Слаб карактер

C

Cool Hand Luke

Гостин
Да , на тоа мислев.
На некои ко да им одговара тоа, природно ко да им стои. Јас едно време бев таков поради тоа што бев слаб, не затоа што сакав. Тоа беше тешка апатија за мене. Инаку не гледам причина со сила да гушам некоја остра емоција према некого, бидејќи подоцна кога ќе ме фати во затворена соба ќе подивам. А ако некој може сосема да ја акумулира без да ја покаже, секоја чест. Само за тоа треба да се биде духовно силен, а овие за кои што зборувам не ми изгледаа баш така. Добри да, но силни?

Нонтеизам, тие што ги опиша се силни по его, во мирнодопски услови најмногу гракаат, но кога ќе треба вистински да се покаже храброст ќе застанат ко врапци пред сокол.

И една убава реченица од Оскар Вајлд - најхрабриот човек меѓу нас се плаши од самиот себеси.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Никој неможе да акумулира негативна енергија до бескрај , ама затоа може да ја трансформира.
Духовно си јак ако дојдеш до тоа што тие за кои што зборуваш го викаат Buddha-nature.
Се до тогаш само може да мислиш дека си духовно јак ама се ке биде илузија.
Па на крај и да е тоа поентата што фајде кога го нема тој што треба да ужива у таа душевна јачина , он е у длабок сон.
Остај ги нив на нив времето им пројде што направија направија , на нас е редот.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Не те сфатив баш. Добра е таа состојба на апсолутна нула или не? Од некого чув дека таа нирвана не е онаа блажена нирвана што уште ја викаат мукти и што зрачи со безусловна среќа и сила, тука тоа е она Ништото за оние на кои што не им е ни до материјален ни до духовен развој.
Она што сам го забележав би го нарекол гушење на сопственото Јас, на личните одлики, да го наречеме тоа его. А просветлението е нешто ко живеење на егото но под целосна контрола на духот :) Ако ме разбираш. А овие луѓе мене ми изгледаа баш ко овчички, тивки, срамежливи, ко некој да ги исплашил и им рекол бидете добри т.е. попустливи по секоја цена, шо знам... или само мој огледало ефект...? :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
хахаха очигледно ја не сум те сватил добро за која состојба зборуваш.
Јасно ми е за што зборуваш , у право си .
Тоа нема врска со никаква нирвана а и не ми се мозга баш за нив да ти кажам право па да барам причини зошто и како.
Само сум сигурен дека таа состојба е крајна победа на егото над правиот Ти .
Они и по природа се такви па уште тоа им треба.
Затоа пишав дека нивното време е завршено а нашето тек почнува.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
:) Само момент. :) На тој горниот пост со број 61 прво тебе ти пишав за тие мирните душички што јас ги сметам како една крајна попустливост што во суштина нема врска со доброто. Нема ни со злото, туку е баш нешто ко нула. За таа "нирвана" зборував сега.
А потоа му одговорив на Нонтеизам за тие навидум силните што секојдневно ги гледаме секаде и што се најмногу бучни па наизглед делуваат најсилни. Ти за нив ли велиш дека времето им е завршено? Се сложувам, на нив им е одамна завршено иако изгледа дека никогаш нема да им помине.
И првите душички и вториве егоманијаци се еден вид крајност, а таму некаде на средината би биле вистински просветлените и силните, да речеме Рамбо хероите. :) Се зафркавам, Рамбо ама не Рамбо. Исус, Буда да речеме. Нашите. Ние. :)

Го отупев малку, но еве за пример ќе ти го дадам Индијана Џонс од филмот со храмот, од една страна се мирните добри послушни Индијчиња што работат ко робови, а од друга страна се тие лошите, што ги угнетуваат. Може Индијана Џонс не е просветлен сосема, но ко метафорички пример да го земеме. :)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
:) Ne го затупе кога кажа за Исус и Буда и нас , така си е. А за Индијана Џонс не ми текнуе баш како беше филмот ама одприлика те сваќам
што сакаше да кажеш.
Ме фака некоја дамла неможам да мислам ај утре ке пишам.
позз
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Многу е лесно бе :)
Немање свое јас, на секој од нас ни фали свое јас за некои работи ама па ваквите за ништо немаат.
Тука збориме за политичари и слично...:)
 
T

theTinule

Гостин
Ветрушка, што би рекле постарите...
Кај дувне ветрето, таму сум.
Нестабилни личности на кои ставовите им се менуваат од час во час, не е дека ги немаат. Љубопитни се и истражуваат насекаде, но исто така и не мислат за последици.
Секој од нас на почетокт бил слаб карактер. Карактерот се оформува со текот на времето и ставовите се зацврстуваат. Израснуваш во личност со цврст карактер кога ќе созрееш, ќе се запознаеш себеси. Дотогаш, сите се ветрушки...
Мој став xD
 
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Се согласувам со сите претходни дефинирања на поимот слаб карактер,само ќе додадам уште некои мои размислувања на оваа тема.

-Човек со слаб карактер е оној кој не ги исполнува ветувањата кон себе,а пред се ветувањата кои ги дал на другите,
-Човекот со слаб карактер се плаши да не згреши во 99% од своите одлуки и ставови,значи се плаши од последиците на истите,
-За Човекот со слаб карактер околината има општо мнение како глупав,прост човек,а всушност не е така.Му фали маркетинг и презентирање на неговите ставови,идеи итн.

Мислам дека решението во овој проблем е пред се таквата личност да почне да ги исполнува ветувања кон себе и кон другите.Значи му фалат ДЕЛА,а со нивно исполнување следи и поголема самодоверба..
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
До кај стигнавме.
До преобразување на "духот" низ три фази , како што зборуваше Заратустра.
Прво камила па лав па дете.
Е сега камилата и детето се со "слаб" карактер а лавот е со набилдан карактер.
Природен и единствен правилен тек на работите е да се помине низ овие три фази.
Ама за жал у 99,нештто % случаеви не е така.
Тешко се стига до детето.
Работата со овие од Индија е што они сакаат од коњ на магаре или поточно кажано од камила да се преобразат во дете.
И никако не им успева , по ова засекогаш остануваат камили(у овој живот се разбира).
Исти се и ромиве од кај нас (може нешто у гените е).
Што значи не му се радуј на лавот многу , он увек вика не а камилата јадна увек вика да. Исто како у филмот јес мен , иначе има добра порака филмот,
вика дека треба да се напушти авторитативното не и да се премине кон да.
Али у секој случај со една крајност ништо не правиш , или си камила со слаб карактер или си лав со јак.
Бидни си дете , најубаво.
 
?

..........

Гостин
Слаб карактер, личност која е плашлива и контролирана од другите за потсмев, не си ги почитува своите ставови а и неможе да го стори тоа, за таква чичност би било поволно да ја почесто променува средината местото на живеење...
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Човек кој ке се погази самиот себеси доколку има интерес кај некого. Аха и личност која гледа песимистично на животот со цел да не се изненади од реалноста, сметајки дека така ке се поштеди себеси од шок, а секоја мала позитивна работа што му се дешава ја доживува ко врвна сензација, и така во круг и ништо не се случува! Најјаки се оптимистите.. таквите луѓе тешко кој може да ги згази, затоа што не се предаваат и го живеат животот со полна плуќа!СЕКОЈ ИМА МОМЕНТИ НА СЛАБОСТ, НЕ Е БИТНО АКО ПАДНЕШ, БИТНО Е ШТО ПОТОА?!
 
S

StormRage

Гостин
Слаб карактер, слаб карактер за мене се луѓе без принципи. Иако ги имам и сум ги погазил, но некој ги нема. Не се слаб карактер луѓе кои живеат сами или едноставно бегаат од луѓе. Тие се јаки, можат без сите. Можам и јас, но подобро ми е со некој него сам, секој си сака моменти за себе и може да си ги добие.
Луѓе што паничат и тоа е слаб карактер, се надеваат на нешто, излегува нешто сосем трето и настанува општа конфузија и хаос пошо не си спремиле план б...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Слаб карактер=лабилна личност... личност што не знае што сака, неодлучна, колеблива, подадлива на туѓо влијание.. Сметам дека со тек на време може да се зајакне :)
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Слаб карактер, слаб карактер за мене се луѓе без принципи. Иако ги имам и сум ги погазил, но некој ги нема. Не се слаб карактер луѓе кои живеат сами или едноставно бегаат од луѓе. Тие се јаки, можат без сите.
Зaвиси, имa личности што бегaaт од луге со цел дa се зaштитaт, им пречи туѓо присуство лесно примaaт негaтивнa енергијa и тоa ги прaви уште по кршливи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom