Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Библијата прави разлика меѓу пеколот (еената) и подземјето (шеолот). Пеколот/геената е всушност огненото езеро што гори со запален сулфур каде што ќе отидат ѓаволот, неговите ангели (демони) и непокајаните. Огненото езеро ќе биде пополнето по Судниот ден, а не пред тоа. Подземјето (еврејски: шеолот) било привремено боравиште на душите. Исус Христос јасно кажа дека Тој ги има клучевите од подземјето, дека на второто воскресение подземјето ќе ги предаде своите мртви (значи не вели пеколот ќе ги предаде своите мртви, туку подземјето-шеолот). Исус јасно кажа дека по Судниот Ден и смртта и подземјето ќе бидат фрлени во Огненото Езеро каде што се разбира ќе бидат уништени.
Црквата познава само еден пекол, во две состојби: пеколот пред Велика Сабота, во кој „одеа„ душите од луѓето, со тоа што душите од праведниците му се придружуваа на Авраама, во т.н. крило/лоно Авраамово, како еден вид изолиран „простор„ во пеколот, и пеколот после Велика Сабота, кога Христос беше во пеколот, го проповедаше евангелието и ги ослободи душите од праведнците од пеколите стеги и маки, а самиот пекол делулмно ја изгуби силата за заробување човечки души.

„Локацијата„ на пеколот не е буквално во земјината внатрешност, затоа што пеколот ја прикажува пред се‘, пеколната состојба во која се наоѓаат душите од неправедниците, а тоа што пеколот е „сместен„ „во внатрешноста„ од Земјата, е само симболичен приказ на падот од пеколот и пеколната состојба, како антипод на продуховеноста и височината од Небесата и возвишената состјба од душите од праведниците, кои обитуваат во близината Божја.
--- надополнето: 13 април 2013 во 20:15 ---
За Црквата 40-тиот е битниот ден.Не знам зошто вадат година,тоа е само од народот излезено го одбележуваат денот на смртта.Можеш свештеник кога сакаш да викнеш да му одаде молитва на покојниот.
За душите од упокоените, битни се: 3-от, 9-от и 40-от ден, а тн. „6 месеци„ и „година„ претставува сеќавање на живите за душите од своите упокоени роднини.
--- надополнето: 13 април 2013 во 20:19 ---
Апсолутно си во криво. Се знае кога ќе има суд и кој ќе бидат судени. Праведните (запишаните во книгата на животот) нема да бидат судени, туку ќе судат, т.е. ќе имаат можност да ги видат грешните дела на судените и како доказ дека Бог е праведен. .
Ова е, колку паметам, мудрување од Тома Аквински...Демек, душите од праведниците ќе им се исмевале на душите од неправедниците, гледајќи ја мизерната состојба од неправедниците.
--- надополнето: 13 април 2013 во 20:21 ---
Зашто Исус пак ќе дојде ако после смртта духот оди во рај или пекол? Нема никава смисла, ниту пак пишува така во Светото Писмо..
Секако дека има слисла, и тоа дебела!

Ако после смртта, и‘ се суди само на душтата, на Судот Христов, по воскресението, Он ќе и‘ суди и на душата и на телото, истовремено!

Ти текнуе?...
--- надополнето: 13 април 2013 во 20:23 ---
Сите овие работи се запишани во последната книга, Откровение која вие правозлавните не ја чепкате и се прашите да ја читате и толкувате оти ке ве побие во корен.
Секако, чекавме да се појавите „вие„ и да се впуштите во точното толкување на Откровенитео, кажувајќи ни‘ што видел Св. Ап. Јован.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
За душите од упокоените, битни се: 3-от, 9-от и 40-от ден, а тн. „6 месеци„ и „година„ претставува сеќавање на живите за душите од своите упокоени роднини.
--- надополнето: 13 април 2013 во 20:19 ---
Би ти биле благодарни ако постираш текст за задгробниот живот и движење на душата во тие 40 дена се до судот.Нешто како извадок од таа книгата на монахот кој го опишува тоа.
Можеби и како посебна тема или ако не сакаш во пп.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Би ти биле благодарни ако постираш текст за задгробниот живот и движење на душата во тие 40 дена се до судот.Нешто како извадок од таа книгата на монахот кој го опишува тоа.
Можеби и како посебна тема или ако не сакаш во пп.
Можам да Ти ја препорачам книгата „Голем Е Бог„ од романскиот монах Клеопа, која дава точен приказ за патот на душата човекова после смртта, до 40-от ден.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Би ти биле благодарни ако постираш текст за задгробниот живот и движење на душата во тие 40 дена се до судот.Нешто како извадок од таа книгата на монахот кој го опишува тоа.
Можеби и како посебна тема или ако не сакаш во пп.
i mene ova me interesira
aj MIKI1 te molam malku poopsirno za 3, 9 i 40 den
--- надополнето: 13 април 2013 во 20:50 ---
Можам да Ти ја препорачам книгата „Голем Е Бог„ од романскиот монах Клеопа, која дава точен приказ за патот на душата човекова после смртта, до 40-от ден.
ja ima vo elektronska verzija?
kaj da ja najdam
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
i mene ova me interesira
Основно, зависи дали душата имала праведен или неправден живот. Ако човекот водел праведен/побожен живот, тогаш и неговото упокојувае/умрање се случува лесно, а во спротивно, неправедникот на пример, умира тешко, бавно, во маки, затоа што неговата душа не може да се одводи лесно од телото.

До 3-од ден: ако душата била праведна, таа ги посетува местата на Земјава на кои чинела добри дела. Ако душата била неправедна, таа со тешкотии ќе се одвои од Светов, заради нејзината неправедност и приврзаност но Светов и кон своите недела.

До 9-от ден: душата, водена од ангелот-чувар, го посетува Рајот и неговите убавини и ги среќава и препознава сите свои предци/роднини.

До 40-от ден: душата го посетува пеколот и бидува искушувана на т.н. митаства, каде демоните и‘ ги читаат нејзините лоши дела,обидувајќи се да ја наклеветат и да ја осудат на пеколни маки. Ангелите ги бараат и изнесуват добрите дела од душата, за да ја спасат од клеветите демонски и за да фи „покријат„ нејзните лоше дела.

На 3-от, 9-от и 40-от ден, душата се среќава со својот Творец, за да Му се поклони, 3 пати. (Затоа на упокоените им се изнесуваат тие три дена, со придружни молитви).

По 40-от ден, душата добива од Христа привремена пресуда: или ќе „оди„ во Рајот или во пеколот. Душата човекова ќе остане „таму„ се‘ до второто Христово доаѓање и Неговиот страшен Суд.

Ова е најкраток можен опис за периодот до 40-от ден. Детаљен опис, имате низ црковната литература, како во книгата од монахот Клеопа, која има и македонски превод, а можете да се најдете низ книжарницте кои имаат и верска литература, како на прмимер, книжарницата „Икона„. Не ми е познато дали книгата има и своја електронска верзија, затоа што користам исклучиво печатена литература.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
MIKI1 fala za odgovorot
me interesira dali za tie 40 dena dusata gi posetuva i lugjeto koi gi saka ( semejstvo, prijateli itn) ??
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако мислиш на непосреден контакт помеѓу душата од упокоениот и неговите роднини и пријатели-не, не ги посетува, затоа што е одвоена од телото, а душата човекова има контакт со материјалниов Свет, што значи и со луѓето, само преку своето тело. Душата, доколку била праведна, ги посетува местата на кои чинела добри дела, но без непосреден контакт со живите.

Но, затоа може да ги види своите предци и сите Светии, после 3-од ден од упокојувањето.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
а што е со оние неуспокоени души што остануваат заглавени во овој материјален свет?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Ако мислиш на непосреден контакт помеѓу душата од упокоениот и неговите роднини и пријатели-не, не ги посетува, затоа што е одвоена од телото, а душата човекова има контакт со материјалниов Свет, што значи и со луѓето, само преку своето тело. Душата, доколку била праведна, ги посетува местата на кои чинела добри дела, но без непосреден контакт со живите.

Но, затоа може да ги види своите предци и сите Светии, после 3-од ден од упокојувањето.
A ako bil zloben.direktiva Ban dobiva.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
A kade e taa knizarnica Ikona.ili nekoja druga knizarnica so verka literatura.
mountain,
книжарницата „Икона„ има дуќани во„Рамстор„ и во Центар, спроти „Мек Доналдс„. Има свој штанд и на саемите за книга.
--- надополнето: 13 април 2013 во 22:42 ---
а што е со оние неуспокоени души што остануваат заглавени во овој материјален свет?
Да, има и такви случаи, кои детаљно ги опишува блажениот Серафим во книгата „Душата по смртта„, издадена и на македонски јазик, набавлива во наведената книжарница. Блажениот Серафим во таа книга не ги третира 40-те денови по смртта, туку оние, кои го напуштаат телото а сепак не „одат„ кон Небесата, туку се враќаат во своето тело, како што се случаите со т.н. клиничка смрт или коматозните случаи.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
mountain,
книжарницата „Икона„ има дуќани во„Рамстор„ и во Центар, спроти „Мек Доналдс„. Има свој штанд и на саемите за книга.
--- надополнето: 13 април 2013 во 22:42 ---


Да, има и такви случаи, кои детаљно ги опишува блажениот Серафим во книгата „Душата по смртта„, издадена и на македонски јазик, набавлива во наведената книжарница. Блажениот Серафим во таа книга не ги третира 40-те денови по смртта, туку оние, кои го напуштаат телото а сепак не „одат„ кон Небесата, туку се враќаат во своето тело, како што се случаите со т.н. клиничка смрт или коматозните случаи.

мики ај те молам и за ова малку поопширно
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Црквата познава само еден пекол, во две состојби:
Ирелевантно е што познава МПЦ или СПЦ или некоја друга самонаречена „црква“. Тоа што ќе ставиш големо „Ц“ пред зборот „Црква“ воопшто не те прави црква, а камо ли Христова Црква. Христовата Црква го следи учењето на Христос, а Христос јасно во Светото Писмо (т.е. Божјото Слово) вели дека Подземјето (Шеолот) ќе биде фрлено во Огненото Езеро (Геената).
Дали може контејнер да биде фрлен во самиот себе? Се разбира дека не. Но затоа може еден контејнер да биде фрлен во друг контејнер. Оттука, а и од други места, јасно следи дека Шеолот и Геената се две различни непожелни места.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
или некоја друга самонаречена „црква“.
Се согласувам со Тебе (немогуче, а?...:D), па така, ирелевантно е што кажуваат оние кои се надвор од Црквата и кои немаат грам духовно искуство. Според нивното мнение, испаѓа дека не постои 1, туку 2, а можеби и повеќе „пеколи„ (не знам како се пишува „пекол„ во множина, веројатно затоа што нема множинска форма од иразот „пекол„...) а од тоа произлегува дека демоните немаат што друго да прават, па покрај едниот пекол, створиле уште ден, за резерва, со случај да се „напуни„ првиот и да има што да ста‘ат и во другиот...:sneaky:
--- надополнето: 14 април 2013 во 00:19 ---
мики ај те молам и за ова малку поопширно
О.К. Ќе напишам и за тоа некоја реченица, во текот од денов...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Се согласувам со Тебе (немогуче, а?...:D), па така, ирелевантно е што кажуваат оние кои се надвор од Црквата и кои немаат грам духовно искуство. Според нивното мнение, испаѓа дека не постои 1, туку 2, а можеби и повеќе „пеколи„ (не знам како се пишува „пекол„ во множина, веројатно затоа што нема множинска форма од иразот „пекол„...)
Јас никаде не реков дека постојат 2 пекола. Читај ме внимателно, ако вооптшо ме читаш. Јас само реков дека постојат две боравишта (духовни места) каде што оделе и одат душите. Едното е Шеол (кое што не го нареков пекол, туку подземје - онака како што е и преведено во македонскиот превод на Библијата), а другото е пеколот (или „геена“ како што стои во коине грчкиот јазик на кој што е пишуван Новиот Завет).
Неколку пати јасно го дистанцирав пеколот од подземјето, али со тебе кој се разбрал, па јас да се разберам?

а од тоа произлегува дека демоните немаат што друго да прават, па покрај едниот пекол, створиле уште ден, за резерва, со случај да се „напуни„ првиот и да има што да ста‘ат и во другиот...:sneaky:
Од ова произлегува дека ти веруваш дека демоните го створиле пеколот? :) Пријателе, извини вака што ќе те прашам директно и пред сите, али дали ти барем еднаш во животот ја имаш прочитано Библијата? Те прашувам бидејќи гледам дека имаш тотално искривена и библиски погрешна перцепција за пеколот.


„Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!“ (Исус, ев. Матеј 25:41, Библијата)

Како што гледаш тука пеколот бил приготвен ЗА ѓаволот и неговите ангели (демони), а не ОД нив. Зар се будали демоните па ќе си прават огнено езеро за потоа да се џитнат во него? :)
Или можеби перцепцијава си ја добил од оние цртанине филмови каде што ѓаволот е претставен како цар на пеколот и седи во престол, а демоните онака со насмевка на лицето ги мешаат луѓето во казаните? :) :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom