Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да да се читам туку ти едно 10 пати прочитај го мојот пост и ќе разбереш.Ти ставив и доказ за да си видиш оти изгледа не си бил запознат со таа случка односно случајот двајца мртви кај стадионот.Па тогаш ќе разбереш кои се овие типци. :tapp:

А ти беше таму и виде дека е тој пукт.Односно требаше да речеш еден од 22-та пукнта кој беа поставени.
Обезбедување на теренот секогаш извршуваат ЕСЗ.Тој ден кога ги убија тие беше вообичаен како и секој ден во тој период.
Волците се за воени активности од специална намена самото име ти кажува.
 
За 2001, не судете според униформите на припадниците на која единица припаѓаат...
Точно спенс барем ти знаеш кои беа највеќето со обични полициски униформи во 2001 во тетово и арачиново а беа едно милион пати подобри од полицијците и не работеа по полициски начин.Де објасни му убаво ти се молам на овој моунтаин за случајо кај стадионот кои го држеа пуктот таму во обични полициски униформи и кои ги убија тие 2та Албанци.Оти јас неможам да му докажам;)
 
За 2001, не судете според униформите на припадниците на која единица припаѓаат...
Апсолутно имаш право,зошто вистински униформи имаа само специалците
а полицијата и обичните групаа алхохоличари(резервисти) имаа обични воени.
 
А ти беше таму и виде дека е тој пукт.Односно требаше да речеш еден од 22-та пукнта кој беа поставени.
Обезбедување на теренот секогаш извршуваат ЕСЗ.Тој ден кога ги убија тие беше вообичаен како и секој ден во тој период.
Волците се за воени активности од специална намена самото име ти кажува.
Дете ае седни малку пораспрашај се за 2001 та и прочитај нешто па после ќе правиме муабет.Ти пратив и порака за да не се расправјаш тука и да не го полниш форумот со смешки.
 
Апсолутно имаш право,зошто вистински униформи имаа само специалците
а полицијата и обичните групаа алхохоличари(резервисти) имаа обични воени.
ХАХАХ ама ме изнасмеа жити се.:icon_lol:
--- надополнето: 16 април 2013 во 00:05 ---
Шапшал си напишал бее хааааааааааааххахахахахахахаха
Е не ќе се зафркавам кога неможам да се расправам и докажувам зе нешта кои луѓето не ги знаат.:свиркам:;)
 
ХАХАХ ама ме изнасмеа жити се.:icon_lol:
--- надополнето: 16 април 2013 во 00:05 ---

Е не ќе се зафркавам кога неможам да се расправам и докажувам зе нешта кои луѓето не ги знаат.:свиркам:;)

Сите знаете да кажувате нешто што сте прочитале и гледале на телевизија.
Кажи ми само дали знаеш дека Волците се под АРМ и ако се, како може да носат униформи на МВР Полиција.И кој пукаше на терористите со бомбата.
вие само си изразувате симпатии и пишувате глупости да придобиете заслуги.:D
 
Сите знаете да кажувате нешто што сте прочитале и гледале на телевизија.
Кажи ми само дали знаеш дека Волците се под АРМ и ако се, како може да носат униформи на МВР Полиција.И кој пукаше на терористите со бомбата.
вие само си изразувате симпатии и пишувате глупости да придобиете заслуги.:D
Дете сонувај си слатки сништа ти само сонувај и мајка ти нека ти ги чита за пред спиење.Едно прашање дали ти треба целата историја да ти ја пишувам на поранешните ПАНТЕРИ а сега ВОЛЦИ.Па се знае погледни си го видеото шо го ставив прашај ги другите луѓе и ќе си видиш.А баш за твоја информација АРМ уште од формирањето на МВР и добивањето на првите полициски маскирни униформи АРМ пак потенцирам имаат купено 20 000 парчиња на униформи кои се во Илинден и доста зборувај кога си мал и имаш уште време за учење има многу нешта што не ги знаеш.:LOL:
 
Според видеото сигурно не се специјалци, во тоа време имаше од сите единици ширум кризните места во Македонија од Армијски специјалци до полициски специјалци, резервирити и сл.Искрено кажано според видеото не гледам никаков професионализам, нашиве се кријат позади БТР-80 и пукаат кон колата.Според архивата на дневникот Вест од тоа време полицајци кои биле на редовна патрола пукале кон колата!
 
Sekoja cest na Generalov se trudi ama nikoj ne go podrzuva ova e zasega samo za vo Skopje a ako ima interes moze i vo dr gradovi procitajte.I odete vie koi sto ste od skopje imate prilika.Klubov go vodi Generalot a za obukata podrska ima i od nekoviot poranesen kolega od ESZ Dr Straso Gligorov koj ima svoj klub za borecki vestini ''Tigar'' poz


Клубот за специјална обука “Регрут“ организира основна воена обука
by Стојанче Ангелов (Белешки) on недела, 14 април 2013 во 23:00
За сите кои не биле во војска а сакаат да поминат воена обука, но и за тие кои биле a сакаат да научат повеќе...
За сите со добра кондиција, но и за тие без кондиција...
За мажи, но и за жени...

Клубот за специјална обука “Регрут“, под раководство на генерал Стојанче Ангелов, организира основна воена обука и обука за ракување со пиштол.

Во пресрет на летото затегнете го Вашето тело, намалете ги масните наслаги, подобрете го Вашиот изглед, зголемете ги Вашите физички и ментални способности, зголемета ја Вашата самодоверба...

Доколку сте заинтересирани, разгледајте ги информациите за нашиот клуб и прочитајте ја нашата програма, во неа ќе најдете одговор на сите Ваши прашања.

КЛУБ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ОБУКА “РЕГРУТ“
Вовед
Клубот за специјална обука Регрут е здружение на воени ветерани кои работат на унапредување и усовршување на борбените вештини на своите членови. Клубот своите права, должности и одговорности ги остварува во согласност со Уставот, законите и статутот.

Цели на клубот
1.Стекнување и развивање на борбена дисциплина
2.Стекнување и развивање на навики за точно и потполно извршување на команди и наредби
3.Стекнување, развивање и усовршување на индивидуалните борбени вештини
4.Стекнување и развивање на чувство за тимска и усогласена работа
5.Зголемување на храброста, самодовербата, довербата во останатите членови на клубот и навикнување на опасност
Активности на клубот
1.Изведување на строева обука
2.Организирање на обука за развој, одржување и усовршување на физичките способности
3.Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на напад и самоодбрана
4.Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на техники на ракување со огнено оружје (пиштол, пушка, снајперска ловечка пушка)
5.Организирање на обука за стекнување, развивање и усовршување на разни видови на индивидуални командоски техники
Членување во клубот
Член на клубот може да биде секое полнолетно лице кое гоприфаќа статутот на клубот.
Малолетно лице со наполнети 14 години може да се зачлени во клубот само доколку неговиот законски застапник (татко, мајка, старател) даде писмена изјава за согласност за зачленување.
Одлука за зачленување во клубот донесува претседателот на клубот попретходно пополнето писмено барање на кандидатот за членство во клубот.


П Р О Г Р А М А
за организирање и реализација на
ОСНОВНА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013“

Вовед
Основната воена обука “Регрут 2013“ оваа сезона ќе се изведува само во Скопје.
Се состои од вежби за развој на физичките способности, вежби за напад и самоодбрана и вежби за стекнување на воени вештини.
Овие вежби ја зголемуваат мускулната маса и мускулната дефиниција, ги намалуваат масните наслаги и ги развиваат еластичноста, силата, експлозивната сила, издржливоста, брзината, прецизноста, координацијата и рамнотежата.

Содржина на обуката
1.Строева обука
2.Вежби за развивање на физичките способности
3.Техники на напад и самоодбрана
4.Основна обука за ракување со пиштол
5.Елементи на прецизно пукање
6.Индивидуални техники на совладување на простор
7.Техники на совладување на разни видови на препреки
8.Техники за навикнување на крв, вода, оган, височина, тесен и затворен простор
9.Вежби за развивање на чувство за тимска и усогласена работа
10.Обука за давање на прва помош
Пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба најпрво добро да ја разгледаат оваа програма, а потоа да се пријават лично, во периодот од 15-ти до 19-ти април (од понеделник до петок), во 17.00 часот, пред стрелиштето Магнум кое се наоѓа во склоп на СРЦ Кале во Скопје.
Сите заинтересирани, без разлика дали ќе се зачленат или не, можат да присуствуваат на воведните предавања кои ќе започнат од понеделник, 15-ти април.
Подетални информации за основната обука може да се добијат на воведните предавања.
Информации околу технички прашања можат да се добијат на 078 368 813 или на меил generalangelov@yahoo.com
Пожелно е сите кандидати да го најават своето присуство во инбокс на фејсбук страната Генерал Стојанче Ангелов (http://www.facebook.com/general.stojance.angelov)

Времетраење
Основната воена обука “Регрут 2013“ ќе трае два месеци и тоа од 22 април до 21 јуни 2013 година. По потреба времетраењето на обуката може да се продолжи.

Термин за одржување и времетраење на тренинзите
Тренинзите ќе се одржуваат секој работен ден (од понеделник до петок) од 17.00 до 18.30 часот. По потреба тренинзите може да траат подолго.
Учесниците на обуката се должни да дојдат најмалку 15 минути пред почетокот на тренингот.

Место на изведување на тренинзите
Тренинзите ќе се одржуваат во Скопје, во близина на спортската сала Кале (на кејот од левата страна на реката Вардар), во парк-шумата Гази Баба, на Водно, на затвореното стрелиште Магнум, на отвореното стрелиште Камник и на неколку други локации.

Раководител и инструктори
Непосреден раководител и главен инструктор на основната воена обука “Регрут 2013“ ќе биде генерал Стојанче Ангелов - претседател на Клубот за специјална обука Регрут.
Делови од обуката ќе се изведуваат во соработка со Полициски клуб за боречки и други спортови “Тигар“ под раководство на Д-р Страшо Глигоров.
Пукањето со пиштол ќе се изведува во соработка со Градскиот Стрелачки Сојуз и стрелачкиот клуб “Магнум“.

Опрема за изведување на обуката
Првата фаза од обуката ќе се изведува во спортска опрема.
Втората фаза од обуката ќе се изведува во униформа.

Тестирање
Во текот на обуката ќе се вршат тестирања на учесниците за утврдување на моменталните физички способности, степенот на совладаност на воената обука и прецизноста при пукање со пиштол.

Уверение
Секој учесник кој успешно ќе ја заврши обуката ќе добие уверение за завршена “Основна воена обука“ и “Основна обука за ракување со пиштол“. Овие уверенија се наменети исклучиво за потребите на клубот “Регрут“.

Предупредување
Во текот на обуката учесниците ќе треба да извршуваат разновидни наредби и команди
Учесник кој ќе се однесува недисциплинирано ќе биде исклучен од обука
Делови од обуката ќе бидат проследени со зголемен ризик за учесниците
Делови од обуката ќе се изведуваат со огнено оружје и боева муниција
Делови од обуката ќе бидат обработени на ниво на елементарно запознавање на учесниците
Секој учесник мора да биде во добра здравствена состојба за тренинг
Членарина
Членарината за учество на основната воена обука “Регрут 2013“ чини 6.000 денари, уплатени на сметка на клубот.
Во оваа сума се опфатени месечна членарина за два месеци, основна воена обука и три боеви пукања со пиштол.
За лица кои веќе се најавени и со кои имаме постигнато усен договор за обука, основната обука ќе биде со попуст или бесплатна.

Услови за учество
Секој кандидат за учество на обуката, најдоцна до 22 април, задолжително треба да приложи:
пополнето барање за зачленување во клубот “Регрут“
пополнето барање за учество на основната обука “Регрут 2013“
потврда од специјалист по спортска медицина за способност за тренинг
уплатница со уплатена најмалку половина членарина
Очекувани резултати од обуката
развивање на менталната дисциплина
зголемувања на физичките способности
подобрување на физичкиот изглед
совладување на техники на самоодбрана
совладување на индивидуални воени вештини

СОДРЖИНА НА ОСНОВНАТА ВОЕНА ОБУКА “РЕГРУТ 2013“

1) СТРОЕВА ОБУКА
Цел на строевата обука
Основни поими (строј, редица, колона)
Строеви работи
1.Ставови без оружје
2.Ставови со оружје
3.Строево движење
4.Свртување
Приоѓање и поздравување
Строеви и строеви распореди на тим или група
1.Зборни строеви (еднореден и двореден строј, колона по еден и двајца)
2.Престројување (во место и во движење)
3.Свртување на тимот или групата во лево и во десно
2) ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ФИЗИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ
1.Растегнување
2.Трчање
3.Скокови
4.Склекови
5.Згибови
6.Стомачни
7.Чучнувања
3) ТЕХНИКИ НА НАПАД И САМООДБРАНА
Техника на напад
1.Удари со раце
2.Удари со нозе
3.Фрлања
4.Лостови
Техники на самоодбрана
1.Падови (напред, назад, во страна)
2.Одбрана од удар со рака
3.Одбрана од удар со нога
4.Одбрана од напад со пиштол, нож, стап, шише, стол и сл.
5.Одбрана од фат за коса, врат, облека, рака, преку раце и сл.
4) ОСНОВНА ОБУКА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПИШТОЛ
Намена, борбени особини, техничко-тактички податоци, главни делови, расклопување и склопување, начин на чување и одржување, калибри, муниција
Мерки на безбедност при ракување со пиштол
Техника на правилно држење на пиштолот со двете раце
Полнење и празнење на рамката (магацинот) на пиштолот
Административно полнење, полнење (репетирање), проверка, закочување и празнење на пиштолот
Повторно полнење на пиштолот (тактичко и брзинско)
Борбени ставови за пукање со пиштол:
1.Стоечки
2.Клечечки
3.Калифорнија
4.Седечки
5.Лежечки
6.Лежечки на грб
Бирање и користење на засолниште
Заземање на борбен став од било која претходна позиција
Менување на позицијата со превртување во лево и во десно
Свртување од стоечки борбен став во место
1.На лева и десна страна
2.Полукружно (преку лево и десно рамо)
Вежбање на прецизно пукање во празно (без муниција) или со вежбовен пиштол
Постапка при појава на застој на пиштолот за време на пукање
Изведување на презицно пукање во кружна мета на растојание од 10 метри
5) ЕЛЕМЕНТИ НА ПРЕЦИЗНО ПУКАЊЕ
Ставови за прецизно пукање
1.Бирање на став за прецизно пукање
2.Начин на заземање на ставот
3.Грешки при користењето на ставот
Правилно држење на оружјето
1.Држење со една рака
2.Држење со две раце
3.Потпирање на рацете
4.Грешки при држењето или потпирањето на оружјето
Нишанење
1.Општо за нишанењето
2.Начини на нишанење
3.Грешки при нишанењето
Дишење
1.Значење на дишењето
2.Начин на дишење при пукање
3.Дишна пауза
Повлекување
1.Техники на повлекување
2.Грешки при повлекување
Фактори кои влијаат врз прецизното пукање
1.Објективи
2.Субјективни
6) ИНДИВИДУАЛНИ ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРОСТОР
Видови на индивидуално движење
1.Исправено движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
2.Поднаведнато движење (одење, трчање, претрчување - по права линија и цик-цак)
3.Движење клекнат (свртен во правецот на движење, свртен странично во однос на правецот на движење - на лева и десна страна, свртен со грб во правецот на движење)
4.Ползење (стомачно, четвороножно, странично, грбно, во склек, “црв“)
5.Комбинирано движење
Совладување на простор од страна на поединец со врзани раце и (или) нозе со сите видови на движење
Кондициони маршеви со различна должина, со различно темпо, по различен терен, без опрема, со полна опрема или со товар
Совладување на тактичка патека со комбинирано движење – натпревар помеѓу членовите на клубот
7) ТЕХНИКИ НА СОВЛАДУВАЊЕ НА РАЗНИ ВИДОВИ НА ПРЕПРЕКИ
1.Пешадиски препреки
2.Oгнени препреки
3.Водени препреки
4.Агли, врати и прозори
5.Сајли и јажиња
8) ТЕХНИКИ НА САМОКОНТРОЛА ВО СТРЕСНИ СИТУАЦИИ
1.Контакт со крв
2.Совладување на водени препреки (реки, бари, езера)
3.Совладување на огнени препреки
4.Совладување на височини
5.Совладување на тесен и затворен простор
9) ВЕЖБИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ЧУВСТВО ЗА ТИМСКА И УСОГЛАСЕНА РАБОТА
1.Изведување на тимски строеви работи
2.Тимско кревање и носење на греди
3.Тимско влечење на возило
10) ОБУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ
Средства за давање на прва помош
Укажување на прва помош во разни ситуации
1.Престанок на дишење
2.Појава на крварење
3.Настанување на скршеници
4.Каснување од змија
5.Струен удар
6.Давење во вода
7.Труење со алкохол
8.Труење со гасови
9.Хемиски повреди
Транспорт на повредениот


14.03.2013 година
Клуб “Регрут“
Генерал Стојанче Ангелов
 
Еден пункт беше мешан со припадници од полиција и АРМ сега кои единици беа не е важно, рутинска контрола, полицајците го стопираа овие фрлија бомба али не пукна и им ебаа матер после, ги растресоа со 12,7 мм а да припукаше БТР имаше сол да ги направи.
 
Еден пункт беше мешан со припадници од полиција и АРМ сега кои единици беа не е важно, рутинска контрола, полицајците го стопираа овие фрлија бомба али не пукна и им ебаа матер после, ги растресоа со 12,7 мм а да припукаше БТР имаше сол да ги направи.

Ти ова со цел памет го збориш??

Како прво 14.5 муниција е ризик за цивилите повеќе отколку за терористите, второ БТР-от ги немаше на домет, намената на топот на БТР е дејство врз други полесни оклопни возила или вооружени групи-никако поединци, во ретки случаи митралески гнезда со експлозивна или запалива муниција.
 
Според видеото сигурно не се специјалци, во тоа време имаше од сите единици ширум кризните места во Македонија од Армијски специјалци до полициски специјалци, резервирити и сл.Искрено кажано според видеото не гледам никаков професионализам, нашиве се кријат позади БТР-80 и пукаат кон колата.Според архивата на дневникот Вест од тоа време полицајци кои биле на редовна патрола пукале кон колата!
А да те прашам кои единици имаат бтр 80.Ќе ти кажам само волците и ебр ама тогаш ги користеа лавовите а лавовите се формираа при крајот на војната шо значи пак се волците плус сега ќе ти ставам и една слика доказ дека се волците.
https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-prn1/551117_350282858367965_1419415713_n.jpg
https://fbcdn-sphotos-c-a.akamaihd.net/hphotos-ak-ash3/537367_323097544475034_143443035_n.jpg
еве ви го доказите и готово престанете :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom