Дали е возможно формирање на економска унија на (балканот,истокот,медитеранот)

  • Креатор на темата Креатор на темата demjan lacky
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Возраст
36
Седејки така дома без работа слушајки вести ЕВРОПА ЕВРОПА ЕВРОПА ми падна на ум зашто ние тука да не си направиме европа у која ние ке бидеме главни,ако на времето југославија му пркосела на светот зашто сега обединетиот балкан не стане најдобро место за живеење,зарем се уште се нема родено лидер на балканов со светски свакања кој гледа балканска мокна унија,а не буре барут.
Од тоа што го имам слушнато сите од Бугарија,Романија Македонија па и Албанија се селат, за подобар живот и за подобро утре на своите деца но до кога ке оди тоа така...?
Впрочем кога подобро ке се погледне сите мокни држави се всушност групации или унии
-САД,ЗНД,Велика Британија
Германија се сосотои од покраини кој пред 100-150 години биле разединет мали државички која секој теглела на своја страна а денес е мегу најсилните држави на светот
сличен е случајот и со кина,индија ,шпанија
Не сакам да бидам погрешно сватен не сум ниту југоносталгичар ниту србоман но зошто упорно сакаме да влеземе во некоја унија во која ке ни ги диктираат тие правилата,а не можеме да си направиме ние повторувам ЕКОНОМСКА УНИЈА НА БАЛКАНОТ
 
Многу тешко, речиси невозможно. Затоа што едноставно балканските банана државички немаат економска независност,туку се во должничко ропство на западот. Економски сме зависни од нашите господари северозападно од Сава и Дунав. Немаме моќ да се спротиставиме на јаките економии што нас не цицаат како сиромашна колонија ...
 
како што веќе спомна николамкд91, ние немаме ни капка економска независност, за да помислиме на некоја си балканска унија.
 
Седејки така дома без работа слушајки вести ЕВРОПА ЕВРОПА ЕВРОПА ми падна на ум зашто ние тука да не си направиме европа у која ние ке бидеме главни,ако на времето југославија му пркосела на светот зашто сега обединетиот балкан не стане најдобро место за живеење,зарем се уште се нема родено лидер на балканов со светски свакања кој гледа балканска мокна унија,а не буре барут.
Од тоа што го имам слушнато сите од Бугарија,Романија Македонија па и Албанија се селат, за подобар живот и за подобро утре на своите деца но до кога ке оди тоа така...?
Впрочем кога подобро ке се погледне сите мокни држави се всушност групации или унии
-САД,ЗНД,Велика Британија
Германија се сосотои од покраини кој пред 100-150 години биле разединет мали државички која секој теглела на своја страна а денес е мегу најсилните држави на светот
сличен е случајот и со кина,индија ,шпанија
Не сакам да бидам погрешно сватен не сум ниту југоносталгичар ниту србоман но зошто упорно сакаме да влеземе во некоја унија во која ке ни ги диктираат тие правилата,а не можеме да си направиме ние повторувам ЕКОНОМСКА УНИЈА НА БАЛКАНОТ
Истиов муабет го тераше Киро Глигоров уште по распадот на Југославија ама тоа ти е џабе некој паметен да зборува кога се идиоти се околу него.
Затоа сега цел балкан ќе трпи за леб.Башка човекот ја спаси Македонија од војна(може да се каже најзаслужен беше), а денес ставаат некои кич статуи на плоштад.

Идејава е одлична за жал се треба во свое време, а идеалното време за претворање на конкретнава идеја одамна замина.

За жал денес односите се уште повеќе заострени, владее немаштија и како што спомнаа погоре зависноста на балканските држави од западот го прави овој план невозможен.

Накратко кажано не им одговара на нив стабилен, просперитетен и силен балкан кој тешко се контролира.
 
Дали мислите дека ако дојде само до идеа веднаш ке бидеме стопирани од западот?
Незнам дали го имате гледано клипчето во кое Киро Глигоров зборува како европјаните им давале незнам колку милијарди долари и политички влез во еу.само да нема војни и да остане југославија една економска целина со 6 независни републики
 
За жал другар нашите политички елити и "граѓанска класа" немаат капацитет за да дојдат до една ваква идеја. Западот нема потреба да стопира една ваква идеја кај нас, затоа што со сегашната политичка консталација во државава ( ако збориме за МК, а верувам дека не е ништо поразлично и во останатите екс Југословенски држави) не дозволува да се дојде до било каква прогресивна идеја ...
 
Дали мислите дека ако дојде само до идеа веднаш ке бидеме стопирани од западот?
Незнам дали го имате гледано клипчето во кое Киро Глигоров зборува како европјаните им давале незнам колку милијарди долари и политички влез во еу.само да нема војни и да остане југославија една економска целина со 6 независни републики
2 миљарди марки (мислам дека таа беше валутата) за да влезат во еу, но зошто би влегле кога Југославија имала буџет од 12 миљарди 6 пати повеќе...
 
Не е возможно само од политички притисок, инаку идејата за Балканска економска унија постои со години. Прво меѓунационалните интереси се испреплетени, секој сака од туѓото - ние сме во најлоша ситуација по ова прашање од сите четири страни. После е Србија која се натега исто со сите комшии. Хрватите се проевропски настроени, Словенците во никој случај нема да се приклучат, бугарите мислат дека се европејски народ, а се дно дна, Романците исто така.
Може Економска унија да бидеме со Албанија и со Косово моментално, онака како што ни го сервира Албанскиот фактор. Се разбира и ова е политички мотивирано за цртање на граници.
Ако Турција има желба да се приклучи, што би и одговарало, тогаш „внатрешната“ размена во сојузот ќе ни донесе брз напредок. Од кога ќе имаш силна внатрешна размена, можеш да станеш и силен фактор за надворешна.
Се разбира невозможно е политички некој да ти дозволи ваков сојуз. Затоа и нема да се случи.
 
За да државите меѓусебно соработуваат, не е неопходно да формираат било какви „ унии “.
Постои договор за слободна трговија, постои ООН, постои Советот на Европа има и други можност.
Според мое мислење сите тие унии се формираат за да се стекне монополисичка положба во однос на трети земји.
Затоа не сум симпатизер ниту на сегашните, ниту на идните „ унии “
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom