Пушењето - зависност или навика?

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Темава постоеше, затоа ја споив со твојата.

Цигарите се дефинитивно навика. Бар кај мене беше така, зошто веќе година ипол не пушам. Првите 2 недели беа нервозни, ама потоа едноставно ти се менуваат животните навики и забораваш дека воопшто си пушел. Сега немам никаква потреба да запалам цигара, иако во првите неколку месеци секогаш кога ќе се напиев пиво ми се враќаше желбата. Цигари или се откажуваат, или се пушат. Тоа со „намалувањето“ не функционира.

Тоа со апетитот е индивидуално и зависи од човекот. Јас не осетив никаква промена ни кога почнав, ни кога престанав да пушам.

Хм..ете на пример кога сум болна,настината,кога имам температура или пак кашлам,ме боли грлото,два дена можам да издржам без цигара,нели затоа што ми е лошо.Ама ќе излезам од дома,ќе запали некој пред мене и по некоја навика изглеа и јас палам..автоматски..А тогаш стварно се исушив,тие два месеци можев само со кафиња и цигари да ги преживеам.Со две лепчиња денот преживував,не чувствував глад.
 
Мене ми е многу мило што после 10 години ги баталив цигарите. Не се здебелив, напротив бев свиња непокретна и успеав да ослабам 13 кила, да сменам начин на живеење, исхрана и се по список. Чувствувам сеуште последици од цигарите и ќе ги чувствувам понатаму нормално се додека телото не се навикне на новиот бран промени, но многу ми е мило што конечно сум донел права одлука и сум го баталил тоа ѓубре.
 
Јас мислам дека е зависност. Не е навика. Јесда ги откажав во ноември, и иако упсеав во тоа сеуште стојам на ставот дека се завиност. Јас имам нагони до ден денес да запалам, ме тера, ама се воздржувам, затоа што несакам трудот да ми отиде во ветер. Дека се чувствувам поубаво откако ги оставив да, и јас за разлика од манс, се здебелив, а јадам исто како порано. Несакам пак да пропушам од причина што сега, како непушач многу осеќам кога некој смрди на цигари и тоа ми е ужасно. Неможам да замислам дека некогаш јас така сум смрдела:confused:
 
Често се зборува дека пушењето доведува до зависност. Никотинската зависност започнува тогаш кога се пуши редовно. Колку подолго се пуши, колку повеќе цигари се трошат на ден, толку е потешко и откажувањето од цигари.
Пушачите стануваат зависници на три различни начини :
Тие може да пушат од навика, како одговор на некои чувства или може да се физички зависници од никотинот кој се наоѓа во димот на цигарите.
Луѓето кои пушат заради навика, најмногу пушат во одредени ситуации. Овие луѓе пушат автоматски, без да се свесни за тоа и без вистинска потреба за цигара.
Други луѓе пушат повеќе кога се под стрес, кога се нервозни, нерасположени или пушат од досада. Нивната потреба за цигара е потикната од потребата за емотивна подршка.
Најголемиот дел од пушачите тешко се откажуваат од пушење, бидејќи стануваат физички зависни од никотинот во цигарите.
Да пушењето Е зависност никако навика.
 
Јас прв пат после 12 години како пушам да сакам да ги оставам: Ги намалив ептен сега една кутија ја пушам два дена (што е рекорд за мене). Ако ми тргне може и да ги оставам. Само ми е страв за после со дебелеењето. И се согласувам дека се зависност и тоа голема. Најголема криза ме фаќа за цигара кога сум нервозна, ама не палам, зошто ако запалам тогаш пак ќе си се вратам на старото.(n)
 
Јас би надополнила уште :
  1. Зависност?
  2. Навика?
  3. Од што немаш што да правиш? (Досада)
Порано така година две пушев, и тоа пушење кутија и пол скоро на ден...и без проблем ги оставив!
Кај мене беше од досада, или кога ќе видев некој дека пуши па ајде и јас!
Не би го окарактеризирала ова моево како зависност, подобро би кажала навика!
Ама за секоја навика има и одвика, и мило ми е за тоа! Сега живеам здрав живот!
 
Зависност. Нема муабет тука.
 
Во секој случај,далеку подобра зависност од Fast Food

very-fat-woman-eating_130682670469.jpg
 
И зависност и навика.
Пушам активно веќе 11 години, просек по кутија дневно и ми се чини дека ако ги откажам ќе збеснам начисто...
 
И зависност и навика.
Пушам активно веќе 11 години, просек по кутија дневно и ми се чини дека ако ги откажам ќе збеснам начисто...
11 години кутија на ден? Damn. Не сакам да ги иам твоите бели дробови.
 
И ја мислам дека пушењето е навика, како што викаше еден мој другар кога идевме по кафичи кога се пушеше, вика ако не пушам мислам нема што да им правам на рацеве ке се осекам ко здрвен:confused:
 
Ja ne pusam eve ali ne mi ni smeta ako pusi nekoj u drustvo dimot i ubavo mi mirisa :)
 
Според Светската здравствена организација пушењето претставува болест на зависност- заведена под шифра F17.2,во 10.Ревизија на меѓународната класификација на болестите.
А ние можеме да се лажеме и тешиме демек навила лоша било.Навика my ass.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom