Хе хе како проаѓа времето во иднина се повеќе и повеќе ќе има синглси ... и денеска ги има но во иднина се повеќе и повеќе ... самиот начин на живот, брз живот, динамика, секојдневни стресови, разно-разни проблеми и мисли, обврски и.т.н. едноставно му го одземаат времето на поединецот и се помалку време преостанува да се мисли на тие работи, плус развиениот индивидуализам и кај машките и кај женските, секој си живее во свој замислен свет и си има свој тип на симпатија, плус критериумите што треба да ги поседува една личност се дигнати до небо и ред други работи кои го прават човека да биде ко зомби т.е. едноставно кажано осаменик ... цел живот ... имало и порано такви, ги има и денеска повеќе од порано, но во иднина ќе ги има се повеќе и повеќе ... најголем број самци се машки, но ги има и женски исто така но во помал број ... и не не зборам за самци кои живеат во некоја планина или запустено село, кои се неписмени и сл. зборам за градски луѓе и со пари и со работа и со образование и.т.н. ... ова веќе прераснува во некаков модерен феномен !
П.С. И мене комотно стајте ме во вашата група на синглси ... проблемот е во тоа што во надворешноста сум премногу мирен т.е. безгласна буква сум, знам само да правам муабети за сериозни работи/теми со луѓето и цел живот се дружам претежно со повозрасни особи од мене кои се веќе уозбилени па и јас се однесувам како нив иако сум млад човек, скоро и да не сум имал во животот другар кој ми бил врсник или пак да бил помал од мене, туку се сум се дружел со повозрасни од мене, башка физикусот/изгледот ми е ептен слаба страна ЈБГ а девојкиве ептен се пребирливи околу тоа !