Прв бакнеж

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
хахаха леле ко ќе ми текни ...:tapp:Првиот бакнеж воопшто не ми беше спонтан. Го бендисвав дечкото ептен..осмо бевме и двајцата, од различни училишта. Памтам таа зима на неколку мои другарки од класот им се случија првите бакнежи со деца од истото училиште каде што учеше и тој ''мојот'' и сите заедно излегувавме и се лигаевме во парови.:pos:Беше декември, на лизгалиште, на сред бел ден (n)Претходната вечер се запознавме лично конечно (си пуштивме рака, си ги кажавме имињата и се стопив) и тогаш тој почна да ми напнува, почна да ми иди се поблиску и поблиску, а јас бегав се поназад и поназад и како од пушка му реков: Неможам вечерва, нешто изнервирана сум, ајде ако сакаш утре во 15:00 ќе се најдиме тука на лизгалиште...Цела вечер не заспав..Памтам беше сабота и првин бев на час по германски(на курс). Цела сурија дечишта од одделението отидовме на лизгалиште и таму ме чекаше тој...Првин оддалеку се гледавме а потоа малку се оддалечивме во паркот, на една клупа, а јас не бев свесна дека цело друштво ни било публика и се виделе... Седевме јас на едниот крај, а тој на другиот крај од клупата. Изгледа му се смачи и наеднаш ми скокна и ме залапа(некоја детска мастика џвакаше, а јас мојата ја фрлив претходно оти мислев дека можи да се удавам). Се испаничив, и брзо му се тргнав и му реков : Абе извини вака јас...Незнам шо ми е, тројка имам по математика незнам како ќе поправам..:pos: .И тој само ми напрај една збунета фаца..И станавме од клупата..Ама вечерта пак се најдовме и убо се излапавме...И дури и одевме скоро месец:D
 
Знам дека беше неочекуван, ме фати неспремна.. наместо пеперутки осетив како желудникот да ми се преврти, издржав неколку секунди и се тргнав.. не дека ми беше грозно едноставно неубо ми дојде дека одма ми бутна јазик :cautious: и ме фати смеа и се тргнав... Впечаток што знам.. знам дека првата мисла што ми падна на ум беше -И шо вакво е лапањето? :cautious: јас којзнај што очекував а то уствари размена на лигајци :D
 
Заборајф да прашам , а со животни се рачуна?
 
Се случи и тоа, 2 недели имав несоница.. Насмеана до шестките..
Море јас бев насмеан до деветките кога се бакнав по прв пат. Какви шестки, слаби се шестките да го опишат мојот филинг :)
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 13:23 ---
Се случи и тоа, 2 недели имав несоница.. Насмеана до шестките..
Море јас бев насмеан до деветките кога се бакнав по прв пат. Какви шестки, слаби се шестките да го опишат мојот филинг :)
 
Море јас бев насмеан до деветките кога се бакнав по прв пат. Какви шестки, слаби се шестките да го опишат мојот филинг :)



Ноќи непроспиени... aииии коии филмовиии сум си ги прaвелa :ROFLMAO: хах !
 
Ноќи непроспиени... aииии коии филмовиии сум си ги прaвелa :ROFLMAO: хах !
Кога ке си помислам колку МНОГУ сум уживал во тогашните бакнежи а сега скоро ич не уживам:place:
Ах колку многу ми недостасуваат тие стари добри времиња.
 
Кога ке си помислам колку МНОГУ сум уживал во тогашните бакнежи а сега скоро ич не уживам:place:
Ах колку многу ми недостасуваат тие стари добри времиња.

:place: и мене ми недостaсувaaт, aли јбг тоa е..
 
Се рачуна,како не,под услов да имаш пуштено јазик.Довери ни се сега што точно се случи:coffee:
Да не било нешто како на сликава?
1317262063089.jpg
 
погледнете го триминутниот краткометражен филм FIRST KISS каде непознати лица - кои прв пат се сретнуваат , се љубат :pos:
од истиот режисер имате уште неколку други филмчиња;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom