Се каете ли што сте се иселиле од Македонија?

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Тоа што Турците, Србите, Бугарите не успееја да го направат до 1946 т.е да не асимилираат, уништат или едноставно да не снема од тука, успееавме самите ние да си го направиме за неполни 20 години, да се иселиме
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.998
Поени од реакции
74.170
Колку и да ме тера државата да си одам одовде свесен сум дека најверојатно нема никогаш да ја напуштам.

Не можам да се излажам себеси, ептен сум носталгичар и не би издржал ни месец дена надвор од Македонија :icon_mrgr:

Гледам каков живот живеат роднините во Швајцарија и Шведска, и од самата помисла ми доаѓа да експлодирам од тоа колку им е досадно :icon_mrgr:

И не е вистина дека којзнае колку пари имаат Македонците во странство. Вистина ако дојдат со тие пари во Македонија ќе се чувствуваат како милионери, тетка ми работи во цвеќара во Шведска, а кога ќе дојде овде има пари во новчаник како да е претседател на државава, но за нивен стандард тоа си е само просек.

И таму братучед ми заврши два факултета (математика и физика) и после којзнае колку години најде работа како професор во средно, и тоа првите години не се водеше како редовен професор.

Друга работа тука ми е се, отидам ли од овде, во странство ќе бидам странец, а кога ќе се вратам дома повеќе нема да биде исто, ќе бидам странец во странство, но и странец ДОМА...
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Тоа што Турците, Србите, Бугарите не успееја да го направат до 1946 т.е да не асимилираат, уништат или едноставно да не снема од тука, успееавме самите ние да си го направиме за неполни 20 години, да се иселиме
Цело време пробувам тоа да кажам..
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ахам,а не те гризе ли совеста дека вие што ја напуштате Македонија за цел живот сте го оставиле својот народ и својата држава на милост и немилост на други на сметка на ЛУКСУЗЕН ЖИВОТ ?
Знам дека е некултурно да се умешам во разговор ама ипак морам.

Си правел муабет (или подобро познаваш некој лично) што се иселил од Македонија? -Ама да направиш здрав муабет?
Си ги посетил овие поблиските земији ака Западот-Германија, Швајцарија, Франција, Италија (таму кај што одат најмногу во европскиве) за да споредуваш и тврдиш дека било слично како тука и само парите била разликата?
А која перспектива ти ја нуди Македонија со завршен било кој факултет? Да, убаво ти пишаа претходно дека со 200 евра фамилија не се рани, за да ја прехраниш ти требаат пари а не патриотизам.
А чекај бе, во кој момент си се осетил ти битен за државата и дека истата таа се погрижила за тебе? (Освен последниов месец #Избори).
Одговори ми па ке продолжиме.
 
Сум бил во Италија и Словенија,и да точно е поубаво е и за живеење а и финансиски многу повеќе се заработува.Ама тоа не е причина дека треба масовно да се селиме од нашата држава,ако идеме по таа логика зошто тогаш според тебе има потреба да постои Македонија ?и не само Македонија,ете и грција,србија,бугарија,абланија,хрватска и други останати држави кога кај нив се живее исто како кај нас баш исто и финансиски и општо на политички и етнички план ?
 
Како не е причина да се иселиш од Македонија кога не можеш нормален живот да си дозволиш а камоли некој поголем луксуз како на пример Мерцедес, одмор секоја година, брендирана облека итн итн?

Од државите што ги спомни најблиску ни е само Албанија, мада и тие веке не поминаа. Ми споредуваш Хрватска, Србија и Грција со Македонија? Јаооо :facepalm:

Колку е просечна плата во Македонија си запознаен?
--- надополнето: 7 април 2013 во 17:24 ---
Да ти ги ДУПАМ, и Канда, и Нов Зеланд и АВСТРАЛИЈА и УСА, И цела Европа, и сите и секаде,
Од 1988 сум излегол од Македонија и се КАЈАМ секој ден и секоја ноќ, не чекајте државата и политичарите да ви дадат работа и пари, сами почнете со малку помалку да ја разрабоѕтувате математиката.
Да ти ги мочам парите у странство и живот да ти го мочам кога, одите да бидете СЛУГИ на мрзите и АРАМОЛЕБЦИТЕ.
пОГЛЕДНИ ГИ СТАТИСТИКИТ ЗА АВСТРАЛИЈА САМО 5% ОД МАКЕДОНЦИТЕ ТАМУ ИМААТ завршено факултет.
И 5% имаат свој бизнис, ако одите во странство само да им ги бришате лајната на капиталистите седете во МК и купете си овци или крави и ете ви бизнис.
Ебати бизнисмените ваши и матични бројове и поштенски маркици и машини за лижење капиталистички газови.
Син ми има 2 години и го учам да збори македонски да зависи се од мене утре би се вратил, во странство само ум се печали ништо друго.
Патриоти!!!!
Во странство лајна на капиталисти, тука газови на политичари-Да живее патриотизмот! Газовите се Мејд ин Маседониа оф корс.

Што не се вратиш и да купиш овци или крави туку остануваш таму?
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Како не е причина да се иселиш од Македонија кога не можеш нормален живот да си дозволиш а камоли некој поголем луксуз како на пример Мерцедес, одмор секоја година, брендирана облека итн итн?

Од државите што ги спомни најблиску ни е само Албанија, мада и тие веке не поминаа. Ми споредуваш Хрватска, Србија и Грција со Македонија? Јаооо :facepalm:

Колку е просечна плата во Македонија си запознаен?
Е сеа ако сакаме само да ја кривиме реалноста. Имам пријатели во сите овие држави што ги набројав и гола сиромаштија се, народот им е ист како и нашиот, да не објаснувам сега овде што и како...околу 100,200 евра е просечната плата.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Барем не ги тепаат по автобуси таму, кога ќе викнат полиција одма иде, кога ќе појдат на доктор не им вика докторот немаме материјали, не ги кршат колите ради распукани улици, не чекаат со месеци за еден ебан документ итн итн.
 
M

mordekaj

Гостин
Да ти ги ДУПАМ, и Канда, и Нов Зеланд и АВСТРАЛИЈА и УСА, И цела Европа, и сите и секаде,
Од 1988 сум излегол од Македонија и се КАЈАМ секој ден и секоја ноќ, не чекајте државата и политичарите да ви дадат работа и пари, сами почнете со малку помалку да ја разрабоѕтувате математиката.
Да ти ги мочам парите у странство и живот да ти го мочам кога, одите да бидете СЛУГИ на мрзите и АРАМОЛЕБЦИТЕ.
пОГЛЕДНИ ГИ СТАТИСТИКИТ ЗА АВСТРАЛИЈА САМО 5% ОД МАКЕДОНЦИТЕ ТАМУ ИМААТ завршено факултет.
И 5% имаат свој бизнис, ако одите во странство само да им ги бришате лајната на капиталистите седете во МК и купете си овци или крави и ете ви бизнис.
Ебати бизнисмените ваши и матични бројове и поштенски маркици и машини за лижење капиталистички газови.
Син ми има 2 години и го учам да збори македонски да зависи се од мене утре би се вратил, во странство само ум се печали ништо друго.
Патриоти!!!!
Ако тебе не ти е добро у странство,оти па ти не се вратиш у Македонија.Ете врати се и купи си овци и крави и напрај си бизнис.Незнам шо уопште седиш уште у странство и им бришиш лајна на капиталистите.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Е сеа ако сакаме само да ја кривиме реалноста... имам пријатели во сите овие држави што ги набројав и гола сиромаштија се,народот им е ист како и нашиот,да не објаснувам сега овде што и како... околу 100,200 евра е просечната плата.
8000 денари просечна плата во РМ. - Толку.
Да, ако ја кривиме реалноста ке кажеме дека слично живееме како Хрватска и Грција.

И не ми одговори на едно прашање:
А чекај бе, во кој момент си се осетил ти битен за државата и дека истата таа се погрижила за тебе? (Освен последниов месец #Избори).
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ни за избори затоа што не сум партиски полтрон, и не чекам ни партија ни државата да ми најде работа, тоа е едноставно ствар на способност. За тој што е вреден и сака да работи работа има секогаш и сегде,за останатите и таму кај што ќе отидат е малце. Проблемот во Македонија не е тоа што нема работа и е сиромаштија туку што народот овде е сиромашен ама во главата.

Денешната младина е БАРАМ РАБОТА АМА МОЛИМ БОГА ДА НЕ ЈА НАЈДАМ. И така ќе се излежава неколку години на терет на родителите ама затоа ќе се пијанчи секоја сабота и петок по дискотеки, кафани и кафичи и кога ќе го потера кризата крива му државата зошто има 2 милиони жители со тоа и слаба економија и не му нашла работа.

Немој друже ти се молам...
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ни за избори затоа што не сум партиски полтрон,и не чекам ни партија ни државата да ми најде работа,тоа е едноставно ствар на способност.За тој што е вреден и сака да работи,за останатите и таму кај што ќе отидат е малце.
Дури ни за избори?
И покрај се, во тебе се буди некаков патриотизам а?
Браво за тебе.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Дури ни за избори?
И покрај се, во тебе се буди некаков патриотизам а?
Браво за тебе.
Да, зошто да не?

Лично во мојата фамилија цели генерации од Отоманското Царство па до сега се бореле во некоја војна за Македонија.

3арем во нивно време Македонија имала појака економија и им наоѓала сама работа па останале да живеат во неа? Плус биле цело време поробени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom