Реков нема ништо да напишам,ама пусто срце јуначко па не можам а да не изедам говна...всушност сатнува збор за најактуелната тема во моментов...враќањето на Јохан дома...ако некој искаже несогласување со се ова што се случуваше,сите овие церемонии и.т.д,веднаш е предавник,бездушник ,црна овца итн. Епа еве и јас да го кажам мојот став: Дали Вие г-да од Владата на РМ некогаш сте слушнале дека во оваа држава имаше и сеуште постои една единица за специјална намена наречена ВОЛЦИ?Дали сте слушнале дека нивните припадници најубавиот дел од своите животи го посветиа на државата??Незнам дали сте слушнале дека некои од нив и ги дадоа своите животи во обид да ја одбранат државата? Дали можеби некогаш некој ви раскажувал во 2001 дека целата армија се потпираше на таа единица,додека вие си седевте во вашите кабинети а некои од вас си играле во градинките? Можеби некој ви има кажувано дека тие момчиња извршувале задачи какви што ниту вие а ниту вашиот Јохан веројатно и на филм немате гледано...и конечно дали и ТИЕ требаше да бидат прогласени за воени злосторници за да го привлечат вашето внимание и да добијат барем малку почит и внимание? Навистина немам ништо против Јохан,но ова што го направивте беше бедно,срамно, и да не беше жално веројатно ке беше смешно...Со ова и многу други луге навредивте а да не зборувам за пораката што ја оставивте...патот до славата во нашата чудесна земја !!!