Што било. Цртеж, пишан доказ, материјален....
Во ред, ќе се потрудам да посочам референци од стручна литература за тој период.
Добро, само што не ми одговори на прашањето што работела оперативната, а што спекулативната ложа и која е разликата меѓу нив.
И ако твоето мислење го базираш на сопстени познавања, тогаш објасни на кој начин се поврзани ѕидарите на Соломоновиот храм и масоните, освен што се поврзани симболилно.
Одговорив, само нешто не се разбравме. Ти тргнуваш од претпоставката дека спекулативната и оперативната масонерија се два паралелни системи, кои постоеле паралелно еден на друг. Спекулативната масонерија се раѓа од оперативната и е нејзино продолжување. Односно - оперативната, се претвора во спекулативна. Ова е многу долг процес, кој трае речиси 3 и пол века. Уште еднаш ќе посочам многу поедноставена временска линија:
- До 14-ти век, масонеријата е исклучиво оперативна (stone-masonry). Членуваат многу мал број на членови кои не се оперативни зидари, пред се како заштитници на занаетот или во административна улога. И во овој период, се пренесува оперативно, но и езотериско знаење од генерација на генерација, затоа што градењето на сакрални објекти не било просто занаетчиска работа во тој период (повторно - за упростена аналогија, побарај повеќе информација за сликањето на икони и фрески и спореди го тоа со обично сликарство). Сведоштво за ова е и Региус поемата, која се однесува на оперативните масони, но зборува за изучувањето на 7-те науки и уметности и за тајните на геометријата.
- Во периодот меѓу 14-тиот и 18-тиот век, почнува прием на неоперативни членови. Со нивниот прием, фокусот почнува да се префрла од оперативното, кон езотериското знаење. Особено во ложите во кои почнува поголемиот број на членови да се неоперативни. Поточниот израз е "прифатени". Тоа е значењето на терминот "Ancient Free and Accepted Masons" - Free Masons се однесува на оперативните ѕидари, Accepted се однесува на неоперативните, односно прифатените (прифатени како ѕидари иако не се). Овој процес на премин е најдобро евидентиран во Шкотска. Последниот Голем Мајстор на оперативната ложа, го предава чартерот (не знам македонски термин, жалам) на оперативната ложа и го прима првиот чартер на спекулативната, односно е прв нејзин Голем Мајстор.
- Во периодот од средината на 18-тиот век, до почетокот на 19-тиот век, има доста записи од многу ложи во Европа и Америка, кои велат дека оперативни масони во ложите има се помалку, за по тој период веќе да не се спомнуваат оперативните воопшто.
Епа наведи некои од тие докази, но не само дека постоеле, туку и дека биле масони.
Се надевам горното објаснување дека е јасно - тие биле ѕидари, односно, масони. Ние денес, сме "прифатени" (од нив) масони.
Ако сакаме да бидеме апсолутно точни, тогаш денешното масонство треба да го нарекуваме Accepted Masonry наместо Freemasonry (Прифатено Ѕидарство, а не Слободно Ѕидарство). Но во секој случај - денешното масонство е директен наследник на слободното ѕидарство, односно на оперативното ѕидарство, кое потекнува од памтивек и кое го пренесува езотериското знаење, кое и ден денес е содржано во нашиот ритуал.
А зашто градбите биле од разичен вид и различна култура?
Затоа што и масоните биле од различни култури. Масоните не се ниту една нација, ниту пак имаат еден јазик, ниту пак се од една религија. Нормално е да има разлики меѓу нив и соодветно меѓу нивните градби.
Исто така ако градбата има масонски симболи не значи дека е градена од масони. Истите симболи ги има и во други тајни друштва, а повеќето од симболите постојат уште пред масоните, па масоните ги присвоиле.
Во некои случаи одредени симболи потекнуваат од езотериското учење на оперативната масонерија, за потоа да преминат во други тајни друштва, а се јавуваат и во современата масонерија. Инаку точно е - многу симболи постојат далеку пред современата масонерија - и се користат заради нивното значење. Сепак, за многу градби може да се утврди дека се масонски, затоа што кај симболите не е битен само самиот симбол, туку и неговиот контекст, поставеност, сооднос со други симболи итн.
Се базирало на усно предание затоа што поголемиот дел од масоните биле неписмени, а тие што нема да ги знаат ритуалите или нешто слично, плаќале казна.
Е ова баш и не е точно.
Не биле неписмени, напротив - биле од малкуто писмени во средниот век. Морале да бидат писмени, за да можат да го работат тоа што го работат. Не мешај работници, со мајстори ѕидари. Мајсторите (и калфите) морале да имаат многу добри познавања од геометрија и аритметика, морале да го познаваат одлично Светото Писмо. Доста проблематични се нашите денешни разбирања за тоа што точно претставувала нивната работа во тоа време и какво точно било нивното значење.
Што се однесува до казните - не знам на што точно се однесува. Во современата масонерија, некои ложи имале казни за членовите кои нема да знаат ритуал, или за членови кои ќе згрешат при ритуалот (на пример казната била пени). Ова денес не се практикува.
Се базирало на усно предание, затоа што само така можело да се сигурни дека тајната на ритуалот зависи само и исклучиво од достоинството на масонот. Некои јурисдикции, на пример Џорџија, и ден денес имаат усно предание на ритуалот.
--- надополнето: 3 април 2013 во 22:01 ---
Ај објасни ги ти работите ако се толку едноставни. Дај неколку докази дека ѕидарите на соломоновиот храм биле масони, дека нивната мудрост и нивните тајни се пренесувале од колено на колено се до масоните. Ако нема таков доказ значи си немаат врска ѕидарите на Соломоновиот храм со масоните.
Проблемот не е што не го добив посакуваниот одговор, туку што Zidarski не наведе никаков доказ.
Како точно се докажува усно предание?
Во крајна сметка, не разбирам зошто воопшто треба да го докажуваме тоа?! Ние што сме иницирани, знаеме дека ја има таа врска и зошто е таа битна. Оние кои не се - секој си има право на свое мислење и убедување.
Дали има докази дека Свети Јован го напишал Откровението?! Дали има доказ, материјален, непобитен, дека Мојсеј се симнал од планината со 10-те заповеди? Дали има јасен, непобитен доказ дека Исус ја претворил водата во вино? Единствено се базира на предание, кое не е ни запишано во периодот во кој се случува, туку доста подоцна, а некои од авторите кои пишуваат не се ни присутни на настаните, туку го пренесуваат тоа што им е кажано од нивните учители. Сепак - го прифаќаме, како прашање на вера и верба, затоа што или сме убедени во неговата вистинитост, или не сме. Или ги сфаќаме врските и корените, смислата и значењето на тоа предание и веруваме во него (и во Него), или не. Не гледам каква е разликата? (и за да не почне сега пак истата тирада - не, не велам дека масонеријата е религија, ниту ја споредувам со религија, само посочувам дека одредени работи се пренесуваат како концепт, како прашање на верба, од една генерација на друга).