Убиен е Осама бин Ладен!

  • Креатор на темата Syn
  • Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.020
Поени од реакции
20.765
Поранешен агент на ЦИА: Бин Ладен умре од болест уште во 2006

Поранешен агент на ЦИА, кој моментално живее во Турција, тврди дека Осама бин Ладен умрел од болест уште пред пет години.

„Ги знаев многу добро Чеченците што го чуваа Бин Ладен“, изјави Чеченецот Беркан Јашар за руската телевизиска станица Ченел 1.

„Сами, Ајуб и Махмуд со него беа до самиот крај. Точно се сеќавам на тој датум, бидејќи во него има три шестки. Умре на 26. јуни 2006. година“, рече Јашар, притоа додавајќи дека мртов го виделе овие три лица, како и двајца муслимани од Лондон и двајца мажи од САД.

„Беше многу болен пред смртта. Се ’исуши“ и беше само ’коска и кожа’. Тројцата Чеченци му го измија телото пред погребот“, тврди Јашар.

Тој додава дека на 2 мај навечер, кога американскиот претседател Барак Обама објави дека Бин Ладен е убиен, само што му го пронашле гробот на пакистанско-авганистанската граница и тогаш е одлучено да се покрене воена операција.

Поранешниот агент на ЦИА тврди и дека Американците почнале да ги фаќаат чуварите на Бин Ладен од Чеченија откако во 2008. година првпат беше објавено дека лидерот на Ал Каеда е мртов.

Последниот од нив, Сами, американските војници го фатиле неколку дена во „акцијата во која е убиен Бин Ладен“.

Се верува дека Чеченецот го открил местото каде што Осама бин Ладен е закопан.

Запрашан зошто се решил да проговори за руската телевизија, Беркан Јашар рече дека по последните настани се плаши за својот живот.
 

SteF1z

Unique >)
Член од
14 јануари 2010
Мислења
25
Поени од реакции
4
За тоа никогаш не му верував на Американците..
А за оваа информација колку е точна и вистинита треба времето да покаже..

Бтв новиот лидер на Ал Каеда , планира голем терористички напад врз Лондон.
Повеќе информации :
Наследникот на Осама бин Ладен планира терористички напад на Лондон, јавуваат медиумите повикувајќи се на доверливи извори.
За кратко време откако застана на чело на најпознатата светска терористичка организација, Саиф ал Адел сака да ја одмазди смртта на својот поранешен шеф, пишува „Дејли меил“.
„Нашиот нов водач има големи планови за Лондон. Тој смета дека Велика Британија е столб на Европа и затоа мора да биде скршен“ изјави портпаролот на талибаните, Ехсанулах Ехсан.
Водечките лица на талибаните и Ал Каеда се состанале на пакистанската граница за да ја усогласат новата улога на педесет и едногодишниот ал Адел, кој своевремено беше шеф за безбедност на бин Ладен.

Со цел да се подигне нивото за безбедност на највисоко ниво, британската сообраќајна полиција за првпат доби дозвола за носење оружје во возовите, станиците и метроата.
Британците стравуваат да не се повтори напад сличен на оној во Мумбаи 2008 година, кога загинаа 200 лица, така што вложуваат максимални напори да ја запрат секоја можност за обид за напад.
Останува да видиме што ќе се случи ?!

Извор : www.tocka.com.mk
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Bump
За настанов очекувам филм од познато холивудско студио следниве неколку месеци, така да добие оскар.
Не ми е баш за верба оваа смрт, покрај сите лаги од американците.
Па и да е вистина, Бин Ладен е таков култ во блискиот исток шо тешко дека нема да биде заменет.
http://bumbar.mk/11/filmot-za-osama-vo-fokusot-na-amerikanskiot-kongre/
Darling called it first.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
прашање на време беше само КОГА ке биде ова и коа ке искочи филмов ке биде број 1 по гледаност у америка а воедно и сите ке свршаваат на него поготово сцената кога ке биде „убиен“ бил ладен.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
прашање на време беше само КОГА ке биде ова и коа ке искочи филмов ке биде број 1 по гледаност у америка а воедно и сите ке свршаваат на него поготово сцената кога ке биде „убиен“ бил ладен.
Давам уште сеа претпоставка дека Обама може да го глуми Вил Смит.
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Пред една година претседателот на САД, Барак Обама објави дека најбараниот терорист на светот, лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен е убиен во Пакистан.Го ликвидираа американските специјалци „Фоки“, а врвот на американската администрација ја следел целата акција во живо во Белата куќа, на чело со Обама. Целата акција се одвивала во градот Аботабаду, но во изјавите за светските медиуми соседите тврделе дека го немаат видено Осама бин Ладен ниту неговото семејство.

Неколку месеци по убиството, војската потполно го блокирала пристапот до куќата во која наводно се се одиграло, а потоа изненадно ја срушиле, во февруари. Американците се уште не емитувале ниту една фотографија од ликвидацијата на Бин Ладен.
Тоа, секако ги подгра шпекулациите и теориите на заговор: едни веруваат дека Американците го убиле Бин Ладен во Авганистан и неговото тело го донеле мртво во Пакистан, додека други инсистираат дека Саудицот е жив.

Заин Мохамед, кој живее во реонот каде што наводно е убиен Осама бин Ладен, вели дека го нервира тоа што и денес го нарекуваат „сосед на Бин Ладен“, како и останатите од соседството, не верува дека некогаш Осама бил тука.
-Бин Ладен не бил овде. Неговото семејство? Можеби. Но тој не. Тоа е само драма која ја изрежирале Американците и поткупливата пакистанска војска, која би направила се за пари, вели и директорот на локалното училиште, Аурангзеб.

Мистеријата ја следи и приказната за вдовиците и децата на Осама: трите жени и децата кои наводно живееле со нив во Аботабад биле во рацете на пакистанските власти, бидејќи Американците ги оставија таму. По речиси една година под надзор, тие пред неколку дена се депортирани во Саудиска Арабија-а за сето тоа време не е забележано ниту едно нивно појавување.

Студентот Аваис Ахмад од Аботабад исто така вели дека не знае ништо за престојот на Осама во градот.
-Не знаеме дали Осама бил овде или не. Но, сега сакаме мир во нашата земја и затоа би требало Америка да се повлече од овде, да ги повлече своите трупи, како и НАТО силите. Можеме да живееме сами, нашата влада и војска се доволни за одбрана на нашата земја, доволни за нашата безбедност.
Еден пакистански новинар коментира како луѓето едноставно не се подготвени да прифатат дека озлогласениот лик живеел во нивна близина.
-Вистината е дека им е срам што Бин Ладен се криел овде, додека припадниците на Ал Каеда убивале илјадници луѓе ширум земјата.
Мухамед Рашид, кој живее во крајот во кој американските специјалци го пронајдоа и ликвидираа Бин Ладен, се потсетува на 2 мај 2011-та.
-Никој не виде што сторија овде Американците. Ние не видовме, вие не видовте. Тие велат дека го убиле Осама. На крај, ако навистина го убиле, тогаш немаат право да останат овде. Само би требало да ја напуштат нашата земја.

Жив или мртов, аналитичарите предупредуваат дека идеолошкиот Бин Ладен и тоа како е жив. Пакистанските безбедносни служби предупредуваат дека одредени екстремистички групи на северозападот од Пакистан се во блиска соработка со Ал Каеда, „се хранат“ со таа идеологија и претставуваат сериозна закана за безбедноста. Во неделите по смртта на Бин Ладен, една од овие групи започнала серија бомбашки напади, вклучувајќи го двојниот напад на самоубијците врз полицискиот центар за обука, во кој беа убиени речиси 100 луѓе.

Овие групи нудат моќна приказна: Злобните Американци извршија инвазија врз Авганистан, убивајќи муслимани и ширејќи злобно сценарио и на Пакистан. Покрај тоа, тука е и култот на Осама бин Ладен, забележува пензионираниот пакистански офицер и аналитичар за безбедност, Талат Масуд.
Друг важен проблем е и слабата економија. Според зборовите на Масуд, владата во Исламабад со години го занемарувала развојот на северозапад, каде милитантите имаат свои упоришта, бидејќи на сиромашните граѓани им нудат приход и углед во друштвото, кој доаѓа со „пушка во рацете“.
-Многу вакви групи организираат стотици семинари и образование за малите деца, посебно од сиромашните семејства, вели аналитичарот од невладиниот Центар за истражување и безбедносни студии во Пакистан, Имтиаз Гул.

Фоките кои го убија Осама бин Ладен се мртви.
Сите припадниците на единицата “Фоки”, кои го ликвидираа Осама бин Ладен во Пакистан, се мртви. Наводно, Талибанците се одговорни за смртта припадниците на оваа елитна единица. Но по нивното загинување минатата година во американската јавност се почесто се зборува за теоријата дека американските војници се ликвидирани од Пентагон за никогаш да не се дознае вистината за операцијата во Аботабад, Пакистан.
Официјалната приказна на американската војска гласи дека 17 припадници на познатиот тим од кои 6 морнарички фоки, 5 членови на специјалните морнарички единици, 5 обични војници, 3 воздухопловци, 1 преведувач и осум Авганистанци загинаа откако талибаците го срушија хеликоптерот Чинук кој тргнувал на задача.
Но некоои од американските портали излегоа со тврдење дека фоките се убиени од Пентагон.
Сајтот ветеранс репорт, кој се занимава со објаснување на она што се случува во Авганистан и Ирак објави дека всушност се работи за замолчување на фоките, бидејќи некои од нив би можеле за проговорат за она што навистина се случувало во Аботабад или уште полошо за она што не се случило.
- Осама е убиен во 2001 г., а операцијата која наводно ја одобри претседателот, всушност, е само голема фарса, објави сопственикот на сајтот кој е поранешен припадник на фоките.
Некои други новински портали напоменуваат дека хеликоптерот навистина урнат со ракета испукана од земја и дека тоа не го направиле талибанците, туку Пентагон. Тие сметаат дека всушност е невозможно да се урне таков хеликоптер на таков глупав начин, но дека овој метод е омилен за пресметување со оние кои премногу знаат.
Англиска теорија
Според англиската теорија на завера некој од фоките кога-тогаш би проговорил и би признал што се случувало во Аботабад. Што и да испливаше на површина и што и да е вистината која веројатно никогаш нема да се дознае, едно е сигурно: мртва уста не зборува. И тоа всушност е горивото кое го користат тероретичарите на завера.
Во Англија на истиот начин се покрена прашањето за неочекуваната смрт на новинарот Шон Хор, кој прв проговори за скандалот Мардокгејт, односно за прислушувањето на телефоните што го правеа новинарите и уредниците на таблоидот Ворлд оф д њус”. Хор беше пронајден мртов во својата куќа, а полицијата во кусото соопштение наведе дека неговата смрт не ја смета за сомнителна.

Извор.
Да не отварам нова тема .. што мислите за ова ?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Премногу се испокомплицирани сите овие односи. Кога станува збор за геополитика, ние може вака на форум да си дрдориме, во суштина никој од нас ништо не знае освен максимум 10 души во целиот свет. Не сакам да шпекулирам кога станува збор за ова, затоа што реално ги немам сите навистина релевантни информации за да донесам заклучок. Премногу теории се во игра и искрено не верувам дека некогаш ќе ја добиеме вистинската приказна за тоа што се случило. Официјалната верзија е дека го убија пред една година на начинот кој што беше објавен, а што навистина се случило, не верувам дека некогаш ќе дознаеме и ова ќе биде уште еден настан кој ќе биде инспирација за многу шпекулации и теории на заговор, затоа што реално се остави многу простор за заговори и милион сценарија. А можеби и тоа било намерата. Можеби и не било. Милион “можеби“ има што се однесува до овој настан.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Општо е познато дека Американциве се многу често учесници во нечисти игри и договори,затајување информации и слично,но некогаш едноставно немора да бараме заговор во нешто што се случило.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382
Не е точно тоа дека специјалците што учествуваче во акцијата се убиени,во хеликоптерот што се урнал имало 22 Navy Seals(истата единица што го убила Осама) али ни еден од нив не учествувал у акцијата..Не викам дека го убиле само да не се залетате на грешни информации
 
M

Muranyi

Гостин
20 припадници на специјалната единица која учествуваше во акцијата за ликвидирање на Осама Бин Ладен,загинаа во хеликоптерска несреќа.
Кликнете за повеќе.
 
Член од
1 декември 2009
Мислења
187
Поени од реакции
27
dva dena pa napadot na kulite bliznacki bil laden i negovoto semejstvo vo pridruzba na obezbeduvanje od CIA e isprateno so vladin avion vo s. arabija. toa e edinstveniot avion sto poletal i za koj e napraven isklucok bideki vednas po napadot bea prizemjeni site letala i bese zabranet celosniot avionski sobracaj vo SAD za nekolku dena. paradi ova mnogumina smetaat deka semejstvoto a i samiot bil laden e "skrien" od strana na s. arabija
 
Член од
22 јануари 2012
Мислења
76
Поени од реакции
23
Па тоа е јавна тајна.. Сите знаат дека семејството Буш и семејството Бин Ладен имаат заеднички интереси како нафта и пари...И имаше огромен степен на заштита на Бин Ладен од страна на САД т.е. Буш сениор, а подоцна и Буш јуниор..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom