Штедливите светилки се штетни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
Додека од ден на ден се погласно не советуваат да ги фрлиме класичните светилки и да ги замениме со штедливи, голем број експерти предупредуваат, економичните светилки треба да се користат колку што е можно поретко и подалеку од нас.
Европската унија со директива забрани произведување на класични сијалици форсирајќи ги на европските пазари исклучиво штедливите, иако според познавачите се штетни по здравјето. Тогаш зошто толку се инсистира на нивното користење.
Ја штедат енергијата но не и вашиот живот!
Берлински истражувачи тврдат, светилките за кои веќе некое време се полемизира се исклучително штетни. Вклучените светлосни тела емитуваат фенол, нафтален и стилен - канцероген состав кој при долготрајна изложеност може да биде фатален.
Фенолот во организмот навлегува преку дишните патишта нарушувајќи ја нивната функција како и срцевата работа.
Израелскиот Универзитет Хаифа, веќе одамна објави истражување според кое штедливите светилки можат да го зголемат процентот на заболени жени од рак на дојка, бидејќи за разлика од класичното жолто осветлување, овие емитуваат на некој начин дневна светлина, поради што се нарушува производството на хормонот мелатонин во организмот.
Исто така постојат предупредувања дека ваквите светилки предизвикуваат мигрена, а дерматолозите пак стравуваат за пораст на кожни проблеми.
Еко светилка која што е штетна за околината!?
Нели е апсурдно на амбалажата на еден еко производ да стои предупредување дека по искористувањето е неопходно да се исфрли како токсичен отпад?
Еко светилки кои се вистинска мамка за луѓето што се грижат за животната средина, масовно купување на овие производи, иако се неколкукратно поскапи од класичните, коментираат берлинските истражувачи. Ваквите светилки произведуваат „електричен смог“, мора да се користат исклучиво во добро проветрени простории и далеку од нашите глави, предупредува експертот Андрес Кирхнер.
Содржат жива!
Доколку дојде до пукање на светилката, живата што излегува е опасна за секое живо суштество. Експертите додаваат, при пукањето поголемиот дел од живата останува во светилката, само мал дел излегува во воздухот – количина што не може да го наруши здравјето.
Сепак советуваат доколку дојде до пукање на ваквата светилка.
- Отворете ги прозорците и проветрете ја просторијата.
- Делот каде што се скршила светилката, внимателно избришете го со влажна крпа, која подоцна безбедно ќе ја исфрлите во најлоска торба.
- Со леплива лента (селотејп) ги собирате евентуалните остатоци кои исто така треба да завршат во најлонската торба.
- Отпадот никако не смее да се фрли во корпа за отпадоци, во ваков случај неопходно е да се исфрли на локација специјализирана за собирање опасен отпад.
Европската унија во сите земји членки забрани класични светилки од 100 и од 75 вати, од овој месец во пензија одат и 60 ватните. До крајот на годинава ќе престанат да светат и 40 ватните како и оние светилки од 25 вати.
http://mkd-news.com/smrt-nad-glavite-na-nashite-detsa-shtedlivi-svetilki-video/
 
А во пломбите шо имаш жива, ако дојди до пукање?
 
Абе после штетното месо,афлатоксини во млекото,олово во пченицата сега и ова.Изгледа најдобро да пасиме некаде по планини трева и да живееме во темница.
--- надополнето: 6 април 2013 во 19:08 ---
А во пломбите шо имаш жива, ако дојди до пукање?
Колку што знам во тие темните старите пломби имаше жива,а во новиве бели нема,или грешам??
 
или ЕВН и сличните на неа у Европа намерно ја пуштаат информацијава за да не штедиме на електрична енергија :P
 
Колку што знам во тие темните старите пломби имаше жива,а во новиве бели нема,или грешам??
Ни старите не се штетни по здравјето, но прават електрохемиски реакции и знаат да пецнат. Плус прават тетоважи по мукозната мембрана и затоа се избација. Сега се користат композитни.
 
Ништо свеќи му е мајката онда:), треба да се направи некоја рекламичка во која ке се форсираат свеќите, кај нас све цвета па за економичниве светилки ке ја тупиме дали се ок или не, поголемо зрачење од она ко ти доага сметка за струја која секој година ја поскапуваат нема.
 
Ништо свеќи му е мајката онда:), треба да се направи некоја рекламичка во која ке се форсираат свеќите, кај нас све цвета па за економичниве светилки ке ја тупиме дали се ок или не, поголемо зрачење од она ко ти доага сметка за струја која секој година ја поскапуваат нема.
Ако гледаш така ондак свеќите се поштетни од халогените, исто и газијата. Кога горат ослободуваат кондензирани ароматични соединенија, бетер од овие штедливи светилки. :icon_lol:

Затоа гледајте си живејачката и не се замарајте многу, стекнувајте имунитет ебаго, тешки времиња идат. :icon_mrgr:
 
Баба ми на свеќи шо се имат школувано имат поздрави очи него моите, дали требит сеа сите со свеќи да се осветлуваме ? Безвезе,буквално безвезе.
 
ejj naci dobro da bidam jasen ajde vo spalnata na moite roditeli deka ne se pali mnogu sijalica ete pred legnuvanje samo i ja gasat...(mozebi koga me pravele bila pustena cel vecer hehehe) ali momentot mi bese da vi kazam deka e stavena taa sijalica od 1997 godina i do den denes ne e smeneta naci KVALITET na koj da sum mu kazal ne mi veruval ostavi kvalitet sijalica tuku i fasonkite pojaki bile i si tera e sega ako ja podrekov neka puka ili neka pregoruva
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom