[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Овој натправар го сметам во ранг на Евровизија и затоа почекував да бидам меѓу последените што постирале за да му бидат свежи сеќавањата на плебсот што дели поени.

За да го добијам овој натпреват си повикав двајца мои пријатели кои ќе се обидат да ја придобијат женската популација од гласачите.

Во секој случај ќе имам два сигурни гласа од Crazy in Love и Рокенрола која не можам да ја тагнам.

насловна.jpg

Еве ја и припремата

Сварив макарони

макарони.jpg

Направив сос и наместо месо ставив печурки

сос.jpg

Потоа ги ставив макароните во тавите за печење

предпечење.jpg

Му наредив кашкавал

кашкавал.jpg

И ги ставив во фурна

фурна.jpg
 
Овој натправар го сметам во ранг на Евровизија и затоа почекував да бидам меѓу последените што постирале за да му бидат свежи сеќавањата на плебсот што дели поени.

За да го добијам овој натпреват си повикав двајца мои пријатели кои ќе се обидат да ја придобијат женската популација од гласачите.

Во секој случај ќе имам два сигурни гласа од Crazy in Love и Рокенрола која не можам да ја тагнам.

Прегледај го приврзокот 62006

Еве ја и припремата

Сварив макарони

Прегледај го приврзокот 62007

Направив сос и наместо месо ставив печурки

Прегледај го приврзокот 62008

Потоа ги ставив макароните во тавите за печење

Прегледај го приврзокот 62009

Му наредив кашкавал

Прегледај го приврзокот 62010

И ги ставив во фурна

Прегледај го приврзокот 62011
Aaaa браво, си се потрудил ептен. Па уште у земјена тава ммм мх, мх, мх :свиркам:
Алал да ти е, домаќине :)
--- надополнето: 13 април 2013 во 16:09 ---
DSC00143.jpg

Нека стои сликичево колку само да учествувам другите јадења подобро ветувам :pos:
Браво и за тебе.

Останува уште еден ден до постирање на слики, а утре веќе праиме тема за гласање и нов рецепт :pipi:
 
Учете од Windfucker ако сакате да ми ги соберете лајковите. Видете мал детал како Сајмон Бејкер како помага во рецептот. :pos:
 
На ред е моето дело :)

Измени во рецептот:
1. Наместо месо - печурки
2. Наместо зејтин - маслиново масло
3. Во смесата со печурки нема црвен пипер, а има кашкавал и оригано
4. Во смесата со јајца, к. млеко и млеко има кашкавал

Малце првата ја кропнав и затемнив, другите немаат никакви ефекти :)

536222_10200183973616665_275040342_n.jpg

536222_10200183973656666_408992375_n.jpg
552720_10200183996137228_158444884_n.jpg

Да не бидам како Алачки, сама да се фалам :) Доаѓајте на дегустација дур уште има :icon_mrgr:

се убаво ама намето габи да имаше месо ке ти дадах 10/10 а така как со е со габи, имаш 9/10. така как шо е убаво издекорирано, немам зборови... искрено, мн кеф ми прави как е издекорирано и затава добија на некој начин плус поени :D

оценката е веке дадена и мислам дека нема потреба од дополнителен коментар...
 
Дечки, алал ви вера на сите стварно, али праам Не ја надгледувај темата пошто сум на режим и вежбам, така да стварно лошо делува, верујте :icon_lol:

Киска, топ сте, mwa
 
Јбг, нема кај мене готвење со месо :pipi:
--- надополнето: 14 април 2013 во 17:00 ---
Дечки, алал ви вера на сите стварно, али праам Не ја надгледувај темата пошто сум на режим и вежбам, така да стварно лошо делува, верујте :icon_lol:

Киска, топ сте, mwa

И јас сум на диета, вака психичка тортура си праам :icon_mrgr:
 
Имате тема за гласање за потпечени макарони, оваа недела готвиме

Домашен бурек

Потребни состојки:
- 500 гр. готови кори (по можност подебели)
- 300 гр. сирење
- 200 гр. солена урда
- 300 мл. кисела вода
- 125 мл. зејтин
- пола лажиче сол
- 50 гр. маргарин кристал

Подготовка:
Во подлабок сад измешајте го зејтинот со киселата вода и посолете (ако ви е многу солено сирењето пазете да не пресолите). Сирењето издробете го со вилушка и измешајте го заедно со урдата.Округлата тава за печење намачкајте ја убаво со маргарин (долу и странично намрсете за да не ви се залепи).
Ставете две кори (една по една ги ставате) на кои треба краевите да им излегуваат од тавата и попрскајте со течноста (зејтин и кисела вода). Остатокот кори поделете го во групи од по три кори. Земете три кори, ставете ги во тавата една преку друга, така што ќе ги згужвате за да ги собере, а врз третата кора ставете малку од издробеното сирење и урда. Повторете ја постапката и со останатите кори, освен со последните 3. Првата од последните три кори изгужвајте ја во тепсијата и попрскајте ја со течноста. Врз неа ставете ја претпоследната кора и исто така попрскајте ја и ставете го остатокот од сирењето. Ставете ја и последната кора и неа попрскајте ја со мешавината од зејтин и кисела вода.Краевите од првите две кори кои излегуваат од тавата превиткајте ги кон последните кори - затварајќи го бурекот и попрскајте со остатокот од течноста.
Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути т.е додека не порумени. Кога ќе биде готов бурекот, превртете го во тава со иста големина.

п.с.Постапката е иста и за друг фил, само доколку правите бурек со месо внимавајте да не претерате со зејтин.

photo0016yk.jpg

burek_sirenje_recept.jpg
 
Јас ќе го прескокнам овој пат, не ја прекршувам диетата повторно. :)
 
Ќе има повторно некоја награда? Би можел да пробам.
Ќе има - литар јогурт :D
Ajде да видиме на кого каков ќе му излезе бурекот.
--- надополнето: 15 април 2013 во 18:48 ---
Леле Олимпијо, многу тешок рецепт неделава си ставила...
Многу тежок рецепт, ептен :icon_lol:
15 минути работа и пола саат печење. Башка шо е ептен вкусен.
Пробај напрај го да те видам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom