Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Ае, последен пат се мења анкетава, еве ви ја сега и јавно, да не испадне некој регистрира јузери. И делумно нема затоа што кога се решаваш за нешто ги ставаш на вага некои работи и гледаш накаде тежи повеќе.

Намерно сега гласав да, ова е веќе 3-4 пат ако не се лажам ако ја рестартирате анкетата. Демек на партиите јак фактор им е форумов па ќе се замараат да регистрираат акаунти да гласаат за една од опциите..
 
Намерно сега гласав да, ова е веќе 3-4 пат како ја рестартирате анкетата. Демек на партиите голем јак фактор им е форумов па ќе се замараат да регистрираат акаунти да гласаат за една од опциите..

А инаку си против? Имаш еден куп пријателчиња од штаб тука што се замараат, верувај ми.
 
На првата гласав за, на втората гласав против. Имав пишано ќе пишам уште еднаш, како проект на почеток го одобрував но претераа со скапите врби во Вардар, исто така ненормалните суми фрлени на огради и тотално непотребните бродови и најновава тура на споменици што дојде. Плус подржувам и евентуална финансиска ревизија (што ја најави Жерновски) на проектов да се види колку е потрошено и да одговараат тие што се богателе на сметка на народот.
 
Ту бре ми наброја 10 против работи, а сепак си гласал ЗА, ај види му го крајот.
 
Добро е тоа што заличи Скопје на нешто на некој убав и среден град.
Но проектот е добра машина за перење долна облека мислам.
 
Намерно сега гласав да, ова е веќе 3-4 пат ако не се лажам ако ја рестартирате анкетата. Демек на партиите јак фактор им е форумов па ќе се замараат да регистрираат акаунти да гласаат за една од опциите..
Оооо колку само да. Ти кажи за нешто паметно да се замараат па за ова.
 
Ту бре ми наброја 10 против работи, а сепак си гласал ЗА, ај види му го крајот.

Пишав погоре зошто така гласав а има и работи кои ми се допаѓаат во целиот проект, на пример музејот на Вмро е одлична работа исто и уставниот суд/државниот архив/археолошки музеј, споменикот на Александар Македонски (y) исто и она на мнр/јавно обвинителство и финансиска полиција се добри. Споменикот на Гоце Делчев, Гемиџиите и пар други споменици но од друга страна има и огромен дел од спомениците кои сметам дека треба да се дислоцираат.. плус работите што веќе ги спомнав погоре на кои може да се додаде и непотребниот мост “око“ кој води до уставниот суд. И пак ќе кажам доколку има финансиски малверзации во проектов (а постои сомнеж голем) треба некој да одговара, тоа никој нормален не би го одобрил..

Оооо колку само да. Ти кажи за нешто паметно да се замараат па за ова.

Ај така нека биде, иако сигурен сум дека резултатот на анкетата пак ќе биде сличен на оној вториот (по првото рестартирање).
 
Ае, последен пат се мења анкетава, еве ви ја сега и јавно, да не испадне некој регистрира јузери. И делумно нема затоа што кога се решаваш за нешто ги ставаш на вага некои работи и гледаш накаде тежи повеќе.

Нема врска,мислам дека требаше делумно него ај. Еве на пример мене не ми се свиѓа она што е релативно лесно отстранливо од проектот,а тоа се 6 споменика со постамент и сите од мостот на уметноста,сите до еден , плус врбите плус бродовите плус плажата под музејот за сите овие дислокацијата би била во иднина многу лесно изводлива и мислам дека е потребна.Едноставно све што не беше на клипот прикажано е одвишок за мене. А да и рингишпилот ќе го заборавев.Он е за у луна парк.

Дозволено ли ти е да напишеш со големи букви? - НИКОЛА ГРУЕВСКИ НАПРАВИ ГРЕШКА ШТО ЈА ПОСТАВИ ВРТЕЛЕШКАТА НА ПЛОШТАД!
или пак тоа ќе ти се одрази врз кариерата? :sneaky:
 
ЕЕее...............сега со Тртелешката дефинитивно го одобрувам....Цело е кога има се......
 
Дозволено ли ти е да напишеш со големи букви? - НИКОЛА ГРУЕВСКИ НАПРАВИ ГРЕШКА ШТО ЈА ПОСТАВИ ВРТЕЛЕШКАТА НА ПЛОШТАД!
или пак тоа ќе ти се одрази врз кариерата? :sneaky:
Груевски не ја постави вртелешката, туку градот Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Да не се вреѓаме те молам ...
 
Ne ja postavija ni tie, tuku rabotnicite. Tie se krivi!

Sent from my Intel Phone
 
Дозволено ли ти е да напишеш со големи букви? - НИКОЛА ГРУЕВСКИ НАПРАВИ ГРЕШКА ШТО ЈА ПОСТАВИ ВРТЕЛЕШКАТА НА ПЛОШТАД!
или пак тоа ќе ти се одрази врз кариерата? :sneaky:

А што си се па ти толку засекирал и за Груевски и за мене? Нели во еден пост напиша дека и нуклеарка да падне овде нема да ти чуе? Зашто ондак се секираш што се дешава со Скопје и плоштадот,кулирај иди на некој британски форум и таму расправајте за Камерун и Лондон даунтаун.
 
Да ми збори некој дека порано му бил поубав градот, плоштадот, кога немаше ништо и личеше на паланка обична, ќе му кажам да не ми глуми лудило. Сега е 8 пати поубав и сите сме свесни затоа, на сите ни е померак гостите од надвор да ги шетаме по овој осветлен, „натрупан“ плоштад, отколку порано кога стварно не знам што имаше да се види.

Од друга страна пак, ако некој мисли дека сме ние финанскиски способни за овој проект, дека е домаќински да немаш вода платено а да си купи плазма телевизор дома, ќе му речам уште повеќе да не ми глуми лудило!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom