Јохан се врати дома! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Бесплатни автобуси од цела Македонија и кој ќе дојде во работен ден? Пензионерите? :D
 
неможам да опишам колку ми е мило што јохан е конечно слободен. неможам да ги сокријам солзите кога ги гледам видеата колку неправда е нанесена на човекот - ни крив ни должен го изеде стапот заради нечии партиски и политички интереси.

Јохан Македонија никогаш не те заборави! - Тие што те пикнаа во затвор на најмилото да им врати судбината!!!
 
Денес се враќа Јохан. Бесплатен превоз до Скопје од сите градови

Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски, по повод враќањето на херојот во Македонија организира свечена програма за грандиозен дочек достоен за одбележување на овој светол и слободарски чин, која ќе содржи повеќе настани.Во соопштението на здружението стои следново:
"Сакаме да Ве информираме дека Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски, по повод враќањето на херојот Јохан Тарчуловски во Македонија организира свечена програма за грандиозен дочек достоен за одбележување на овој светол и слободарски чин, која ќе содржи повеќе настани.
Здружението ги поканува сите граѓани на Република Македонија, во 14:30 часот да присуствуваат на официјалниот дочек на херојот Јохан Тарчуловски на аеродромот Александар Велики и со своето присуство да го збогатат и одбележат овој настан.
За таа цел Здружението обезбеди 50 автобуси кои бесплатно ќе ги транспортираат граѓаните од Скопје до аеродромот Александар Велики и назад до Плоштадот Македонија. Автобусите ќе тргнат во 13:00 часот од паркингот лоциран во близина на спортскиот центар Борис Трајковски.
Здружението обезбеди и 200 автобуси кои ќе овозможат бесплатен превоз на сите граѓани од градовите од внатрешноста на државата до Скопје и назад, кои ќе тргнат од локациите и времето наведено во прилог на овој допис.

Ги покануваме сите граѓани да дојдат пред Владата на Република Македонија во 15:45 часот, каде што херојот Јохан Тарчуловски ќе има прием кај премиерот Никола Груевски.

Ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на централната свечена манифестација за дочек на херојот Јохан Тарчуловски која ќе се одржи на Плоштадот Македонија и ќе започне во 16:30 часот. На свечената манифестација ќе има богата културно уметничка програма на која ќе настапат со свои песни најпознатите пејачи на народна и забавна музика од Македонија. Пред започнувањето на манифестација херојот Јохан Тарчуловски ќе положи цвеќе пред Споменикот на бранителите кај Портата Македонија.“
Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски испраќа јавна благодарност до сите граѓани, до Владата на Република Македонија, до сите стопански субјекти кои во изминатиот период ја поддржуваа нашата иницијатива за ослободување на Јохан Тарчуловски и кои даваа поддршка на неговото семејство, и кои помогнаа во организацијата на целокупната програма за свечениот дочек на Јохан Тарчуловски.
tarc1.gif

tarc2.gif

tarc3.gif

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/604...an-besplaten-prevoz-do-skopje-od-site-gradovi
 
Само да не го скинат браќава нека се пази и да не се меша во политика да не заврши како Љубе.
 
Само да не го скинат браќава нека се пази и да не се меша во политика да не заврши како Љубе.
А што мислиш како е влезен во тоа што го работел преку конкурс или преку партија?
 
А што мислиш како е влезен во тоа што го работел преку конкурс или преку партија?
Абе да не тргне контра пастирот и партијата на тоа мислам :)
Дур си се држи со нив и си ќути и дур го користат за публицитет ќе си биде арен.....
Само да не му текне да формира партија,матер ќе му ебат овие.
 
Само нека не се меша во политиката... Толку имам да кажам, како Македонец сум среќен што конечно излезе од затвор, сега нека ја гледа фамилијата и децата.
 
trgnaa.jpg

Сликата :pos: Инаку мило ми е што излезе од затвор бидејќи беше невиновно затворен:vozbud:
 
Мајка ми се расплака, а и ја не останав покус.

Ех Јохане што дочека....се бореше против терористи, а за „награда“ доби затвор, додека тие добија министерски фотељи. О курво судбино...
 
Мило ми е што конечно дојде дома, ама смешна ми е идејата што воопшто беше осуден...
Иначе каде црвен тепих, каде воен оркестар, каде ХИМНА ???
Стварно очекував барем воениот оркестар кога се симна Јохан од авион да ја свири химната, ама рамковниов замешал прсти изглеа...
У споредба со пречекот на пистата што го направија Хрватите на Маркач и Готовина, нашиов ми изглеа некако лошо...
 
Не ми е јасно со кое лице, глујо го прегрнува Јохан, и со кој образ го погледнува во очи?
Тој истиот циркузант, седна учка во фотеља, и сега тој истиот циркузант приредува пречек со сите салтанати на човекот, кој ратуваше против учката... Која дволичност, кое лицемерие, ѓубриња едни засмрдени...

П.С. Јохан, Лаву, добродојде „дома“....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom