Тоа не е оправдување. Крштевањето е заповед од Христос и не смее да се наплатува, бидејќи Исус така им заповеда на учениците „бесплатно добивте, бесплатно давајте.“ (
ев. Матеј 10:8, Библијата) Во Библијата јасно пишува дека никој не смее да дава пари од принуда, туку исклучиво доброволно, и не со ценовници, туку онака како што одлучил во срцето:
„ Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (
2 Коринтјаните 9:7, Библијата)
Од каде знаеш дека од сите религиозни водачи, од сите цркви и деноминации дека баш поповите те упатуваат кон правилната вероисповест? Само затоа штос и роден во Македонија?
Да беше роден во Словенија, ќе велеше дека тоа се католичките свештеници.
Да бееш роден во Саудиска Арабија, ќе велеше дека тоа се оџите.
Да беше роден во Индија, ќе велеше тоа се хиндусите итн.
Има ли мерило според кое можеш објективно да знаеш кој те води кон правилната вероисповест или тоа е чисто субјективна категорија, детерминирана од географското одредиште и фамилијарната традиција?