Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 ноември 2007
Мислења
198
Поени од реакции
0
More Syn...
Јас не ти зборвам, за пред 10 години јас ти зборвам за сега...
Гледај шо прат...
Јас не викам дека не му фалит еден таков играч каков Менез или Диего, напротив јас сакам да дојт еден таков играч да сме уште подобри...
Ти го гледаше море на Џузепе Меаца мечот, 1 пречка, 2 стативи, милион шанси!!!
Валенција направи 3 шанси од нив 2 гола...
И тука го загубивме тој натпревар...
А иначе за Анчелоти!?
Шо прајт Милан сеа во моментов со Анчелоти!?
Изгуби дома од Емполи!
Па јас да сум тренет да Милан сигурен сум дека немат да изгубам од Емполи дома...
За Парма...
Не бевме вистина нешо, можит не заслуживме и да победиме... Ама таков е фудбалот...
Со Сиена...
Ти ак го гледаше тој натпревар ќе видеше дека не играше само Ибра...
За Манчини...
Шо сакате викајте за него, ама пак затоа е најдобар тренет во Италија...
Лани и ова година со Милан...
3 натпревари 3 победи! Ти теквит на то, Syn?
За ова шо кажвиз за еден бод дек ќе сме биле со Рома, сигурен си дека Рома само ќе победвит!?
Или пак Интер само дава голови во последни минути... Не не не не!
Рома не дават... А да не зборвам за Милан!!!
Баш Милан ко не отпаднаја во полу финалето за ЛШ, во осмина финалето со Ајакс, Милан даде гол во 93минута... Инзаѓи даде гол...
И за тој натпревар во полу финалето, требаше да дадиме уште еден гол за да одиме во финале, се растури Матринз ама не влегвеше топкана!
Со Рома...
Колку беше резултат последно? Ауууууууу, да 1-4...
Немојте да речите дека играле со црвен дека ак не беше она за црвен не знам кој беше самиот Гули без приговор си излезе...
2001/02 Со лацио игравме така? И ако го победвеме тој натпревар ќе бевме шампиони?
Ама ајде, голем притисок, последен натпревар и паднавме...
И ти Syn, знајш шо е добар навивач!?
Да кажвиш за успесите на тимот а не за неуспесите...
Нормално ќе речиш нешо и против, ама ти упорно и упорно зборвиш само лошо за Интер!!!
Застани малце, то е навивање!?
Ти викаш вака: Aку лани сме освојле титула, зош не сме освојле 2001/02...
Или за лани дан имаше и Рома минус бодој!?
Јас ваков навивач немам сретнато, да навиват за тим а да кажвит само за неуспесите на тимот...

Нема потреба од таков среден ред.
Се е до тактиката.

Ете го Капело, со дефанзивни тактики чуда правеше. Ете го Шустер со дефанзива чуда прави. Зависи до тренерот и тоа каква тактика форсира. Што ако имаш ете таква офанзивно настроена средина, кога нема кој да ги реализира тие шанси кои ги скроиле AM и R/L MF?

Тоа дека имињата на еден Роналдињо, на еден Диего, на Кварезма, Меси, К. Роналдо се позвучни од оние на Диара, Маскерано, Јаја Туре се... и дека сите се палите на такви шпекулации само што ќе слушнете/прочитате и тоа да. Но, во моментов на интер повеќе му треба еден Маскерано отколку Роналдињо.
Имаме играчи кои можат да се снајдат и кога не играат на природната позиција. Имаме лев бек кој игра DM, AM кој игра лев бек, десен бек кој игра DM... се е тоа ради формацијата која ја форсира Манчини. Немаме креативен среден ред, ок ама затоа имаме едни од најдеструктивните и најробусни играчи од овој дел на теренот. Гинат на терен, даваат се од себе. Ете колку само израсна Камби, стана играч и пол. Техника на која можат да му подзавидат и аргентиснките колеги кои играат поистурено напред од него.

Моментално тие играчи(на интер) не се на ниво, повредени се... сеуште закрепнуваат од повреди но, играчите ги имаме. Не ни треба ни Кварезма нити Меси. Со тоа само се нарушува концепцијата на играта, пак ќе треба да играме со долги топки, со префрлување по дијагонали и длабочински пасови. Значи ќе се вратиме 4 години назад... на Емре и ВДМ. Не успеа таа тактика, оваа успева. Зошто би се сменила?

Ибра може да игра поназад, всушност тоа е и негова природна позиција, полушпиц...(или втор напаѓач), робусните Круз или Креспо напред и по потреба Суазо од некој агол на теренот и се разбира Ибра на спротивниот. Што повеќе треба? Меси, Роналдињо, Кваерзма, Менез, Насри, Агеро, Робен, Робињо... Лулиња и уште еден тон youtube ''ѕвезди''?
- Не, фала.
Браво, брате!!!
Е ова навивач на Интер, а истовремено кажвит со требит и како требит!!!
БРАВО!!!
 
Член од
21 мај 2006
Мислења
428
Поени од реакции
6
Море доста се расфрлате со имиња, Меси, Роналдињо, Диего... Море да се вратит Станковиќ во форма по повредата на сите кичмите ќе им ги скршит, така да си знајте! Ај чао!:salut:

П.С. Само некој ак ми реплицирал и да не се согласвит...:)
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
ОК.. различни мислења.. јас си кажав и вие си кажавте и тоа најмалку ми пречи.. но ми пречи кога некопј го споредува Интер со тимовите кои ги набројав горе..
За Липи, Раниери па и многу фудбалери и фудбалски стручњаци Интер е фудбалска велесила.. побарајте на нет изјави од нив.. тоа е реалноста тоа е секојдневието.
Зарем успесите не го говорат тоа?
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
И ти Syn, знајш шо е добар навивач!?
Да кажвиш за успесите на тимот а не за неуспесите...
Лоша дефиниција... Општо не за фудбалот, за животот. Ако само се радуваш на успесите, а ги забораваш неуспесите - нема да научиш ништо за да си подобар...

Треба да си оптимист, но, со доза на претпазливост, знаеш зошто? Бидејќи ако мислиш дека на натпревари со Парма ќе победеш 100% тогаш неуспехот на тој натпревар те демотивира.. замисли што би му се случило на играчите (не навивачите) ако пример (не дај Боже) изгубиме со тим од долниот дел на табелата. Нема да можат да влезат во форма месеци...

4е4е имаш 15 години, и не знаеш што се случуваше во средината и крајот на деведесетите. Зборуваш за последните години... што е ок, последните години беа време на многу успеси, но и време кога треба СЕРИОЗНО да се запрашаме... дали оваа игра пали во ЛШ?

Не да потцениме, туку да бидеме претпазливи, ние навивачите, играчите, Манчини...

Јове, се плашам дека тешко ни оди против тимови од другите лиги. Мора да се прават промени... мора...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.322
Поени од реакции
46.927
@Jove_Bt , добар пост , се согласувам со тебе за играчите ко Кварезма , Роналдињо или К.Роналдо , у принцип никогаш не сум сакал во Интер да видам трансфер на исфорсирана ѕвезда без оглед на нивните квалитети , истите играчи што ги наброја достигнуваат цена и до 100 милиони долари , за тие пари ( и помалце од нив ) ти можеш да направиш тим конкурент за титула .

Камбиа , Камбиа е еден од најдобрите дефанзивци од среден ред , Камбиа е она што беше Кин за Манчестер , Виериа на времето во Арсенал и тн и тн , според мене и најдоброто нешто во моментов на таа позиција у пакет со Пирло .

Нигде во моите постови не реков дека ни е потребно средно Крило . т.е. според мене такви типови на играчи не ни се ни потребни со оглед дека имаме двајца феноменални бека кој без проблем ја покриваат и левата и десната страна , Максвел и Маикон , без проблем се уклапаат во нападот , прават кросеви и навремено покриваат позади . Маикон заедно со Дани Алвез се најдобрите десни бека , баталете крила во средината , тоа ке бидат џабе фрлени пари , да , у право си , ни Ван дер Мејде успеа ни Емре иако централен играч е пред се , ни Кили Гонзалез а ни Солари , тоа нели ти укажува дека нема потреба од форсирање на класична 4-4-2 формација . Убаво реков ја 4-1-3-2 или 4-3-1-2 ( како и да е Камбиа игра малце поповлечено ) . Ако не приметуете и минатата а и оваа сезона Манчини истата и ја употребуваше , Занети играше централно , Станкович позади нападот , само во моментите кога играше Фиго бевме принудени на 4-4-2 .

Следам Француско , го иам гледано Менез на неколку натпревари , одлична инвестиција би бил а и евтина варијанта во споредба со Диего . Многу би добиле со него , а и можна е комбинација на Менез со Хименез или Станкович у прва постава . Плус Интер има добри контакти со Монако ( и Маикон од таму дојде , претходно Калон им го дадовме и тн и тн ) .
 

gos

Wrong
Член од
8 ноември 2007
Мислења
719
Поени од реакции
56
Goalkeepers:1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 22 Paolo Orlandoni.
Defenders:2 Ivan Cordoba, 4 Javier Zanetti, 6 Maxwell, 16 Nicolas Burdisso, 23 Marco Materazzi, 24 Nelson Rivas.
Midfielders:5 Dejan Stankovic, 11 Luis Jimenez, 14 Patrick Vieira, 19 Esteban Cambiasso, 21 Santiago Solari, 30 Pelј, 31 Cesar.
Strikers: 9 Julio Ricardo Cruz, 8 Zlatan Ibrahimovic, 18 Hernan Crespo, 45 Mario Balotelli.

abe moze da mi kaze nekoj zosto ne igra chivu
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Goalkeepers:1 Francesco Toldo, 12 Julio Cesar, 22 Paolo Orlandoni.
Defenders:2 Ivan Cordoba, 4 Javier Zanetti, 6 Maxwell, 16 Nicolas Burdisso, 23 Marco Materazzi, 24 Nelson Rivas.
Midfielders:5 Dejan Stankovic, 11 Luis Jimenez, 14 Patrick Vieira, 19 Esteban Cambiasso, 21 Santiago Solari, 30 Pelј, 31 Cesar.
Strikers: 9 Julio Ricardo Cruz, 8 Zlatan Ibrahimovic, 18 Hernan Crespo, 45 Mario Balotelli.

abe moze da mi kaze nekoj zosto ne igra chivu
Возбуден бил :)

Уште е повреден... не е нешто тешко, ќе се врати за недела-две
 
Член од
28 ноември 2007
Мислења
198
Поени од реакции
0
Лоша дефиниција... Општо не за фудбалот, за животот. Ако само се радуваш на успесите, а ги забораваш неуспесите - нема да научиш ништо за да си подобар...


И ти Syn, знајш шо е добар навивач!?
Да кажвиш за успесите на тимот а не за неуспесите...
Нормално ќе речиш нешо и против, ама ти упорно и упорно зборвиш само лошо за Интер!!!
Застани малце, то е навивање!?
Не кажви го само то...
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
каква и да е тактиката на манчини дава резултати во првенство. па и таа серија што ја имаме сега и лани што ја имавме не може да е случајна.
но за лига на шампиони е потребно нешто друго .... да бидеме реални манчини ја нема тактичката зрелост над еден мурињо,венгер, бенитез па и анчелоти. така да дај боже да грешам и сите да ми се смеете но не верувам дека имаме сили за ЛШ
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Не, работата е што малер бевме во ждребот, се паднавме со еден од најдобрите тимови. Затоа, ако го поминеме Ливерпул, тврдам дека ќе играме во финале. Сепак пресуден ќе биди мечот на Енфилд и формата на Круз. Од Ибра многу не очекувајте во овие два натпревари... Бенитез ќе го среди многу лесно. Позитивна страна е тоа што затворајќи го Ибра, ќе се отвори повеќе место за Круз и неговата фаталност, па тука ја гледам шансата за победа во двомечот со Ливерпул.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.049
Поени од реакции
1.177
Не, работата е што малер бевме во ждребот, се паднавме со еден од најдобрите тимови. Затоа, ако го поминеме Ливерпул, тврдам дека ќе играме во финале. Сепак пресуден ќе биди мечот на Енфилд и формата на Круз. Од Ибра многу не очекувајте во овие два натпревари... Бенитез ќе го среди многу лесно. Позитивна страна е тоа што затворајќи го Ибра, ќе се отвори повеќе место за Круз и неговата фаталност, па тука ја гледам шансата за победа во двомечот со Ливерпул.
Ливерпул не е во некоја форма, но во лига на шампиони е секогаш одличен.. Бенитез е специјалист за ваквите натпреварувања.. Од друга страна пак Интер знаеме како игра во лига на шампиони.. Нормално дека ќе биде тежок натпревар, но многу нешта зависат и од враќањето на Фиго.. Ако се врати за натпреварот тоа е голем плус за Интер.
 
Член од
28 ноември 2007
Мислења
198
Поени од реакции
0
Според мене имаме шанси да стигнеме до финалето на ЛШ...
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.683
Поени од реакции
826
Е многу го мрзам овој Цезар... Лелеее... каков идиот!!! Ц ц ц ц ц не треба да заигра овој...

Е сеа тикви 3 бода...
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.322
Поени од реакции
46.927
Maрвелосно , сепак мислам дека беше преестрого да му се додели вториов жолт картон со оглед што топката ја удри али драмска школа Италија пресуди , иако сеуште се прашувам што бара Цесар во тимот на интер , т.е. играч кој во Лацио играше лев бек ( природна позиција на играчов ) да игра во средината , лош избор на Манчини .
Чекаме измена Круз - Хименез .

p.s. Suazo у моментов многу ке ни се најдеше :S
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom