Пред една година претседателот на САД, Барак Обама објави дека најбараниот терорист на светот, лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен е убиен во Пакистан.Го ликвидираа американските специјалци „Фоки“, а врвот на американската администрација ја следел целата акција во живо во Белата куќа, на чело со Обама. Целата акција се одвивала во градот Аботабаду, но во изјавите за светските медиуми соседите тврделе дека го немаат видено Осама бин Ладен ниту неговото семејство.
Неколку месеци по убиството, војската потполно го блокирала пристапот до куќата во која наводно се се одиграло, а потоа изненадно ја срушиле, во февруари. Американците се уште не емитувале ниту една фотографија од ликвидацијата на Бин Ладен.
Тоа, секако ги подгра шпекулациите и теориите на заговор: едни веруваат дека Американците го убиле Бин Ладен во Авганистан и неговото тело го донеле мртво во Пакистан, додека други инсистираат дека Саудицот е жив.
Заин Мохамед, кој живее во реонот каде што наводно е убиен Осама бин Ладен, вели дека го нервира тоа што и денес го нарекуваат „сосед на Бин Ладен“, како и останатите од соседството, не верува дека некогаш Осама бил тука.
-Бин Ладен не бил овде. Неговото семејство? Можеби. Но тој не. Тоа е само драма која ја изрежирале Американците и поткупливата пакистанска војска, која би направила се за пари, вели и директорот на локалното училиште, Аурангзеб.
Мистеријата ја следи и приказната за вдовиците и децата на Осама: трите жени и децата кои наводно живееле со нив во Аботабад биле во рацете на пакистанските власти, бидејќи Американците ги оставија таму. По речиси една година под надзор, тие пред неколку дена се депортирани во Саудиска Арабија-а за сето тоа време не е забележано ниту едно нивно појавување.
Студентот Аваис Ахмад од Аботабад исто така вели дека не знае ништо за престојот на Осама во градот.
-Не знаеме дали Осама бил овде или не. Но, сега сакаме мир во нашата земја и затоа би требало Америка да се повлече од овде, да ги повлече своите трупи, како и НАТО силите. Можеме да живееме сами, нашата влада и војска се доволни за одбрана на нашата земја, доволни за нашата безбедност.
Еден пакистански новинар коментира како луѓето едноставно не се подготвени да прифатат дека озлогласениот лик живеел во нивна близина.
-Вистината е дека им е срам што Бин Ладен се криел овде, додека припадниците на Ал Каеда убивале илјадници луѓе ширум земјата.
Мухамед Рашид, кој живее во крајот во кој американските специјалци го пронајдоа и ликвидираа Бин Ладен, се потсетува на 2 мај 2011-та.
-Никој не виде што сторија овде Американците. Ние не видовме, вие не видовте. Тие велат дека го убиле Осама. На крај, ако навистина го убиле, тогаш немаат право да останат овде. Само би требало да ја напуштат нашата земја.
Жив или мртов, аналитичарите предупредуваат дека идеолошкиот Бин Ладен и тоа како е жив. Пакистанските безбедносни служби предупредуваат дека одредени екстремистички групи на северозападот од Пакистан се во блиска соработка со Ал Каеда, „се хранат“ со таа идеологија и претставуваат сериозна закана за безбедноста. Во неделите по смртта на Бин Ладен, една од овие групи започнала серија бомбашки напади, вклучувајќи го двојниот напад на самоубијците врз полицискиот центар за обука, во кој беа убиени речиси 100 луѓе.
Овие групи нудат моќна приказна: Злобните Американци извршија инвазија врз Авганистан, убивајќи муслимани и ширејќи злобно сценарио и на Пакистан. Покрај тоа, тука е и култот на Осама бин Ладен, забележува пензионираниот пакистански офицер и аналитичар за безбедност, Талат Масуд.
Друг важен проблем е и слабата економија. Според зборовите на Масуд, владата во Исламабад со години го занемарувала развојот на северозапад, каде милитантите имаат свои упоришта, бидејќи на сиромашните граѓани им нудат приход и углед во друштвото, кој доаѓа со „пушка во рацете“.
-Многу вакви групи организираат стотици семинари и образование за малите деца, посебно од сиромашните семејства, вели аналитичарот од невладиниот Центар за истражување и безбедносни студии во Пакистан, Имтиаз Гул.
Фоките кои го убија Осама бин Ладен се мртви.
Сите припадниците на единицата “Фоки”, кои го ликвидираа Осама бин Ладен во Пакистан, се мртви. Наводно, Талибанците се одговорни за смртта припадниците на оваа елитна единица. Но по нивното загинување минатата година во американската јавност се почесто се зборува за теоријата дека американските војници се ликвидирани од Пентагон за никогаш да не се дознае вистината за операцијата во Аботабад, Пакистан.
Официјалната приказна на американската војска гласи дека 17 припадници на познатиот тим од кои 6 морнарички фоки, 5 членови на специјалните морнарички единици, 5 обични војници, 3 воздухопловци, 1 преведувач и осум Авганистанци загинаа откако талибаците го срушија хеликоптерот Чинук кој тргнувал на задача.
Но некоои од американските портали излегоа со тврдење дека фоките се убиени од Пентагон.
Сајтот ветеранс репорт, кој се занимава со објаснување на она што се случува во Авганистан и Ирак објави дека всушност се работи за замолчување на фоките, бидејќи некои од нив би можеле за проговорат за она што навистина се случувало во Аботабад или уште полошо за она што не се случило.
- Осама е убиен во 2001 г., а операцијата која наводно ја одобри претседателот, всушност, е само голема фарса, објави сопственикот на сајтот кој е поранешен припадник на фоките.
Некои други новински портали напоменуваат дека хеликоптерот навистина урнат со ракета испукана од земја и дека тоа не го направиле талибанците, туку Пентагон. Тие сметаат дека всушност е невозможно да се урне таков хеликоптер на таков глупав начин, но дека овој метод е омилен за пресметување со оние кои премногу знаат.
Англиска теорија
Според англиската теорија на завера некој од фоките кога-тогаш би проговорил и би признал што се случувало во Аботабад. Што и да испливаше на површина и што и да е вистината која веројатно никогаш нема да се дознае, едно е сигурно: мртва уста не зборува. И тоа всушност е горивото кое го користат тероретичарите на завера.
Во Англија на истиот начин се покрена прашањето за неочекуваната смрт на новинарот Шон Хор, кој прв проговори за скандалот Мардокгејт, односно за прислушувањето на телефоните што го правеа новинарите и уредниците на таблоидот Ворлд оф д њус”. Хор беше пронајден мртов во својата куќа, а полицијата во кусото соопштение наведе дека неговата смрт не ја смета за сомнителна.
Извор.
Да не отварам нова тема .. што мислите за ова ?