Имате
тема за гласање за потпечени макарони, оваа недела готвиме
Домашен бурек
Потребни состојки:
- 500 гр. готови кори (по можност подебели)
- 300 гр. сирење
- 200 гр. солена урда
- 300 мл. кисела вода
- 125 мл. зејтин
- пола лажиче сол
- 50 гр. маргарин кристал
Подготовка:
Во подлабок сад измешајте го зејтинот со киселата вода и посолете (ако ви е многу солено сирењето пазете да не пресолите). Сирењето издробете го со вилушка и измешајте го заедно со урдата.Округлата тава за печење намачкајте ја убаво со маргарин (долу и странично намрсете за да не ви се залепи).
Ставете две кори (една по една ги ставате) на кои треба краевите да им излегуваат од тавата и попрскајте со течноста (зејтин и кисела вода). Остатокот кори поделете го во групи од по три кори. Земете три кори, ставете ги во тавата една преку друга, така што ќе ги згужвате за да ги собере, а врз третата кора ставете малку од издробеното сирење и урда. Повторете ја постапката и со останатите кори, освен со последните 3. Првата од последните три кори изгужвајте ја во тепсијата и попрскајте ја со течноста. Врз неа ставете ја претпоследната кора и исто така попрскајте ја и ставете го остатокот од сирењето. Ставете ја и последната кора и неа попрскајте ја со мешавината од зејтин и кисела вода.Краевите од првите две кори кои излегуваат од тавата превиткајте ги кон последните кори - затварајќи го бурекот и попрскајте со остатокот од течноста.
Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути т.е додека не порумени. Кога ќе биде готов бурекот, превртете го во тава со иста големина.
п.с.Постапката е иста и за друг фил, само доколку правите бурек со месо внимавајте да не претерате со зејтин.