Мене подобро ми беше кога се плаќаше во Охрид. Ќе платев 50 денари, ама барем секогаш имаше празно место и немаше да платам 1500 за непрописно паркирање.
Последна случка оди вака: Пред 2 недели бев во Охрид, деловно. Приметив дека рампите накај кејот се отстранети, па си влегов да паркирам. Вртев неколку круга - нема слободно место ни за лек! Излегов, се врати отпочеток, свртев уште неколку пати - место нема. Освен, на „кругчето“ пред кејот (кругче - затоа што тоа не е кружен тек, таму нема сообраќај, туку станува збор за рандом круг на паркиралиштето на кејот) на кој веќе беа паркирани 10-тина коли. Се паркирав и јас таму. Да, на кругот имаше знак за забрането паркирање, но како што кажав веќе имаше паркирано десетина автомобили (со охридски таблици). Се задржав 20-тина минути колку да ја завршам работната обврска во еден од дуќаните на шеталиштето. На излегување приметив дека има полицаец во близина. Тргнав со колата, ме запре и ми пиша казна за непрописно паркирање (1500 денари или 15 казнени поени). И нормално, после мене поминаа уште 5-6 возила кои беа паркирани, но не сопре ниту едно од нив. Пошто имаа охридски таблици, нормално.
На моите забелешки дека ги пропушта локалните возила кои беа непрописно паркирани, а селективно казнува скопјани - само молчеше. На мојата забелешка дека ме казнува во вожња за паркирање - само ми понуди да ја видам фотографијата од паркираното возило.
Ама останува отворено прашањето: Што е подобро, буџетот да се полни од 30-тина луѓе со по 50 денари (1500 денари) или јас како скопјанец да ги почастам останатите 29 паркирачи (охриѓани) со глоба од 1500 денари?