите детето да дојде во контакт со овие вируси се реални, а последиците се катастрофални.
Тоа за што треба да се разговара е квалитетот на тие вакцини, зошто има и многу поквалитетни вакцини каде носителот не е на пример белка од јајце.

Разно-разни вакцини за грип, HPV (има над 17 видови HPV , за секој одделно ќе ги вакционираме децата?), настинка, стомачни вируси (верувај ги има, во Британија ќе почнат да ги ставаат како задолжителни)... е тоа се страњата кои без потреба масовно се бутаат на народот и тука фармацевтската индустрија прави големи пари пошто добар дел се сезонски вакцини кои добро се дилаат.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Добро, дали вие хипиците сте свесни каква штета им правите на другите луѓе со невакцинирање на вашиот окот? Доведувате во ризик еден куп луѓе затоа што верувате во теории на заговор напишани од луѓе кои шетаат со фолија на глава. Содржината на жива во вакцините е толку мала што нема апсолутно никакви штетни ефекти, освен оние кои ги измислиле родителите на аутистичните деца затоа што не можат да се помират со тоа дека детето им е со таква состојба. Аутизмот е "во пораст" затоа што се подига свеста, полесно се препознава пореметувањето, а со тоа и се откриваат повеќе случаи. Исто како и со било која болест за која се подига свеста и нема апсолутно никаква поврзаност со вакцините кои се примаат против полио, тетанус, туберкулоза итн. Нема ниедна студија од релевантен центар која покажува дефинитивна поврзаност на вакцините со овие болести погоре напишани.
Чисто како пример, познаници во САД не ги вакцинираат децата против ништо заради истиве идеи дека вакцините се штетни. Децата добија магарешка кашлица (против што има вакцина која нема баш никакви нуспојави) и кашлаа цела година. И како тоа придонесува за нивното здравје наспроти вакцинирањето кое докажано придонесува?
Секој пат кога ќе добиете идеја дека е многу добро да не се вакцинираат децата, ѕирнете ги сликите Сталкерот што ги постираше, чисто да видите каква штета може да им направите на своите деца, а и на општеството со своите избори донесени врз основа на измислици и толкување на работите од луѓе кои нецелосно разбираат она што прочитале во неделен весник.
 
B

Bafra

Гостин
Добро, дали вие хипиците сте свесни каква штета им правите на другите луѓе со невакцинирање на вашиот окот? Доведувате во ризик еден куп луѓе затоа што верувате во теории на заговор напишани од луѓе кои шетаат со фолија на глава. Содржината на жива во вакцините е толку мала што нема апсолутно никакви штетни ефекти, освен оние кои ги измислиле родителите на аутистичните деца затоа што не можат да се помират со тоа дека детето им е со таква состојба. Аутизмот е "во пораст" затоа што се подига свеста, полесно се препознава пореметувањето, а со тоа и се откриваат повеќе случаи. Исто како и со било која болест за која се подига свеста и нема апсолутно никаква поврзаност со вакцините кои се примаат против полио, тетанус, туберкулоза итн. Нема ниедна студија од релевантен центар која покажува дефинитивна поврзаност на вакцините со овие болести погоре напишани.
Чисто како пример, познаници во САД не ги вакцинираат децата против ништо заради истиве идеи дека вакцините се штетни. Децата добија магарешка кашлица (против што има вакцина која нема баш никакви нуспојави) и кашлаа цела година. И како тоа придонесува за нивното здравје наспроти вакцинирањето кое докажано придонесува?
Секој пат кога ќе добиете идеја дека е многу добро да не се вакцинираат децата, ѕирнете ги сликите Сталкерот што ги постираше, чисто да видите каква штета може да им направите на своите деца, а и на општеството со своите избори донесени врз основа на измислици и толкување на работите од луѓе кои нецелосно разбираат она што прочитале во неделен весник.
А ти зашто се плашиш од невакцинираните кога вакцините викаш ве штитат ????
Како тоа моите 2 деца кои се невакцинирани се опасност за другите. Досега немале здравствени проблеми (фала му бога) , за разлика од децата на 99% моите пријатели.
ТИ слободно ставај си жива, алуминиум, вируси , ама не ми наредувај за моите деца.

Тие РЕЛЕВАНТИ ЦЕНТРИ кои секогаш ги спомуваш/те колку пати до сега повлекоа лекови и признаа дека биле ШТЕТНИ и со огромни негативни последици за луѓето !!!! Производителите беа казнети со милионски суми а имаше и англиска фирма со казна од Милијарда $.
Само што овие компании додека ги продавале лековите заработиле повеќе од 200 милијарди $$$ :cuc: .

А за сликите што ги постиравте едно само :
Стравот и неинформираноста за некого е многу профитабилна работа.

Камо среќа да трошеа време и пари на откривање и отстранување на причинителите на болестите.
Кој сака да ги заебе природните закони, природата скапо ќе си наплати
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Стравот и неинформираноста за некого е многу профитабилна работа.
Камо среќа да трошеа време и пари на откривање и отстранување на причинителите на болестите.
Кој сака да ги заебе природните закони, природата скапо ќе си наплати
Црвеново ептен хипстерски. Тогаш кога ќе качиш температура немој да голташ хемија, парацетамоли и слично, остави на природата да си направи селекција.
Медицината е тука да помогне и да го подобри квалитетот на живот, да знаеш колку имаат постигнато во областа на алергиите и антихистаминиците не си свесен.

Алуминиум хидроксид се користи како носител на вакцина против тетанус и воопшто не е штетен, освен при хронична изложеност.

Секогаш ќе подржам мислење на доктор, отколку некој хипстер што го негира позитивното дејство на вакцините, а притоа е изложен на еден куп мутагени, канцерогени фактори, но ете се фатил за вакцините, друг ќе се фати за флуорот во водата, за јодот во солтта, за електромагнетното зрачење од вселената... Важно да се пропагира нешто, и не сме ние во паника што сме примале вакцини, туку оние што зборат против нив.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom