Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Од легален аспект не е дозволено LetMeSea инаку не е само проблем данокот туку има и парични казни. Но во реалноста не сум чул некого да казнат и да има проблеми со УЈП барем не за сумите со кој тргува обичен граѓанин.Народна Банка на пример. Народна банка на РМ има пристап и прават мониторинг на апсолутно сите трансакции што се прават од и во МК, и ако забележат дека ти стигнале малку поголема сума на пари (2000+ еур, груб пример) одма ќе ги ококорат очињата и ќе прашуваат од каде ти се и дали си платил данок за нив. А за помали суми знам дека не се замара скоро никој, мада ако те дознаат и за 100 евра има на глава да ти се качат, знаеш кај нас мора се по закон да е
Тоа е, сурова реалност, али верувај секаде во светот е така, некаде е подобро некаде е полошо. Едино нешто што не ми се допаѓа кај нас што се кочат многу смешни работи (на пример forex-от, нема саглам интернет наплаќање и сл.)
Stefus Corp. Фала за инфото, ќе го прелистам кога ќе имам повеќе време. Абе и да не е легално ќе најдам јас чаре некое кога ќе дојде време![]()
Инаку најголем проблем не е УЈП туку самите он-лајн брокери прво имаат многу скриени финти како да соберат пари второ дел од нив се и не баш од доверба и трето И НАЈВАЖНО самиот модел и начин на тргување кој го промовираат е крајно несоодветен за посериозни инвеститори да не речам промовираат коцкарски начин на тргување. Најголем дел од клиентите воопшто не ни разбираат како функцинира тргувањето а уште помалку имаат идеја за функционирањето на самиот пазар. И резултатите во најголем дел се очекувани. Лично не би советувал некој да тргува на овие брокери посебно не average joe со 1-2000 евра. Но и има и многу други поглупави начини да се коцка човек вака барем има шанса да научи и нешто малку економија што е корисно ако знеа на паметен начин може да го искористи тоа...Како и да е кој што сака и може треба да проба...а никад не се знае со малку среќа и многу дисциплина и работа и соодветен ментален склоп (целосена контрола на емоции) може и да успее.