Онадех,
Оливо,
Шпирт,
Бунела,
Паница,
Кутлача,
Балтија,
Балтак,
Клепак,
Кукумјавка...
Ајде, дајте толкување...
Онади - глагол со значење чини, направи, заврши работа. Веројатно изведен од показното зборче
она. Пример на употреба: „
Шо мислеше ка се онадеше“.
Оливо - масло. Имаат ист пра-корен.
Шпирт - ќибрит. Веројатно заради тоа што гори како шпиритус.
Бунела - вилушка. Веројатно од глаголот
буни, што покрај
бунтува или
збунува, значи и
влетува,
забива и сл. во некои говори.
Паница - чинија. Не знам за потекло, сепак е ова исконски збор - луѓето користат садови уште од камено време.
Кутлача - црпка, црпалка. Можеби е поврзано со
котел.
Балтија - секира. Наводно од турското
balta, што пак е превземено од акадски
paltu.
Балтак - исто секира, можеби поголема. Исто така и
блек метал група.
Клепак - влечка. Веројатно од ономатопејската интерпретација на звукот што го прават клепаците: клеп-клап.
Кукумјавка - ноќна птица која прави звуци како да кука и мјавка.
Балтија=секира=брадва=топор
Прв пат слушам за називов. Во кој дијалекти (на бугарскиот) се употребува.
Постои глагол
топори - во смисла се качува, се пробива; но и се докажува, се дуе, изведува и сл.
Патем, на македонски брадва е двострана секира.