Многу одамна во врска со ремонт на мотор, на темава добив информација дека ретко кој може да направи успешен ремонт во МК. Е сега колата (астра 96 бензинец 8в, мислам има исузу мотор, не сум сигурен) ептен почна да чади па во консултација со мајсторот (кој за поправки се покажа прилично солиден) ми рече имам 2 опции -ремонт (целосен) или мотор на старо. Прва опција е проблем затоа што на претходното менување некои делчиња (кај друг мајстор), не можеа да најдат брегаста (пробаа од неколку стари мотори) која е таман за моторот (за нула не знам колку милиметри лежиштето, сум имал нестандарден мотор наводно) плус како што некои овде рекоа, тешко е да се изведе квалитетен ремонт.
Втората опција е мотор на старо, е проблем што однапред не знам каков мотор ќе ми продадат. Можеби е "продуван" па ќе се зезнам уште еднаш. Цените ме информираа дека се слични на ремонт и стар мотор со вградување (400-500 евра).
Па ако знаете каде има околу Скопје или Скопје регуларни мотори на старо и по кои цени, да не продаваат ептен неисправни, ве молам да ме информирате.