Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Уводна изјава: За да се расчистат сите нејаснотии окулу темата на оваа дискусија, овде пред се зборуваме за се поголемата појава на мрзливи и несовесни родители кои своите невоспитани деца да ги носат на места каде со своето недолично однесување им сметаат на сите други. Посебно кога се работи за местата каде одењето е привилегија за која солидно се плаќа, како ресторани, кафичи, театри, кина, хотели, плажи итн итн.
Ова не е барање за ограничување на правата на децата туку потреба од конкретно формулирање на обврските на родителите да ги контролираат своите деца ако веќе ги носат на набројаните места. Лично право е на секој како ќе го воспита своето дете, но никој нема право да преку своето дете да им смета на другите.






Вакво нешто сеуште нема во Македонија, но станува светски тренд.
Се мисли на јавни места - сепак во приватна сопственост, односно на компании кои сметаат дека на децата тука не им е место.

Доста голем скандал беше со Малезија Аирлајнс кога забрани бебиња во првата класа.

Интересно е дека ваквата одлука очигледно е поддржана од поголемиот дел од патниците - Over half of fliers would limit where kids can sit on planes
Most consumers would like a families-only section on flights, according to a poll released Tuesday by a travel website.
Nearly 60% of more than 2,000 travelers polled by Skyscanner, a fare-comparison website, say they want airlines to create such a section. In addition, nearly 20% said they'd prefer child-free flights.
Most poll respondents in favor of creating a families-only section said they don't have young children and "want to sit as far away as possible" from them.

Работата е во тоа што однесувањето на децата (посебно бебињата) не може да се предвиди, и на пример, во ресторан, бебето може да ги вознемирува другите муштерии.

Имањето или немањето деца е право на избор, а сите возрасни единки се нечии клиенти.
Сопствениците на бизнисите заради профит и задржување на своите клиенти, пристапуваат на ваков чекор.

Мотив за темата ми беше ситуација во која лично присуствував.
Бев во ресторан, а детето (не беше баш бебе, поголемко беше) плачеше без престан. Родителите му обрнаа малце внимание и го смирија. Потоа, сфатив, дека за да не плаче, треба да го остават да се шета низ ресторанот. И секако, тие го оставија. Замараше од маса на маса, стигна и до мојата маса. Застана и гледаше во мене и пријателката без престан.
Мене ова многу ми пречи, посебно што сама се дистанцирам од деца.
Почна да ни ги фаќа работите, итн.

Како и да е, после којзнае колку време, на родителите им текна да си го приберат детето. А тоа продолжи да плаче.

Според мене, треба да има посебни локали кои не дозволуваат деца. Не затоа што самите деца - како деца сметаат некому, туку затоа што има несвесни родители кои очекуваат нивните деца да бидат сакани од сите.

Постојат сајтови кои имаат понуди за одмори на места каде што не се дозволени деца, постојат ресторани каде што не се дозволени деца, крузери, хотели... итн.

Интересен опис на страна за патувања - Peaceful holiday and honeymoon destinations around the world - Child free holidays, couples and singles holidays all in the one place..


4 фамилијарни крузери, и 3 adults-only

Разгледав некои аргументи за и против по интернет светов, и еве:

Аргументи против најчесто се:

1. Децата треба да учат како да се однесуваат културно преку интеракција со други луѓе - не може да сфатат што е погрешно во нивното однесување освен ако не погрешат и не бидат поправени во истото.
2. Воспитувањето на децата не е само родителска обврска, туку обврска на општеството.

Во глобала се согласувам со овие два става. Меѓутоа, со 5 годишно дете, можеби можам да се разберам и да престане да го прави тоа што ми пречи - освен ако не се вмеша неговата мајка и почне да ми проповеда за тоа дека е само детенце.
Сум била во ваква ситуација и навистина ми е тешко и напорно да им објаснувам на родителите дека не секој сака да биде родител и не секој сака да игра со деца. Ок, имај ги, чувај ги, не ми ги плеснувај мене јас да се занимавам со нив.

Сепак, каде се бебињата во приказната? Бебето кое не е свесно за својата околина и е премало за било какви социјални норми, не можеме да го обвиниме за ништо. Фер. Меѓутоа, никому не сум му должна да слушам бебешко врескање додека сум излезена со друштво, макар и сама некаде. Тоа што бебето има крајно некултурни родители е друга приказна.

Аргументи за, може да се најдат милион. Сепак, да резимираме, дека има луѓе на кои едноставно детската врева/плачење им пречи.

Меѓу нив се вбројувам и јас.

Немам ништо против на јавни места од типот на парк, золошка градина, луна парк итн.
Меѓутоа, не можам да се помирам дека видов како менуваат пелена на бебе во кафич во Скопје. Не можам.

Имам многу разбирање, на пример за плачливи бебиња во авион, летав со едно. Сепак, тука немаат многу избор родителите, и е нешто што - мора да се направи.
Некои од нив се обѕирни, ја најдов сликата на гугл:



Како и да е, темата сакам да ја насочам не кон бебињата - бебето што го добие тоа што го сака, замолчува и заспива веднаш, освен тоа не трча и не досадува на други - туку исклучиво на деца 3 - 10 години. Оние кои се бркаат околу твојата маса во ресторан, врескаат итн.

Дали сте за да постојат места кои ќе им гарантираат на луѓето дека нема да бидат вознемирувани од деца? Затоа што знаеме дека ако одиме во ресторан, и се појави возрасен човек кој изгледа лошо или се однесува непримерно, ќе биде отстранет, но никаде нас не ни гарантираат заштита од детско тормозење.

Јас сум за. И посебно сум за развивање на култура кај луѓето. Не можеш секаде да менуваш пелени на бебе. Не можеш во сред ресторан да му го секнеш носот на детето.
Едноставно, не можеш.

Ве молам поштедете ме од коментари ,,па тоа се само невини дечиња,,. Се согласувам, се, и многу е можно утре јас да имам свои деца.
Сигурно нема да им менувам пелени на јавно место, уште помалку ќе ги оставам да вриштат и да пречат некому.

Да се задржиме чисто на ,,за,, и ,,против,, аргументите.
 
Член од
17 мај 2012
Мислења
184
Поени од реакции
105
Се согласувам со ова и јас сум за, многу од денешните родители ги оставаат децата да прават што сакат бидејќи ако не им дозволат тие ќе плакаат како што го наведе примерот со ресторантот ти. Разбирам бебе да плаче ама родител што не може да воспита 5-6 годишно дете како да се однесува на јавни места воопшто не треба да има деца додека не биде спремен тоа дете да го воспита да се однесува примерно на одредени места па и дома.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Добро факт е дека на запад децата до 5год се се,само не деца.

Имам правено муабет со многу личности што чувале деца на запад...едноставно неможат да опишат поим за разгаленост на децата.Знам и случаеви кои што се враќале во МК запад поради детска тортура:coffee:
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
ти никогаш нема ни да имаш деца , чувај си ги твоите пцишта и остај на државата да одлучува дали треба да има потреба од такви места ...
кој те терал да гледаш во детето кога мајката му мењала пампер ....
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Меѓутоа, не можам да се помирам дека видов како менуваат пелена на бебе во кафич во Скопје. Не можам.
o_O Озбилно ова?

Имам слично мислење во врска со мали деца и дека е најчесто пропуст на родителите во смисла полесно е да го делиме ‘воспитувањето‘ со околината, отколку да го воспитуваме сами.А и во иднина не можам да се ставам во слика на таков родител со дете расипувач на атмосфера :unsure:Не мислам на забрани, ова како крајна мерка, ама едноставно некои родители се губат.Ете како некаква средна опција, оддел за деца или игротека во поасални објекти.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
И што има везе Пумата со темата? Факт е дека има распуштени дечишта што не ги воспитале нивните. Ко во екс Виторија ресторанон, тишина сите прават муабет тивко две деца фатиле се бркаат се бркаат и се судрија во келнерот и баам пицата на еден човек на глава. Пумата и за ова да не е крива?

Не сум сите да не ги пуштаат, има мирни и воспитани дечиња ама ако испушта крици - надвор.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И мене ми смета одредено однесување на зрели и возрасни луѓе, па не барам да се забрани таа одредена група да седи во иста просторија со мене. Пошто на некој му смета малку плачење од дете, дај пешки да ги праќаме родителите да одат или со бродови, за да не сметаат. Снобовштина.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.366
Поени од реакции
46.688
Знам дека во Америка еден од критерумите по кои се одредуваат цените за кирија (покрај присуството на црнци во зградата) е и ова. Не секој газда ти дава стан ако имаш мало дете. Ѕидовите се обични гипс плочи, така му доаѓа ко да имаш цимери и може да се каже дека е оправдано. Обично кириите се повисоки во зградите кои дозволуваат.

Децата “постојат’’ преку 5 000 години и сега им текнало на пар распрдени, немажени/неженети огорчени наќори дека им сметале па ај ќе глумиме реума ќе докажуваме поенти и ќе лечиме фрустрации преку глупости
Може да дрека и да биде досадно, ама ако одиш до таму да им ограничиш присуство некаде, имаш проблеми- крај !
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не постои поужасно нешто од размазено, мало детиште што крешти низ авион/ресторан! Баш пред некој ден на аеродром имаше едно 4 годишно дете што почнуваше да плаче ако мајка му му даде сок, па да плаче ако му го земе, да плаче ако се тргне мајка му, па да плаче ако дојде, да изводи дека сака да шета, па после дека не сака, а родителите скокаа околу него на секој негов тантрум и очигледно создале чудовиште.
Една работа се малите бебиња до година дена што не ни разбираат, но сосема друг случај се оние веќе 2-3 годишни деца што се размазени до бескрај, а родителите се доволно неодговорни за да ги остават да трчаат наоколу и да ја замараат околината мислејќи дека тоа е баш шармантно. Не, ако нив им е слатко мене воопшто не ми е слатко ни симпатично да ги гледам како се лигават и мрсулават и да викам "awwww, срциња". Ако родителите веќе се доволно идиоти да не си ги воспитаат децата дека не е културно да трчаат низ ресторан, нека не ги носат во ресторани. Во светот секаде има посебни "family friendly" места кај што одат луѓе со мали деца, додека во поексклузивните ресторани не дека не е дозволено, туку се смета за несоодветно да се појави некој со пет деца што ќе трчаат низ местото.
И не зборувам само за ресторани, јас и не дека толку седам по ресторани, туку општо, страшно ме нервираат невоспитани и размазени мали деца. Не дека не сакам деца, напротив, само едноставно не можам да поднесам лигавење и родители неспособни да си ги контролираат и воспитаат децата. Моите никогаш кога бев мала не ми дозволуваа да изводам и да замарам други луѓе кога сме биле на јавни места, ми посветувале внимание и се труделе околу мене и сестра ми за да ни постават основи на културно однесување уште откако станувавме свесни што е во ред, што не, а сега кај родителите гледам еден општ тренд на запоставување на децата.
Плус малите деца се извор на сите зарази и настинки, а не може да се исконтролираат да не киваат и кашлаат наоколу што е уште една причина плус заради која мислам дека треба да се "гетоизираат" и во јавен превоз и на јавни места како ресторани и кафулиња. :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.747
Поени од реакции
9.872
Ако тргнеме вака ќе треба циганите од живот да ги банираме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Homo sum; humani nihil a me alienum puto
Присуството на мали деца, кои трчаат, плачат, се смеат, зборуваат, врескаат, пеат, менуваат пелени, ме закачаат и се друго што децата го прават, само го прави амбиентот попријатен. Не знам ништо што е поубаво од дете.
PurplePuma, ќе ко свати тоа, за неколку години кога ќе стане родител
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не постои поужасно нешто од размазено, мало детиште што крешти низ авион/ресторан! Баш пред некој ден :D
Не постои ништо поужасно од размазено, возрасно суштество во вид на сноб што крешти низ авион/ресторан и се жали за се и сешто.
Мене ми пречат кога крекаат и кога се лигават луѓе возрасни, а често ги гледам, па никому ништо, сигурно нема да речам дека не сакам да седам со нив во иста просторија. Напротив, не ми пречи нивно присуство, нека си седат, така си избрале, ако мене ми смета ќе си одам или ќе трпам. Зарази секаде се добиваат и од возрасни, јас сите грипови и настинки ги закачив од возрасни од луѓе . Што е следно, забрана за деца у автобуси, па пешки нека одат 20 километри, кој ги врти.
Дете е, нормално дека му е досадно, ќе пишти и плаче. Тоа нема врска со воспитување. Има деца што се поживи, некои се помирни. Тоа не значи дека не треба да се возат во авион или да јадат во ресторан.
На некои мажи им сметаат жени да седат до нив, некои се расисти, некои се хомофоби итн, ама у тој случај би било тоа дискриминација нели? Да, се разбира дека би било и било тотално дебилно да се забрануваат одредни групи. Затоа не гледам како и ова не спаѓа во дискриминација.
Не дај Боже утре некој да ми прокоментира така за мое дете. Ако некој не сака да си има деца, нека ги нема, ама нема да ми кенка затоа шо јас имам.
Не зборам за тебе, туку општо.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Не сум подржувач на работи кои забрануваат. Но факт е дека има примери каде родителите се многу поглупави од сопствените деца, па за да они имаат мир, детето добива слобода да прави што сака, а притоа тоа слободно однесување на некого му пречи. Нека си обрнат внимание на некои работи самите родители. Воспитувањето започнува од мали нозе, како го научат на тие години, такво ќе биде цел живот. Не може да дојде млад брачен пар со дете на претстава и тоа дете се корне од плачење и ги вознемирува и глумците и они кои дошле да гледаат, а на родителите око не им трепнува. Има места каде со деца не се оди или има места каде некои работи со деца во јавност не се прават.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Не постои ништо поужасно од размазено, возрасно суштество во вид на сноб што крешти низ авион/ресторан и се жали за се и сешто.
Мене ми пречат кога крекаат и кога се лигават луѓе возрасни, а често ги гледам, па никому ништо, сигурно нема да речам дека не сакам да седам со нив во иста просторија. Напротив, не ми пречи нивно присуство, нека си седат, така си избрале, ако мене ми смета ќе си одам или ќе трпам. Зарази секаде се добиваат и од возрасни, јас сите грипови и настинки ги закачив од возрасни од луѓе . Што е следно, забрана за деца у автобуси, па пешки нека одат 20 километри, кој ги врти.
Дете е, нормално дека му е досадно, ќе пишти и плаче. Тоа нема врска со воспитување. Има деца што се поживи, некои се помирни. Тоа не значи дека не треба да се возат во авион или да јадат во ресторан.
На некои мажи им сметаат жени да седат до нив, некои се расисти, некои се хомофоби итн, ама у тој случај би било тоа дискриминација нели? Да, се разбира дека би било и било тотално дебилно да се забрануваат одредни групи. Затоа не гледам како и ова не спаѓа во дискриминација.
Не дај Боже утре некој да ми прокоментира така за мое дете. Ако некој не сака да си има деца, нека ги нема, ама нема да ми кенка затоа шо јас имам.
Не зборам за тебе, туку општо.
Се согласувам дека има и такви возрасни луѓе и затоа бирам да одам на места кај што нема такви крештави снобови, а не одам ни по места кај што се пикаат деца.
Не реков да им се забрани да користат јавен транспорт и ресторани, туку едноставно да се одвојат, исклучиво заради поголема удобност и на едните, и на другите. Има места на кои не е соодветно присуството на мали, прегласни деца, ете, примерот на Hank Moody е совршен. Има многу едноставно решение што го пишав во претходниот пост, family friendly места и сите среќни.
Како што реков, воспитани деца не ми сметаат, напротив, ми сметаат диви деца, а таквите ги има во сѐ поголем број. Деца се и може да им е досадно, но затоа се тука родителите кои треба да им посветат внимание, а не да остават толпата да ги занимава додека тие си прават муабет со другарката дали пудрата ги прави поубави.
И да е дискриминација, имам јас право и да бидам дискриминаторски расположена кон некој, така? Да, дискриминирам невоспитани деца и неспособни родители, so sue me.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.656
Поени од реакции
30.275
Оууу даа!
Со двете раце гласам за ваква работа.

Проблем е што во денешното општество забрзано се менуваат нормите за однесување. Денес родителите толку забегуваат демек либерални се, ама затоа 9 од 10 деца се за НИКАДЕ. Уствари не се работи за либералност на родителите туку за мрзливост и незамарање®.
Плус навистина носат мали (и невоспитани) деца на места каде не им е местото. Замислете пред некоја недела едни донесоа бебе во кино сала во Синеплекс. Или на журки ги влечат бе, аман не ми сметаат прегласна е музиката за да го слушам плачењето, ама дали се нормални ќе им го оштетат слухот...


Јас лично знам еден куп родители. Повеќе од пола се во горе опишаната не-се-замарам® (ама-сите-други-ги-замараме®) категорија. Втората категорија се нешто поразбрани родители ама е сепак исклучително заморно да бидеш во нивно друштво кога и децата се присутни.

Само еден пар родители, повторувам САМО ЕДЕН ПАР родители знам што имаат правилно воспитани деца. Значи деца како деца секогаш го тестираат лимитот/границата до каде може да забегаат со глупости. Ама овие се единствените кои не толерираат ништо што не треба да се толерира. Ако сме на гости и децава почнат да ми пипаат во тањир/чаша веднаш се прекорени и спречени... и слично. Децава гледаат дека нема заебанции и се осетно по... лесни да бидеш окулу нив.


Проблемот почнува дома, со недостаток на воспитување но продолжува и во основните училишта каде учителскиот кадар нема никаков авторитет. Искрено немаат ни механизам за авторитет, денес залепување воспитна = судска тужба.

Еве и една иницијатива од мене: Време е да се уведе шамарот како дозволено средство во школскиот систем. Ќутекот нели од рајот е излезен? :)



2. Воспитувањето на децата не е само родителска обврска, туку обврска на општеството.
Може. Ама кога со закон ќе дозволат да се маваат васпитни на невоспитаните копиљаци.


П.С. Child free holidays, каде да уплатам за ова? :-D
П.П.С. Дај стави анкета да видиме како ќе гласаат луѓево :-P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom