На 8ми март според распоредот на италијанското првенство, на Џузепе Меаца гостува Реџина. "Ќе изведеме нешто убаво и весело, нешто што има врска со историјата на Интер" - изјави гордиот претседател на клубот кој на сегашната позиција дојде во 1995та година и од тогаш до денес има потрошено 1,9 милијарди евра на плати за играчите и тренерите, а што се однесува до трансферите на фудбалери има забележано минус од 220 милиони евра.
Кога неможат да му приговорат за игрите и резултатите, противниците на Интер критикуваат дека во тимот има премногу странски играчи.
"Па ние се викаме Интернационале - меѓународно! Во тоа е втемелен духот на клубот. Не само што имаме многу странски играчи, туку имаме и навивачки клубови во целиот свет, имаме навивачи и од Јапонија, Кина и Индонезија,Македонија исто така."
"Сепак срцето ни е во Милано и мислам дека градот дише со нас. Верувам дека Интер преставува убав дух во овој град, што значи негова внимателност, пожртвуваност и тежнеење кон убавина" - изјави Морати за Gazzetti dello Sport.
Сонот на Морати е да стане најтрофејниот претседател во историјата на клубот. Сега за сега број еден е неговиот татко Анџело Морати кој беше на чело на клубот од 1955 до 1998 и освои три шампионски титули во првенството на Италија, двапати го освои Европскиот куп на шампиони и двапати Интерконтиненталниот куп.
Масимо до сега има освоено две првенства, два купа, два суперкупа и Куп на УЕФА, тоа се седум титули кој ги освои синот, но трофеите на таткото се позначајни.