Donald Sikert Soul-of-Space Beric Dondarrion Werther Metta World Peace MIKI1 .................
Дечки, ве молам прочитајте го ова 3 пати.
Вие и уште неколку други членови, сте во 99% од случаите причина за добра и продуктивна дискусија, и во 100% од случаите сте причина за недолично однесување, меѓусебен чат, верска нетрпеливост и религиска пропаганда.
Не ја злоупотребувајте толеранцијата што ја нуди форумов односно подфорумов Религија, и модераторите/администраторите кои го раководат истиот.
Се работи за правила на однесување, кои понекогаш знаете да ги занемарите до тој степен што директен црвен картон би бил - најправилната одлука.
Екслекс долго време ја водеше таа битка сам, а сега и јас сум дел од се што се случува овде.
Се потрудивме и пробавме со различни методи - да се воведе ред и хармонија низ темите, но не вроди некој значителен резултат тоа.
Не е секогаш решение банот, но во исто време залудно е да се решаваат некој проблеми со зборови.
Темите за Христијанството и Исламот се теми каде што човек треба да НАУЧИ НЕШТО ПОВЕЌЕ, да ја спознае својата религија, да се спознае самиот себе. Нормално, ако е верник. За атеистите исто така има доволно теми каде што можат да ја дискутираат својата тематика.
Осеќам дека полека но сигурно почнува да се губи смислата на насловот од темата, и истите муабети/проблеми се метастазирани глобално низ цел подфорум. Не се бира ни место ни начин да се води една разумна политика со зборови, да се води натпревар со факти, да се најде заеднички баланс кај сите несогласувања што постојат.
НИЕ разбираме дека секој има свое размислување, и дека не мора да се сложи со мислењето од други, но тоа може да го стори на коректен и фер начин, со одбрани зборови и мисли.. односно силата да ја демонстрира со големината на речникот и фактите, а не со истурањето на негативна енергија и зборови врз останатите членови.
Ова е јавен форум и овде има и многу гости кои читаат а не се членови, а исто така има и членови кои читаат а не пишуваат ништо.
Морам да ве замолам и да ве предупредам дека во иднина е можно да се мени политиката на модерирање.
Што значи тоа?
Тоа значи дека ќе се добиваат директни банови после неколку опомени, а не е никаков проблем да се добие и бан од прва.
Ќе се зголеми и бројот на негативните поени кои по автоматизам се добиваат при секоја опомена.
Некои теми ќе бидат привремено, а некои и перманентно заклучени.
Ќе се прошири црната листа на забранети поими и изрази.
Ќе се води евиденција каде е почетокот на проблемот и тој што го сторил тоа ќе сноси одговорност за се друго што било напишано под неговото.
Не ја исклучувам ни можноста да се добиваат глобални банови (бан на цел форум)
Ќе се води евиденција и за продуктивноста на дискусиите. Претходно решени проблеми, нема да бидат повторувани и решавани одново.
Ќе се бришат мислења и при мали обиди за оф топик.
Значи, спремни сме да одиме и до тој степен - подфорумот да страда и да остане без "сообраќај", само да се стави крај на некои непоправливи проблеми.
Ќе ве замолам како луѓе со разбирање и елементарни познавања од тоа што претставува еден форум, како место за ширење познанства, размена на информации, едукација, база на милион теми и прашања - да престаните со глупирање и препуцавање на истите теми, за истите проблеми, и голем дел од работите да ги решавате на друго место. Имате приватни пораки, имате фејсбук, скајп и милион други начини за комуникација кои нема да му штетат на најмасовниот македонски форум.
Колку и да е чувствителен подфорумот Религија, сепак тоа е јавен форум, и вашите мислења може да ги чита дете од 10 години, и старец од 100 години.
Администрацијата нема да дозволи поединци да влијаат врз рејтингот на она што го граделе со години - основачите и членовите на Кајгана.
Со почит према сите, и да не сум погрешно сватен. Ова важи подеднакво за секој член.
Поздрав.