Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Само да прашам......Кој од дискутантиве на темата имаат деца?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Cum hoedis elit nolite manducare.
Да...
Или може поинаку да се каже дека повеќето кои дискутираат на темава се деца.
Секој кој во раце држел свое бебе, кој го преповивал, бањал, кој се будел ноќно време и да не набројувам, знае дека нема ништо поубаво и подобро од дете.
Maxima debetur puero reverentia
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Абе ако не нека ги врзат децата со синџир пред *рандом* јавно место. Мислам дека претерувате..

Инаку една ваква случка иам у локална слаткара,седевме со другар и другарка и дојдоа родителите со детето и ова почна на цел глас да вика :
- ПИЧКААААА ПИЧКАААА !!!

Родителиве му велат да престане пошто срамота е ама детево си продолжува :
-ПИЧКААААА ПИЧКАААААА!!

И зема мајкава го однесе до ВЦ па најверојатно му ја покажа и се смири детево :icon_lol:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Да...
Или може поинаку да се каже дека повеќето кои дискутираат на темава се деца.
Секој кој во раце држел свое бебе, кој го преповивал, бањал, кој се будел ноќно време и да не набројувам, знае дека нема ништо поубаво и подобро од дете.
Maxima debetur puero reverentia
Се во свое време и на свое место, тие среќни моменти не мора да се делат со стотици непознати во ресторан, кино или на слични места.

Нејсе, поентата на темава е повеќе во родителите и лошото воспитување. Не во отрпнување кон невоспитани деца.
Во таа насока еве еден мал едукативен допринос од мене:

 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Апсолутно сум против ваквата забрана од проста причина што деца на возраст од 3 - 10 години не можат да бидат одговорни за своите постапки, па така не гледам зошто би требало да им биде забранет влез или присуство на било кое место.
Факт е дека постојат деца кои на јавни места, занемарени од родителите знаат да создадат неподнослива атмосфера која се манифестира со вриштење, плачење, смеење, трчање, грабање, превртување чаши, тањири, бесење по туги маси/седишта, па уште вриштење, плачење, смеење и така натака. Акцентот во овие ситуации би требало да биде ставен на родителите кои воопшто дозволиле ваквата ситуцаија да се создаде. Нелогично е да се очекува од мали деца однесување кое ќе ги задоволи и најстрогите критериуми. Нелогично е да очекуваш дете мирно да седи на маса 2 - 2,5 саати и притоа да води тивок разговор. Од друга страна логично би било, доколку се најдеш во ваква ситуација, фино лепо да се обратиш кај родителите на тоа дете и да објасниш што ти пречи. Секој родител после таков пристап ќе си го прибере детето, кој од засраменост, кој од револт.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.362
Поени од реакции
29.835
Факт е дека постојат деца кои на јавни места, занемарени од родителите знаат да создадат неподнослива атмосфера која се манифестира со вриштење, плачење, смеење, трчање, грабање, превртување чаши, тањири, бесење по туги маси/седишта, па уште вриштење, плачење, смеење и така натака. Акцентот во овие ситуации би требало да биде ставен на родителите кои воопшто дозволиле ваквата ситуцаија да се создаде.
Па проблемот и е првенствено во тоа што го донеле детето на место каде ќе им смета на сите, иако знаат дека детето им е невоспитано (пошто нели, они се тие што не го воспитале).
Сега доаѓаме до моментот каде очекуваме се засрамат и нешто да направат истите тие што не си го воспитале детето плус такво го донеле во мирен ресторан или во кино?

Нелогично е да се очекува од мали деца однесување кое ќе ги задоволи и најстрогите критериуми. Нелогично е да очекуваш дете мирно да седи на маса 2 - 2,5 саати и притоа да води тивок разговор. Од друга страна логично би било, доколку се најдеш во ваква ситуација, фино лепо да се обратиш кај родителите на тоа дете и да објасниш што ти пречи. Секој родител после таков пристап ќе си го прибере детето, кој од засраменост, кој од револт.
Извини а каде живееш ти?
Па не е можно дека за истава оваа вукојебина збориме. Или тоа или дечко/маж ти е Чак Норис.

Две третини од сељачаанава во државава (а токму тие имаат тенденција да водат во статистиката на родители со најневоспитани деца) ќе изреагираат исклучително негативно на оваквиот твој приговор. Пола од тие две третини освен сцена и навреди ќе пробаат да „комуницираат„ и физички со тебе.

Ма дај те молам, очекуваш етика и совест од тие што не го знаат ни значењето на тие поими. Едноставно треба да се има избор на ресторани, кина, хотели, авиопревозници итн итн, кои ќе нудат одвоени опции: фамилијарни и без деца. Едноставно да можеш одбереш раат.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас сум за забрана на деца на одредени места, пример како ресторан, кино, театар.
Неодамна на театар за представа која и онака не беше соодветна за мали деца една млада мајка носеше 6-7 годишно девеојче со неа и за несреќа седна два реда над мене.
Моравме да ја слушаме добри 15 минути како му го објаснува на детето сценариото.
После еден господин кој седеше непосредно и кажа дека им пречи и цела представа до крај ја слушавме госпоѓата како вика "Пссст Потивко" и детето како кемка од досада.
Организираните пак одење на театар за основци ми е вистински кошмар ако се погодам на представа со нив.
Малите се смеат на кренат прст, додека постарите имаат паметни досетки за секоја реплика и се смеат на нивните глупости.
Слично нешто ми се случило и на кино неколку пати.
Во ресторан генерално сум имал некое искуство во пицерија, ама ништо од размери да ми пречи, додека во авион се навистина напорни бебињата, ама навистина не гледам како поинаку можат да патуваат па немам проблем да ги трпам и покрај тоа што се напорни.
Родителите треба да сфатат дека одењето на некои места е привилегија и да се однесуваат соодветно, затоа се согласувам за банирање на мали деца и бебиња на театар, кино, ресторани, спортска утакмица, концерт и сл.
 
C

Celsius

Гостин
По глупава работа од бебе да ти кемка на подолг пат или евентуално додека пробуваш да средиш мисли со едно кафе во ресторан амин.
Но тука не би требало да се става акцент на тоа дали детето треба да има забрана за влез на овие места туку треба да се поработи со свеста на родителот кој си дозволил ваков испад. Сигурно дека дете неможе да се однесува како возрасен ама испаѓа дека обратното е и те како присутно на овие простори.
И ај сега непијај?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Добро факт е дека на запад децата до 5год се се,само не деца.

Имам правено муабет со многу личности што чувале деца на запад...едноставно неможат да опишат поим за разгаленост на децата.Знам и случаеви кои што се враќале во МК запад поради детска тортура:coffee:
Јас конкретните примери ги доживеав со северо-западна Македонија, во Скопје.
Види, на запад ги разгалуваат децата, ама на запад нема ,,греота е, види го слаткичко,,. Ако на запад во ресторан ми смета некое дете, има да го нема тоа дете сосе родителите.
Пример:


Дали мислиш дека во Скопје ако некое дете вришти, некој од персоналот реагира?
Не ни смее да реагира. Едноставно.

Смее да избрка возрасна личност - но не и дете.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Јас сум за забрана на деца на одредени места, пример како ресторан, кино, театар.
Неодамна на театар за представа која и онака не беше соодветна за мали деца една млада мајка носеше 6-7 годишно девеојче со неа и за несреќа седна два реда над мене.
Моравме да ја слушаме добри 15 минути како му го објаснува на детето сценариото.
После еден господин кој седеше непосредно и кажа дека им пречи и цела представа до крај ја слушавме госпоѓата како вика "Пссст Потивко" и детето како кемка од досада.
Организираните пак одење на театар за основци ми е вистински кошмар ако се погодам на представа со нив.
Малите се смеат на кренат прст, додека постарите имаат паметни досетки за секоја реплика и се смеат на нивните глупости.
Слично нешто ми се случило и на кино неколку пати.
Во ресторан генерално сум имал некое искуство во пицерија, ама ништо од размери да ми пречи, додека во авион се навистина напорни бебињата, ама навистина не гледам како поинаку можат да патуваат па немам проблем да ги трпам и покрај тоа што се напорни.
Родителите треба да сфатат дека одењето на некои места е привилегија и да се однесуваат соодветно, затоа се согласувам за банирање на мали деца и бебиња на театар, кино, ресторани, спортска утакмица, концерт и сл.
А зошто на фудбал не одиш наместо во театар?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
ти никогаш нема ни да имаш деца , чувај си ги твоите пцишта и остај на државата да одлучува дали треба да има потреба од такви места ...
кој те терал да гледаш во детето кога мајката му мењала пампер ....
Јок, не гледав.
Јас имам култура, за разлика од многумина под ова небо.
--- надополнето: 2 април 2013 во 01:27 ---
o_O Озбилно ова?

Имам слично мислење во врска со мали деца и дека е најчесто пропуст на родителите во смисла полесно е да го делиме ‘воспитувањето‘ со околината, отколку да го воспитуваме сами.А и во иднина не можам да се ставам во слика на таков родител со дете расипувач на атмосфера :unsure:Не мислам на забрани, ова како крајна мерка, ама едноставно некои родители се губат.Ете како некаква средна опција, оддел за деца или игротека во поасални објекти.
Да, многу озбилно. Во темата за ЈСП зборував за една што му смени пелена на бебето во автобус. Не знам што да кажам.

Што се однесува на одделните делови - морам да го спомнам едно од најкултурните места во градов, иако не е баш во град (нали, центарски). My market Илинден - имаш посебен дел за деца, а родителите можат да ги гледаат цело време, има огромен екран (не е екран, не знам како се вика).
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Па проблемот и е првенствено во тоа што го донеле детето на место каде ќе им смета на сите, иако знаат дека детето им е невоспитано (пошто нели, они се тие што не го воспитале).
Сега доаѓаме до моментот каде очекуваме се засрамат и нешто да направат истите тие што не си го воспитале детето плус такво го донеле во мирен ресторан или во кино?


Извини а каде живееш ти?
Па не е можно дека за истава оваа вукојебина збориме. Или тоа или дечко/маж ти е Чак Норис.

Две третини од сељачаанава во државава (а токму тие имаат тенденција да водат во статистиката на родители со најневоспитани деца) ќе изреагираат исклучително негативно на оваквиот твој приговор. Пола од тие две третини освен сцена и навреди ќе пробаат да „комуницираат„ и физички со тебе.

Ма дај те молам, очекуваш етика и совест од тие што не го знаат ни значењето на тие поими. Едноставно треба да се има избор на ресторани, кина, хотели, авиопревозници итн итн, кои ќе нудат одвоени опции: фамилијарни и без деца. Едноставно да можеш одбереш раат.


Ниеден родител не мисли дека неговото дете е невоспитано и тоа е проблемот. „Забранет влез за деца“ поставено на влезот на фенси ресторан не делува како решение на проблемот. Во тој ресторан нема да бидеш подложен на страшната тортура која, нели, децата ја приредуваат, ама сепак, ќе бидеш приморан да ги слушаш и трпиш насекаде низ градов. По трговски центри, паркови, на улица, во јавен превоз, од кај комшиите, на гости и така натака.

Многу селективно ми изгледа оваа забрана. Милион луѓе можат да се јават со милион забелешки за однесување на одредена група. Лично мене не ми е пријатно секојдневно да слушам дебати во автобус на тема Грујо vs Бранко и тоа од припадници на најразлични возрасни групи. Ме иритираат непристојни луѓе кои мислат дека нивниот телефонски разговор треба да го слушнат сите од Аеродром до Ѓорче. Ме ужаснуваат парови на кои крајници можам да им проверам кога се лигават кај и да стигнат.Ај ако не, да направиме посебни ресторани/кина/хотели/летови и за дебатериве и за гласниве муабетчии и за романтичниве.

Нема логика. Дискриминација е.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
И мене ми смета одредено однесување на зрели и возрасни луѓе, па не барам да се забрани таа одредена група да седи во иста просторија со мене. Пошто на некој му смета малку плачење од дете, дај пешки да ги праќаме родителите да одат или со бродови, за да не сметаат. Снобовштина.
Не е што мене индивидуално ми пречи.
Ако јас како возрасна единка почнам да вриштам во ресторан, трчам и замарам луѓе, многу брзо ќе бидам отстранета.
Родителот е одговорен за детето и тој мора да се грижи за неговото однесување.
Не е детето само криво, туку родителот.

И да, ако било кој пречи на јавниот мир, тој истиот е отстранет од местото, да бидеме реални. Тоа правило не важи само за децата, и не мислам на сите деца. Доволно е персоналот да ги замоли родителите да си заминат ако не се способни да си го ,,зауздаат,, детето.

Не е тоа снобовштина, снобовштина е да си го домкнам кучето во сред ресторан и да го оставам што сака да прави. Бидејќи се е личен избор. Мојот личен избор не смее да им пречи на другите - ни под разно.
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Оваа ситуација е во многу предизвикана од фактот што има премногу луѓе кои се или несвесни, или бесчуствителни дека нивното однесување е несоодветно и пречи на околината. Не се само родителите кои ги оставаат своите деца да им досаѓаат на други луѓе, истата шема на однос е и со луѓето кои пушат кога и каде ќе им текне, луѓето што паркираат каде што сакаат, луѓето што ги оставаат кучињата да серат секаде и да скокаат по секого, луѓе што влегуваат преку ред... Се се тоа луѓе кои едноставно немаат почит кон останатиот свет. Забраните се глупи, ама па се предизвикани и наменети за глупи луѓе кои не знаат да направат разлика помеѓу слобода и помеѓу некултура.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom