eBay (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата corpz
  • Време на започнување Време на започнување
да се информирам како да купам футрола преку ebay, како се плаќа и колку време се чека за испорака?
Се плаќа преку PayPal. Ако немаш, замоли другар што има да ти купи. Се чека околу 30 дена. Некогаш помалку, некогаш повеќе. Ако не ти стигне за 30 дена, слободно контактирај го испраќачот. Ако не стигне и покрај се, можеш да отвориш Case до eBay и да ти ги вратат парите.

Се на се имам околу 20 работи порачано од eBay. Само 1 беше измамник, ама ми ги вратија парите. Друг предмет не ми стигна за 30 дена, па ми ги вратија парите. Ама стигне 2 дена подоцна и останав и со пари и со предметот :)

Последно што си купив беа купаќиве, баш сега ми стигнаа :))
 
со здравје да си ги носиш купаќите :)) Иначе нели не можеше да се земе paypal во македонија?
 
Можеш да си направиш paypal и ти, ама не знам дали уште може да се верифицира со нашиве картички, иначе од Ebay можеш да порачуваш и со неверифициран акаунт на paypal, не праат проблем, мене не ми направија.
 
Знае ли некој како може да се следи пратка пратена по Economy Int'l Shipping од Кина за која имам tracking number?
 
Пробај преку македонска пошта
http://www.posta.mk/sledenje_pratki_stranstvo.html
Јас следев преку нив и се ажурни, пратката ми стигна следниот ден откако влезе во Македонија
 
Не сака...изгледа не може сите пратки од Кина да се следат :/
Претежно може да се следат пратките од Кина, но имај предвид дека првите информации доаѓаат најчесто дури откако пратката ќе дојде во Европа, доколку скоро си ја направил порачката, ќе почекаш некое време пред да се појават првите информации на тракингот на Македонски Пошти.
 
Ај пробај тука ама треба да се регистрираш
https://www.packagetrackr.com/user/signin?ref=http://www.packagetrackr.com:82/user/inbox
Откако пратката ќе тргне од кина пробај пак на македоска пошта
Pending...чисто се сомневам дека ќе успее. Искрено и немам некое огромно искуство со ebay (некои 5-6 месеци) али сепак изгледа дека има разлика дали си плаќаш шипинг или не :)

Претежно може да се следат пратките од Кина, но имај предвид дека првите информации доаѓаат најчесто дури откако пратката ќе дојде во Европа, доколку скоро си ја направил порачката, ќе почекаш некое време пред да се појават првите информации на тракингот на Македонски Пошти.
Пред 2 дена е испратена пратката...баш ќе пробам по недела-две дали ќе има промени.
Во секој случај фала ви и на двајцата!
 
Сакам да прашам дали има некој нарачувано часовник од ebay ? и по која постапка оди царината и данокот што се плаќа кај нас по цената која е купен часовникот или ? помош?
 
Јас барем во 7-8 наврати имам порачано часовници, и никогаш не ми биле наплатени царински давачки, иако според вредноста требало. Според царинскиот тарифник, за рачни часовници се пресметува царина во изност од 5% и ддв во износ од 18%, и тоа би требало да се пресмета според вкупната цена на пратката, која ја вклучува цената платена за производот плус цената платена за доставата, во случај таа вредност да е поголема од 45 евра. Пратки под 45 евра, не подлежат на царинска постапка. Тоа е законот, во реалноста, можат да го пуштат производот без давачки и тоа се случува најчесто, но можат и да поведат постапка, и да царинат според вредноста означена на или во пакетот, или да побараат од тебе да доставиш фактура со која ќе ја докажеш истата.
 
Имам нарачано патики, кои според tracking number веќе се стигнати во Македонија и тоа на 05.03. Можно е да ги држат на царина олку долго или поштарот си ги има собрано?
 
види вака прашував на ebay и ми рекоа дека ке написат помала цена часовникот е 150 долари рекоа дека ке пишат 60 долари па затоа прасувам да не се бунат нешто дали се придрзуват кон цената сто е пишана???
 
Имам нарачано патики, кои според tracking number веќе се стигнати во Македонија и тоа на 05.03. Можно е да ги држат на царина олку долго или поштарот си ги има собрано?
mene na 28-3 vlezena e pratkata vo mk, na 29 ja dobiv sabajleto vo 10:00 casot idi i prasaj si
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom