Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=6&vest=2068
Во име на неговата силна жена, Билјана Младенова, од срцето на сите новинари на „Фокус“, од мене лично, благодарност до сите колеги, пријатели и политичари кои некогаш беа наша мета, а денеска беа со нас при последната разделба со нашиот Никола. Им благодариме и на оние другите, оти барем не беа лицемерни.

Прескочила да пише за разлика од овие првиве Јадранка.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Ти би почитувал човек за кој судски е докажано (како што сам пиша) дека те клеветел, тебе или твоите соработници? Морал и чувство за човечност... :pos: Лицемерие се вика тоа, не морал.
Ако така веруваш во македонското судство, значи веруваш и во Дедо Мраз.....само може среќа да ти посакам....

Нормално дека секој има право на сомнеж,само работата е што кај нас луѓето уживаат да си прават фимови дека позади се стои нешто.
За Глигоров се знаеше,класичен обид за атентат,Трајковски го уби бранже,Велија е во затвор заради неплаќање данок и перење пари,Љубе го фатија на лице место како врши рекет.
Што не ти е јасно ?

И каква врска побогу има Груевски со Младенов,ај ако не нека земат цела влада да изразуваат сочуства на кој како умре ? Многу сте чудни.
Како што цела влада може да иде на отварање на селска чешма, може и куртоазно да кажат дека изразуваат жалење....Талат изразил жалење пошо Паторот не му е премиер, има друг надреден над себе....
Коа сме кај Паторот, јас не ни очекувам да изрази жалење затоа што егото му е негде на пола пат меѓу Јупитер и Сатурн....фараонството не му дозволува некој што сакал да му се бави со криминалите во новината да го жали - поточно он би да му умре се до трето колено ако може....пошто ако не си со него, аутоматски си против него....
Гледам дека те повел митот за безгрешноста на пастирот....само како пример - побрза пред некој ден преку режимските лижигз новинари да ни објасни како он не го продал Кичево во 2004, а не му текна да објасни како референдумот пропадна а истиот тој една година после тоа успеа да мобилизира пола милион луѓе да го изгласаат за премиер....ги замижувате бескрајните криминали на пар фаци од неговата најнепосредна близина и секојдневните отстапки кон терористите....епа ако Младенов пишувал за сите овие работи - што има па овој сега сочуство да изразува? Глупости нели....
И не треба да изрази сочуство затоа што сите знаеме дека ќе лаже (по којзнае кој пат)....
Љубе јадеше трици на митинзи, Велија имаше медиум во кој не се криеа убиства, криминал на владата, ќорсокаците кои со наша крв и злато ни ги поплочи оваа „гарнитура“ со Бугарија, Грција, Европа и УЧК....и каде се сега - претежно у ќорка....
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Според твојава логика секоја недела ќе треба Груевски да изразува сочуство, умрел Младенов еве денеска Јакуп Селимовски предходно актер познат (не му го памтам името) па Гоце Арнаудов итн. Плус неможеш да знаеш дали стварно не изразил немора да биде тоа преку медиум направено, а и можам да замислам уште во старт што ќе биде.. еве види го овој го отепа па сега лицемерие намерно прави демек стварно му е жал а и веќе имаше вакви теории кој ќе бил во прв ред на погреб тој го убил :facepalm:
Уште поголемо лицемерие е кога не си искрен во изразувањето на сочуство и демек си почитувал некого, 90% од луѓево немаат 2 броја на фокус купено а има и такви кои првпат го слушнаа после инцидентот името на Младенов а сега се отепаа од пишување статуси за најдобриот новинар ова она. Фејсбук страницава на фокус пред неговата смрт околу 2000 лајкови за којзнае колку време по смртта 2 дена веќе има 3400, поголемо лицемерие од лажна почит и сочуство демек нема..

Инаку големи се шансите и друго возило да учествувало во несреќава (треба да си проверат мвр на камерите од наплатните рампи пред/после него) ама не верувам дека се работи за убиство со намера уште помалку дека е од владата.
Оф мори мајко...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Не се глупирај ако сакаш.
Слободен форум е, се што е навредливо бриши го, а ако имаш малце памет ќе разбереш дека напишаното од 3 збора објаснува цел пасос напишан од 5 страни, збориме у случај ако си непристрасен.
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
264
Поени од реакции
72
Фактот што при секој ваков случај(не велам несреќен или намерен) првата помисла на граџанството е дека е исцениран, само ми го потврдува фактот дека сме дојдени на ниво на некоја екс-советска република.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Ако така веруваш во македонското судство, значи веруваш и во Дедо Мраз.....само може среќа да ти посакам....
Не навлегувам ни во пристрасноста и непристрасноста на македонското судство, ниту во теории за тоа дали случката е несреќа или атентат. Се тоа ќе ни стане сосема јасно после неколку месеци, откако ќе се отплеткаат работите. Само го коментирав инсистирањето за сочувство од Груевски. Тужбите се доказ дека Груевски и Младенов не се сакаа. И изразување сочувство ќе беше лицемерие, а не морален чин. Немаше воопшто ништо да им значи ни на семејството на Младенов, нит на неговите соработници.

Како што не им значи ни сочувството од другиве политичари. Покажаа досега многу пати колку го ценат Младенов. И имаат шанса пак да покажат. Ако го ценат како што тврдат, Фокус многу лесно ќе преживее. Парите што ги должи Фокус за нив се играчка. Што мислиш, ќе истера Фокус до август? И овде на темава има многу загрижени за Младенов. Колку пати купиле Фокус, еднаш или ниеднаш? Го купија барем последниот број? Бидејќи тиражот на неделникот е неколку илјади примероци. Кога ги читаш овде изгледа ко десетици илјади да е.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Парите што ги должи Фокус за нив се играчка. Што мислиш, ќе истера Фокус до август?
За се' останува да шпекулираме, барем сега за сега....
Мислам дека печатените медиуми и така се во „интернетска“ криза - Фокус тераше анти-онлајн стратегија - не знам ни јас зошто.....мислам дека повеќе тоа е причината за тоа кој колку купувал Фокус исл.
Инаку опозицијата е шворц повеќе од очигледно....Костова пишува за некакво пријателство, спонзорство од страна на Алкалоид - не ми е познато, да не шпекулирам...мислам дека некако така би се извадиле.....
Како и да е....заличува на едноумие малку нели? Па нели истиве се тепаа за повеќепартиски систем, нели комуњарите переа мозок? Балансирано прикажување на настаните е најздраво за целава држава, ако вака си продужи може само уште црнила да ни се случуваат, а розево да гледаме....
 
G

Geezer

Гостин
Не навлегувам ни во пристрасноста и непристрасноста на македонското судство, ниту во теории за тоа дали случката е несреќа или атентат. Се тоа ќе ни стане сосема јасно после неколку месеци, откако ќе се отплеткаат работите. Само го коментирав инсистирањето за сочувство од Груевски. Тужбите се доказ дека Груевски и Младенов не се сакаа. И изразување сочувство ќе беше лицемерие, а не морален чин. Немаше воопшто ништо да им значи ни на семејството на Младенов, нит на неговите соработници.

Како што не им значи ни сочувството од другиве политичари. Покажаа досега многу пати колку го ценат Младенов. И имаат шанса пак да покажат. Ако го ценат како што тврдат, Фокус многу лесно ќе преживее. Парите што ги должи Фокус за нив се играчка. Што мислиш, ќе истера Фокус до август? И овде на темава има многу загрижени за Младенов. Колку пати купиле Фокус, еднаш или ниеднаш? Го купија барем последниот број? Бидејќи тиражот на неделникот е неколку илјади примероци. Кога ги читаш овде изгледа ко десетици илјади да е.

Јас го читав и го купував. И штотуку го купив и последниот број. Човекот беше фигура, не мора да се вреднува новинарот по весникот негов, туку имаше цврсти ставови и паметни размислување. Остро перо кон сите. Милион пати тепан од Бранко, милиони закани, тужби, влечења по судови и не се откажа. Тоа е за почит. За разлика од останатите квази новинари и полтрони, кои не излегуваат од анусите на политичарите, се лигават како бебчиња на цицка.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
За се' останува да шпекулираме, барем сега за сега....
Мислам дека печатените медиуми и така се во „интернетска“ криза - Фокус тераше анти-онлајн стратегија - не знам ни јас зошто.....мислам дека повеќе тоа е причината за тоа кој колку купувал Фокус исл.
Инаку опозицијата е шворц повеќе од очигледно....Костова пишува за некакво пријателство, спонзорство од страна на Алкалоид - не ми е познато, да не шпекулирам...мислам дека некако така би се извадиле.....
Како и да е....заличува на едноумие малку нели? Па нели истиве се тепаа за повеќепартиски систем, нели комуњарите переа мозок? Балансирано прикажување на настаните е најздраво за целава држава, ако вака си продужи може само уште црнила да ни се случуваат, а розево да гледаме....
Ставот на Младенов беше сличен на ставот на многу уредници на печатени медиуми во САД, дека интернетот ќе го уништи истражувачкото новинарство и аферите ќе ги направи трачеви. Затоа беа толку анти-онлајн.
Јас искрено се надевам дека Мукаетови ќе го спасат неделниот Фокус, дневниот е срање и греота е некој да го спасува. Ама не сум убеден во тоа.


Заличува и станува едноумие. Тука сме согласни. Истиве се тепаа за власт, ко и сите други. :)
Јас го читав и го купував. И штотуку го купив и последниот број. Човекот беше фигура, не мора да се вреднува новинарот по весникот негов, туку имаше цврсти ставови и паметни размислување. Остро перо кон сите. Милион пати тепан од Бранко, милиони закани, тужби, влечења по судови и не се откажа. Тоа е за почит. За разлика од останатите квази новинари и полтрони, кои не излегуваат од анусите на политичарите, се лигават како бебчиња на цицка.
Беше. Младенов беше човекот што го обори Црвенковски од власт во 1998. И неделниот Фокус беше одличен весник, до пред некое време. Сега заличува по малку на сите други, ама и Младенов и Костова (како што пишува Јадранка во текстот погоре) го забележале тоа. Уште една работа вредна за почит.

Младенов беше еден од најдобрите македонски новинари и тоа е факт. Затоа и не заслужува после неговата смрт да се дискутира дали Груевски требало или не да му оддаде сочувство на семејството. Тоа е лично право на Груевски. Ако тоа е најголемата работа за која треба да се дискутира неколку дена после неговата смрт, на големо ја вреѓаме и девалвираме кариерата на Младенов.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Сочувство се изразува ако сочувствуваш. Груевски можеби не жали за смртта на Младенов. Мора да биде лицемерен?
Па кога веќе тргна со УЧК, амнестии и разни Таљатарии, едно сочувство за Младенов е капка во море.
 
G

Geezer

Гостин
Ставот на Младенов беше сличен на ставот на многу уредници на печатени медиуми во САД, дека интернетот ќе го уништи истражувачкото новинарство и аферите ќе ги направи трачеви. Затоа беа толку анти-онлајн.
Јас искрено се надевам дека Мукаетови ќе го спасат неделниот Фокус, дневниот е срање и греота е некој да го спасува. Ама не сум убеден во тоа.


Заличува и станува едноумие. Тука сме согласни. Истиве се тепаа за власт, ко и сите други. :)

Беше. Младенов беше човекот што го обори Црвенковски од власт во 1998. И неделниот Фокус беше одличен весник, до пред некое време. Сега заличува по малку на сите други, ама и Младенов и Костова (како што пишува Јадранка во текстот погоре) го забележале тоа. Уште една работа вредна за почит.

Младенов беше еден од најдобрите македонски новинари и тоа е факт. Затоа и не заслужува после неговата смрт да се дискутира дали Груевски требало или не да му оддаде сочувство на семејството. Тоа е лично право на Груевски. Ако тоа е најголемата работа за која треба да се дискутира неколку дена после неговата смрт, на големо ја вреѓаме и девалвираме кариерата на Младенов.
Не му оддадов толкаво внимание, само спомнав. Не личи. Нејсе.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
Груевски многу пати во неговото политичко дејствување бил лицемерен. Овојпат решил да не биде. Каде е тука проблемот? Како премиер воопшто не треба да изрази сочувство. Таман работа државата (бидејќи нели како премиер ја претставува државата) да изразува сочувство за секој загинат граѓанин. Државата е должна кон луѓето што добиле одликувања и признанија од нејзе и носителите (бивши и сегашни) на битни државни функции. Младенов, од гледна точка на државата беше обичен граѓанин.
Далеку од тоа дека е само обичен граѓанин. Но во држава каде што за масакар врз млади невини момчиња не се дава тридневна жалост и се пушта турбфолк по телевизиите не ме чуди дека воопшто државата има некаква грижа за секој еден нејзин загинат граѓанин, дали обичен или некој друг вид како што ги декларираш граѓаните на нашата држава. Очигледно е дека сакаш да оправдаш некој, не знам зашто не се побуниш кога некој упорно е лицемерен,односно 99% од времето на сите политичари се лицемерни, или само кога ти одговара. Одличен политичар си, нема тука збор, само ова е форум кој забранува политика.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Билјана Младенова: Никола замина од дома без да каже каде ќе оди

Никола Младенов во вторникот околу 20 часот излегол до дома. На најблиските не им кажал каде заминува. Последниот контакт со него го оствариле два часа подоцна. Некаде по 23 часот, се случила трагичната несреќа
„Не знам ништо! Знам само дека сум горда на него“, изјавила сопругата на Никола Младенов, Билјана. Таа, во телефонски разговор за Утрински потврдила дека критичниот ден Никола излегол околу 20 часот, но не кажал каде планира да замине. Таа не можела да каже ништо повеќе за часовите пред несреќата.
Што се случувало точно во вторникот попладне, односно само неколку часа пред загинувањето на Младенов, никој не знае точно. Неговиот адвокат, Оливер Вуксановиќ, вели дека критичниот ден разговарал и дека Младенов не споменал патување.
„Мислам дека беше некаде околу 18,30 часот. Се слушнавме со Никола и разговаравме за тековни проблеми поврзани со тужбите што се поднесени против ’Фокус’. Тој не ми спомна дека има некаков состанок или дека ќе замине на пат“, вели адвокатот Вуксановиќ.

Интересно е што никој не знае каде бил и не кажал дека излегува од градот....Мене ми е сумљиво многу АКО е антентат онда го наговориле да иде во таа насока па да на таа клучка се деси атентатот (ваљда со испречување на друго возило или кочници дефект)
А ако е навистина сообракајка онда има повеќе прашања на кои мора да има одговор да би било јасно..Бил ли под алкохол? Некоја супстанца во пијалок за спиење ( обид за атентат ) Каде седел со кого зашто.....А се очекува токсикологија тестот мада не верувам дека ќе се дознаат правите информации од извештајот...Кај нас се се заташкува.....Клучот по мене е кој го наговорил да иде во Велес и зашто отишол..
 

darko4spain

Praetorian
Член од
13 април 2012
Мислења
57
Поени од реакции
100
Заличува и станува едноумие.
Кога водителите на вести, се претворија во портпароли, па ги напаѓаат едните, а ги бранат другите, и те како сме веќе во едноумие.

Инаку, и мене ми е сомнително што главниот на единствениот весник што секогаш беше контра и секогаш вадеше “прљав веш“, загина меѓу два изборни круга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom