Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Аха океј. Тогаш да преминеме која е таа заедница која го обажава истиот бог на ист начин.
*Сето она подоле напишано е дадено само за споредба. Не значи дека тоа го прифаќам како вистина или дека го практикувам истото.
Зошто различни вери го слават истиот празник на различни датуми? пр. велигден. Нели се работи за ист датум, 14 Нисан? Зошто тогаш различни деноминации од христијанството го слават на различен датум? нели сите се христијани? Зошто ист празник се слави на различни места-различно? Од Охрид до Скопје има 100 различни начини како одредени општини слават нешто. Нели треба на ист начин да го слават??

Ако секоја народна будалаштина и обичај/обичаи ги поистоветуваш со црковното учење и црковните обичаи, тогаш поарно да не си го арчам денов, објаснувајќи Ти ги тие разлики...
--- надополнето: 18 април 2013 во 15:27 ---
Многу добра анализа на MIKI1 и неговите пишувања на форумов. .

Чорба,

ајде жив Ти све, кај забележа „анализа„?...:icon_lol:

Ја‘ забележувам само нечиј субјективен став, во случајот тоа е став од Андреј, кој е само став, но не и анализа...
 
Ако секоја народна будалаштина и обичај/обичаи ги поистоветуваш со црковното учење и црковните обичаи, тогаш поарно да не си го арчам денов, објаснувајќи Ти ги тие разлики...
Аааа значи во правилното црковно учење нема такви обичаи и славење празници или како? дај пообјасни... ние овде обичниве смртници не разбираме. И гледаш.... пак вртиш во круг. Кажи ми која е вистинската црква и вистинското учење!!!
 
Извини,а со црквата кој раководи?

Не знам...:)
Ти, што мислиш? Кој раководи? Што вели Писмото по таа тема?
--- надополнето: 18 април 2013 во 15:29 ---
Аааа значи во правилното црковно учење нема такви обичаи и славење празници или како? дај пообјасни... ние овде обичниве смртници не разбираме. И гледаш.... пак вртиш во круг. Кажи ми која е вистинската црква и вистинското учење!!!

Полека, не викај, не се нервирај....

Црквата слави празници и тоа како, но на начин кој е одреден од самата Црква, а не како што слават „у наше село„...:icon_lol:

Црквата е само онаа, која остана доследна на учењето Христово и Апостолско.
 
Ако секоја народна будалаштина и обичај/обичаи ги поистоветуваш со црковното учење и црковните обичаи, тогаш поарно да не си го арчам денов, објаснувајќи Ти ги тие разлики...
--- надополнето: 18 април 2013 во 15:27 ---


Чорба,

ајде жив Ти све, кај забележа „анализа„?...:icon_lol:

Ја‘ забележувам само нечиј субјективен став, во случајот тоа е став од Андреј, кој е само став, но не и анализа...

Може не е анализа, али е доволно за да те опише со 2/3 збора, за да разбереме оние што те следиме подолго време на форумов...
--- надополнето: 18 април 2013 во 15:32 ---
Не знам...:)
Ти, што мислиш? Кој раководи? Што вели Писмото по таа тема?
--- надополнето: 18 април 2013 во 15:29 ---


Полека, не викај, не се нервирај....

Црквата слави празници и тоа како, но на начин кој е одреден од самата Црква, а не како што слават „у наше село„...:icon_lol:

На прашање не се одговара со прашање. Прво ти кажи ми го своето мислење за мојот пост во врска со ова... Се сложуваш /не се сложуваш?
 
Полека, не викај, не се нервирај....
Црквата слави празници и тоа како, но на начин кој е одреден од самата Црква, а не како што слават „у наше село„...:icon_lol:
Пак ќе ти ги земам за пример празниците како божиќ и велигден, пошто друго да ти кажам нема да ме разбереш.
Во библијата никаде не е наведен датумот на Исусовото раѓање. Дури дава опис на околностите коишто наведуваат да се закључи дека Исус се родил во доцна Есен. Зошто тогаш 2 деноминации на христијанството го слават тоа на 2 различни датуми. ( мада и двата датуми не се точни ама ајде....)???
Или па може не се христијаните вистинската ’црква’? Истото и за велигден.. едни го слават на еден датум, православните месец и пол покасно... Кое е правилното?? Еве пошто јас сум вака неупатен па дај објасни ми. Нели првичното тврдење ти беше дека има една црква и ЕДЕН НАЧИН на обожавање на Бог????
 
На прашање не се одговара со прашање. Прво ти кажи ми го своето мислење за мојот пост во врска со ова... Се сложуваш /не се сложуваш?

Со Црквата, раководи Христос, Кој Е глава на Црквата, во содејство со Духот Свет и Неговата благодат.

Во Црквата, постои хиерархиска поставеност, така што свештенството го чува учењето и поучува, а верниците слушаат и почитуваат/спроведуваат она кое им е кажано.
 
Велиш?

Ако Божјото учење беше логично за човекот, денес сите ќе ги прифатеа/прифаќаа Неговото учење за „логично„ и ќе се потепаа кој прв да го прифати...Токму затоа, философите, како јаки логичари, си останаа философи но не и следбеници Христови.

Според Црквата, Бог Е надлогичен!

Стихот на кој се повикуваш е уште една од Твоите бројни „утки„: јас напишав дека Божјото учење е објавена вистина, која човекот ја прима преку духот свој, а не преку умот, а во посочениот стих, Апостолот правилно го користи изразот „..(здрав) разум...„, затоа што разумот е еден од „органите„ од човековиот дух, преку кој човекот Го прима Бога и верува во Бога!

Црквата прави јасна разлика меѓу поимите „разум„ и „ум„; а таа разлика, очигледно, не Ти е позната.

Патем кажано, на форумов има членови кои самите изјавија дека го имаат читано Светото Писмо, ама дека не ја прифаќаат неговата содржина, што значи дека не е доволно да се чита и резонира (не)логичноста од Писмото, туку е потребна и вер(б)а, преку отворање на духовните очи, која кај наведените членови се‘уште не се појавила и разбудила!
Со Црквата, раководи Христос, Кој Е глава на Црквата, во содејство со Духот Свет и Неговата благодат.

Во Црквата, постои хиерархиска поставеност, така што свештенството го чува учењето и поучува, а верниците слушаат и почитуваат/спроведуваат она кое им е кажано.
Сеа луѓето сами закључуваат како да веруваат во Бог или па се покоруваат на свештениците? Неможе и така и така... нелогчно е!
 
Во библијата никаде не е наведен датумот на Исусовото раѓање.

Точно...и Црквата одредила дека тој датум е зимски датум. Тоа што реалното раѓање Христово и црковната одредба за тој датум не се совпаѓаат, не е прашање од спасоносна или догматска природа.
 
Со Црквата, раководи Христос, Кој Е глава на Црквата, во содејство со Духот Свет и Неговата благодат.

Во Црквата, постои хиерархиска поставеност, така што свештенството го чува учењето и поучува, а верниците слушаат и почитуваат/спроведуваат она кое им е кажано.
Верниците ги манипулираат, и ги дерат живи по крштевки, свадби, погреби...

Да не беа верниците дедо Стефан со ЈСП ќе идеше на работа.
 
Нели првичното тврдење ти беше дека има една црква и ЕДЕН НАЧИН на обожавање на Бог????

Да, има само една Црква, а се‘ што е надвор од Црквата а е чисто човечка заедница, која самата себе се нарекува „црква„, тоа за Црквата е небитно.
--- надополнето: 18 април 2013 во 15:42 ---
Сеа луѓето сами закључуваат како да веруваат во Бог или па се покоруваат на свештениците? Неможе и така и така... нелогчно е!

Да, верните веруваат во Бога, а ги слушаат свештениците....Што е тука нелогично?
А пологично е ако човекот настанал од мајмун, така?...:icon_lol:
 
Да, има само една Црква, а се‘ што е надвор од Црквата а е чисто човечка заедница, која самата себе се нарекува „црква„, тоа за Црквата е небитно.
Епа која е 'Вистинската Црква'???? Доста се вртиш у круг бе... токму ова ти го праеше на последните 10-тина страни од темава....
кажи ми таа и таа црква е вистинска. ПРЕЦИЗЕН И ЈАСЕН одговор.
 
Молитвата е единствениот контакт што Бог ни го оставил со него.како ќе го благослови ако не се каже правилно.Поповите за тоа учат 6 години па уште колку литургии и школување треба да поминат да не кажувам.
Поентата ми е дека треба правилно да се кажува молитвата а тој за тоа учел.

Ист процент на услишени молитви имаат и тие кои му се молат на Буда, на Алах, на Кришна или некој пагански бог. И на Чак Норис да му се молиш процент на исполнети молитви ќе биде во тие рамки.
 
Епа која е 'Вистинската Црква'???? Доста се вртиш у круг бе... токму ова ти го праеше на последните 10-тина страни од темава....
кажи ми таа и таа црква е вистинска. ПРЕЦИЗЕН И ЈАСЕН одговор.

Тоа е источната православна Црква.
Задоволен? Се сомневам...:sneaky:
 
Верниците ги манипулираат, и ги дерат живи по крштевки, свадби, погреби...

Да не беа верниците дедо Стефан со ЈСП ќе идеше на работа.

Е, да си ми жив друже!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom