Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
А сите што кенкате дека комисиите се woши да фатите подобро да научите да возите место што сѐ некој друг ви е крив?
Положување после четврти обид бе, јас на таквите би им забранила една година полагање и задолжително би ставила дополнителни часови бидејќи очигледно со тој број на часови не се доволно оспособени за да бидат вклучени во сообраќај. Вака само се создаваат неспособни возачи, а резултатот од земање возачки со врски е прилично очигледен на улиците низ цела Македонија. Подиви возачи и помалку познавање и почитување на сообраќајните правила веројатно има само во Краплакистан.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441

Нема врска тоа четврти, петти обид.Ако и е погоден денот на комисијата ќе те пушти, ако не ќе ти најде било каква забелешка за да те турне.
Мене првиот пат ме турнаа бидејќи "сум возел многу брзо и дури од полигон се гледало тоа" , а алибито за тоа беше што возев со 20 km/h на едно 50 метри пред знак стоп и десна кривина.
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
Во последните неколку години во Скопје излезе една цела генерација на катастрофални шофери кои ама немаат поим од возење.Дали е во прашање обуката или прогледување низ прсти на комисијата не знам,но едно знам дека се несигурни возачи.........

Не се почитуваат сообракајните прописи,се паркираат како нив што им одговара,не можат да се снајдат во гужва,се разговара на телефон а со другата рака се управува или се паркира....
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
А сите што кенкате дека комисиите се woши да фатите подобро да научите да возите место што сѐ некој друг ви е крив?
Положување после четврти обид бе, јас на таквите би им забранила една година полагање и задолжително би ставила дополнителни часови бидејќи очигледно со тој број на часови не се доволно оспособени за да бидат вклучени во сообраќај. Вака само се создаваат неспособни возачи, а резултатот од земање возачки со врски е прилично очигледен на улиците низ цела Македонија. Подиви возачи и помалку познавање и почитување на сообраќајните правила веројатно има само во Краплакистан.
Не верувам дека некој ќе научи нешто од едно до друго полагање и со земање дополнителни два часа возење.
Навистина е безобразна цената на едно полагање за кола, ако те турнат неколку пати 500 евра не те раскрстуваат.
Колку за илустрација тоа е годишна партиципација за факс.
Лично положив на втор пат возачка, од првиот до вториот пат не научив апсолутно ништо како и поголемиот број на другари кога полагаа.

Инаку не сме толку лоши шофери, треба да ги видеш Кенијците.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Ај некој што полагал тазе да ми каже колку чини целиот процес на полагање за возачка у денешно време? Зборам без урачунати паѓања...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Ај некој што полагал тазе да ми каже колку чини целиот процес на полагање за возачка у денешно време? Зборам без урачунати паѓања...
15600 avtoskola, 1800 testovi, poligon i gradska 2800 zaedno, 400 denari ke ti zemat za taksa nekoja koga ke plakjas testovi, 800 denari za prva pomos, 1500 negde za lekarsko, 600 denari za kola na denot koga polagas, uglavnom toa e, utre polagam poligon i gradska wish me luck :D
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
15600 avtoskola, 1800 testovi, poligon i gradska 2800 zaedno, 400 denari ke ti zemat za taksa nekoja koga ke plakjas testovi, 800 denari za prva pomos, 1500 negde za lekarsko, 600 denari za kola na denot koga polagas, uglavnom toa e, utre polagam poligon i gradska wish me luck :D
Во кој град се толку ниски цените? o_O

П.С. Со среќа утре :)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Најевтино во Тетово со целата обука и полагање на сите три испити од прва е околу 24.000 денари.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.659
Поени од реакции
59.592
Во Скопје е нешто поефтино :)
Математиката излезе 21500 (часови, полагања, лекарско, прва помош и изнајмување на колата)
 
maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Планирам што е можно поскоро да земам часови за возачка па и да полагам, гледам дека воопшто не е ефтно, но морам да научам да возам кола :).
Сега прашањето ми е, колку денови трае обуката, дали е од пон до петок, или и за викенди..??
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Мене едно ме интересира, дали комисијата што треба да оцени дали кандидатот ги совладол вештините за управување на били кое моторно возило, дали имаат правилник според кој треба да работат и ако има таков дали може некаде да се најде. Јас би предпоставил дека не постои такво нешто, бидејќи секој пријател или познаник што сум го прашал како поминал ми одговарале на ист начин: првиот пат ги собориле, за безсмислени причини како и на некој постови што прочитав наназад.
Значи во таа комисија треба да има правила и прописи, каде јасно треба да биде наведено зошто и од кој причини може да те утне во тек на една финална испитна сесија, а не да цедат пари од луѓето затоа што некој сакал да си купи нов костум или долен веш на жена му.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom