Знаеш што, демографијата е менлива работа. Да не те чуди воопшто ако еден ден се чувствуваш она што јас со години сум се чувствувал во сопствената држава. Мудар бил Макијавели, а уште помудар Ајнштајн кога ја спомнал релативноста, а најмудар е Бог кога рекол дека: "Се е минливо и менливо, освен Господарот твој, Величествен и Племенит!"
Така да џабе е многу кукање и паламудење за нешта кои по природен пат ќе си дојдат на своето место. Кај мене до пред дваесетина години муслиманите беа тероризирани и гетоизирани од власта, така што на прсти се броеја вработените( иако огромен број беа со завршено школо, различни факултети) , а сега веќе сликата е сосема поинаква, ги зедовме сите видни места, управуваме со нашата општина, се е во наши раце, бидејќи ние сме мнозината преку 90%, а останатите не ги фрламе на буништа и тие имаат скоро сите работа, ама во сенка, небитни се за нашето битисување. Значи, нема потреба од војни и слични бакрачи, на културен начин, таму каде сме мнозинство, си ја земаме работата и управата во свои раце. Ако еден ден и на територијата на целата држава, бидеме повеќе бројни, природно е да управуваме и со државата, без оглед на тоа колку вам ви се допаѓа или не.
Впрочем, и вие , а и секој друг на таков начин функционира на овој јаден и минлив свет.