Не, погрешно си ме разбрал. Јас само барам да докажеш дека ѕдарите на Соломоновиот храм ги пренеле тајните на ѕидарството и дека денешните масони ги знаат тие тајни.
Таков "доказ" можат да имаат само посветените, затоа што ако не добиеш тајните, како би ја знаел нивната содржина?
За пример ќе ја земам целата библија. Има материјални докази. Тоа се Соломонивиот храм, гробот на Исус, Содом и Гомора и др.
За Соломоновиот Храм нема ниту еден материјален доказ. Се што денес постои од Храмот е од Вториот Храм, а не од Првиот. Има доказ за гробот на Исус, но нема доказ дека Исус ја претворил водата во вино. Дали тоа го прифаќаме тогаш како факт (на верата) или не? Дали има доказ дека Авраам бил спремен да го жртвува синот или го прифаќаме преданието како точно?
Само за споредба - првите записи што се сочувани до денес во врска со Храмот на Соломон се напишани 7 века по неговата изградба. Првите записи за Авраам, се отприлика 1500 години по случувањата. Сепак, ги прифаќаме како вистинити, затоа што ја разбираме нивната врска со остатокот од системот на верата.
А зошто масонството го спредуваш со религијата. Дали тоа значи дека масонството го претставуваш како религија?
Не го споредувам со религија. За да биде уште посмешно, во истиот тој пост кој што ти го цитираш за да го изведеш овој апсурден заклучок, го велам следново:
(и за да не почне сега пак истата тирада - не, не велам дека масонеријата е религија, ниту ја споредувам со религија, само посочувам дека одредени работи се пренесуваат како концепт, како прашање на верба, од една генерација на друга).
Од каде да знаеме дека сте прифатени од вистинските ѕидарите?
Па малку е тешко да ги интервјуираме денес, бидејќи ова се случува пред околу 300 години, ама доволен доказ е настанувањето на Големата Ложа на Шкотска, која директно настанува од Големата Ложа на ѕидарите (има доволно информации за ова и по нетот - да не копирам непотребно работи тука).
Значи ти сакаш да кажеш дека ги знаеш тајните на градењето и на езотериската мудрост која ја користеле ѕидарите во стар Египед. Можеби знаеш и пирамидите како биле градени? Ти кажа дека имате врска со ѕидарите од стар Египед.
Тајните на градењето - не, во никој случај. Не ме бива да изградам куќичка од шперплоча по ОТП. Езотериското знаење - да, колку што е возможно да се знае... тоа е процес кој трае цел живот, никогаш не можеш да престанеш да го учиш.
Веќе многу пати објаснив во разговоров со тебе (нешто не се разбираме на моменти) - прифатените ѕидари (современата масонерија) го изучуваат и се фокусираат на езотериското знаење, а не на оперативното.
А можеш ли со сигурност да кажеш дека оперативната масонерија не ги превземале симболите од друго тајно друштво или од некоја религија?
Со доволно проучување и доволно анализа на истите - може да се утврди дали водат потекло од некое друго учење или се настанати како паралелен систем.
Многу симболи, настани, концепти во филозофијата, религијата, мистицизмот се повторуваат во различни региони, од различни култури. Варијации на тема има на се - од потопот, до Воскресението, па до современата филозофија. Мое лично мислење е дека тоа не значи дека религиите копирале едни од други, и дека во една религија тоа се измислици, а во друга оригинал. Напротив, тоа се појави, концепти, структура на креацијата, дадена од Креаторот, која има иста манифестација, но различно толкување од различните култури и религии - оттаму и повторувањето и сличностите. Тоа (пак ќе речам, според мене, според моето лично убедување) е идејата која Креаторот сака да ја искомуницира со нас... колку ќе ја разбереме, е друга работа...
Незнам, јас тоа го прочитав од Роберт Л.Д. Купер, кој е истакнат масон од Шкотска. Но добро, можеби ти повеќе знаеш од него.
Тој може да е истакнат масон од Шкотска, но фактите не зборуваат во корист на ова тврдење (или имаме некое недоразбирање). Уште во Региус поемата, која е напишана во 14-тиот век, а се однесува на поран период - стои дека ѕидарите морале да изучуваат оредени науки и уметности. Многу ми е интересно како неписмен човек изучува геометрија, аритметика, или пак граматика..?
А во врска со казните, точно е дека ги казнувале со пени. Била воведена парична казна, затоа што тогаш на масоните највредни и биле парите. Попрво би ги научиле ритуалите, одколку да даваат пари.
А бе и врапчињата понекогаш се криви... ама нејсе...
--- надополнето: 5 април 2013 во 22:02 ---
Ако тоа е суштината нека не пишува ништо во врска со тоа на форуми кога не може да го докаже.
Немав разбрано дека ова е научна дискусија...
Форум, обично значи медиум кој служи за отворена дискусија и јавна размена на идеи. Токму тоа го правам.
--- надополнето: 5 април 2013 во 22:04 ---
Знам дека е малку “Оф-топик“ но ме интересира едно прашање.Дали и колку е поврзан филмот “Матрикс“ со Масонизмот и неговите ритуали(нормално ако си го гледал)?
Оној дел на просветлувањата,трите степени прикажани преку трите врати(од 101-303) и.т.н.
Значи,одавно ми е гледан филмот и баш...онака,се прашував дали има или нема никаква врска т.е само уште еден “холивуд“ филм?
Поз..
Поврзан со масонеријата - не, масонеријата не се занимава со продуцирање на филмови.
Сепак, има некои симболи и референци, но мислам дека тоа се должи пред се на луѓе во сценаристичкиот и продуцентскиот тим кои се браќа, ништо повеќе. Нема некое скриено значење кое треба да се открие гледајќи го филмот. Има десетици филмови кои имаат симболи или масонски референци, кои повеќе се еден вид "намигнување" кон браќата, отколку некаква порака.