ЈСП - случки, прашања, дискусии

Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Во 16ка се возев од Автокоманда до Црниче и на пазарче стандард се растрчаа сите изнавлегоа изнаскокаа по празни седишта и инат зашто ептен се безобразни не станувам а тоа се наконтани, нашминкани ко гејши некои што да ти кажувам.
Се напуна побааѓи и гледам на средна една бабичка ама ептен изнемоштена и им викнав да ја викнат да дојде да седне зашто ако станеш друг ќе и земе местото а нив не им текнува на некој поизнемоштен да станат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
и слични на ним муабети. Сега, ќе бидам искрен, не ми текнува дали ова беа нивни точни зборови зошто беше прилично одамна случкава ама пак, целта на муабетот ми е дека старциве си се исти, без разлика дали имаат гага возење, дали плаќаат или пак пари им даваат за тоа што се возат.

Мене не ми смета што имаат бесплатен превоз, се разбира не порекувам дека истите поволности треба да ги имаат и студентите, само едно сум сигурен а тоа е дека нема ние останатите, кои не сме пензионери (го вметнувам тука и татко ми кој има 50тина години, зошто ептен ги хејта) доколку беа културни и помирени со реалноста дека не треба секогаш да им се стане, дека и да треба да им се стане, ако културно замоли за тоа, сигурен сум дека секој ќе му отстапи место на повозрасен сограѓанин.

Буквално, убавиот збор, железни врати отвара само што владава ги направи граѓани од прв ред, на наша штета, а тие тоа „паметно“ си го користат.
Види, мене ни најмалку не ми смета што имаат бесплатен превоз. Тоа што не ние (студентите) туку вработените се понижувани и се буквално ставени за се како граѓани од втор ред, е тоа што е жално и страшно.
Значи зборувам за нашите родители, и каде и да е и ние за некоја година.

Ние како студенти во глобала зависиме од некој друг, некој друг најчесно се товари и со нашите сметки.

Кога ќе видиш - овие работнициве се најексплоатирани, а најмногу придонесуваат за општеството.



Никогаш не ми се случило да не станам, макар сум се враќала од лекар со температура, после 12 саати на факс итн.
Меѓутоа, разликата е во тоа што кога пензионерите плаќаа превоз, ги немаше бре 2 од 5 работни дена да ти висат врз глава и да не можеш да дишиш од нив.
Кога е вторник или петок, излегувам минимум пола саат порано него нормално од дома за да стигнам некаде на време.

Во ред е, нека се возат, ама толкав сељачизам и бездушност има во македонскиот пензионер, што не сум видела на друго место. Правам споредба затоа што сега ми покојната баба беше ваков тип на човек, не дочека таа бесплатни автобуси, ама очекуваше секогаш и секаде да е привилегирана. Другата баба ми е сосема друг тип на човек, таа ако треба пешки ќе отиде некаде, само ,,младите,, да и се сите добро. Сите се за неа ,,сине,, и ,,ќерко,,.

И најмногу ме револтира што знам дека истиве овие, се доволно себични утре да побараат специјален ургентен центар за пензионери, кога веќе има за деца, шо се бе они помалце?

Мене ми е жал за себе прво, со каков народ живеам.
--- надополнето: 14 април 2013 во 14:04 ---
Во 16ка се возев од Автокоманда до Црниче и на пазарче стандард се растрчаа сите изнавлегоа изнаскокаа по празни седишта и инат зашто ептен се безобразни не станувам а тоа се наконтани, нашминкани ко гејши некои што да ти кажувам.
Се напуна побааѓи и гледам на средна една бабичка ама ептен изнемоштена и им викнав да ја викнат да дојде да седне зашто ако станеш друг ќе и земе местото а нив не им текнува на некој поизнемоштен да станат.
Тоа е моментот!!!
Јадат бубрези како ние сме некултурни вакви и такви, а они уште на последна ќе наместат сите, 3 станици подоле влегува некое 100 годишно деде, не го приметуваат дека е тука.
 
Член од
26 февруари 2013
Мислења
116
Поени од реакции
31
Ме нервира тоа инспекцијата шо влегува баш ко ќе немам зедено карта!
 
A

Avenger99

Гостин
Ме нервира тоа инспекцијата шо влегува баш ко ќе немам зедено карта!
Мене ме нервира и кога ќе влезе и кога имам купено карта.Случка во 24ка:Влегувам во автобус пред соборна и си купувам од шоферот карта и си куцам и одкога ќе куцне обично гледам во картата дали е искуцана ама во тој баксуз момент не видов..И влегува контрола на Рекорд и доаѓа контролорот и ми вика дечко карта,и јас му давам и ми вика:Зашто ми даваш стара карта...И му викам не е стара,и овој ми вика абе не ме лажи стара и отидовме до кај шоферот да му докажам дека сум купил карта,а шоферот ми вика не те памтам тебе:facepalm:.И овој контролорот извади такво за да ми пише казна и му викам не вади за џабе не ти плаќам,и зема тие картите што беа кај возачот,проверуваше некој сериски број и на крајот ми се извини..Така да и кога ќе купите карта ни криви ни должни може да си платите казна,затоа проверувајте дали добро се искуцани картите..Само не ми е јасно како од цел автобус само на мене не ми беше искуцана картата:unsure:
 
Член од
26 февруари 2013
Мислења
116
Поени од реакции
31
Хаха па се случува и тоа,мене ми се случува да не се искуца но досега не ме фатиле и сум прошол така,а еднаш ме фатија без карта и се исценкав и платив само 100 денари место 200
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ако шофериве во ЈСП знаат да возат (автобус) со автоматик менувач јас во Петок гол ќе се возам од прва до последна 24ка и назад.
 
B

babsyy

Гостин
Ме нервира тоа инспекцијата шо влегува баш ко ќе немам зедено карта!
Пред неколку дена во 24-ка спроти градска се качи контрола. На средна врата стоеше постар човек (целиот изнемоштен) кој немаше карта. Му напишаа казна и му побараа лична карта. Не носеше, па почнаа да го тормозат и му рекоа дека ќе се симнат тука кај Огњен Прица, заедно со него да плати, и дека поради тоа што не носел лична карта исто така требало да биде парично казнет. Човеков скоро ќе заплачеше, цитирам "Доста ме срамите, да имав пари сигурно ќе платев"! Господава му кажаа дека било поригорозно сега, и дека поради поставените камери не можеле да прават отстапки. Му ја платив казната, па бесрамнициве ми дадоа една како потврда, едниот цинично ми се насмеа и ми кажа дека сум можела со тоа да се возам бесплатно тој ден. Мизерија невидена ни е државава...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Како да видов пред некој ден панорамска 15ка. Ако планираат да ги користат тие автобуси како обични линии, и постават 2-ка - ќе биде интересно, има да рипаат од горе.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.672
Поени од реакции
4.368

Kajgana Shop

На врв Bottom