- Член од
- 8 септември 2011
- Мислења
- 3.675
- Поени од реакции
- 2.622
Рутирање на Андроид е процес со кој се овозможува на корисниците на паметни телефони,таблети и други уреди кои го користат Андроид оперативниот систем за мобилни уреди да ги користат привилегираните команди (т.е. да имаат "root пристап") во рамките на подсистемите на Андроид. Рутирањето често се прави со цел да се надминат ограничувањата кои безжичните и мобилните оператори како и производителите на овие уреди ги поставуваат на уредите. После рутирањето се добива можност за измена или замена на системските апликации и нагодувања, извршување на специјализирани апија кои бараат администраторско ниво на привилегии, или за извршување на други операции кои на друг начин се недостапни за нормален корисник на Андроид.Вака... Си инсталирав програма т.е апликација за преместување на апликациите во мемориската, ама таа апликација не ми ја чита меморијата од мемориската (8 гига) туку ја чита меморијата од внатрешната меморија (2.15 гига). А инаку кога ќе го ставам каблето в компјутер ја чита мемориската, си ставам песни и си ги чита во телефонот. А ова рутирање што значи? Некаде прочитав дека се губела гаранцијата на телефонот со рутирањето.
A инаку се губи гаранцијата. Може да не ти ја бива апликацијата.