Не ми го сфаќаш муабетот. Сакам да кажам дека младичот доживеал толку, 99% ради тоа што константно учи.
Anon, сето тоа ми е јасно, сепак ти мора да го сфатиш мојот муабет. Поседувам компанија која сакам да ја рекламирам. Погледни, и кажи потоа дека не се привлечни понудите...
Знаењата ќе бидат вградени со нова нано технологија на која секако ја сум создавател, само што НАСА не сакаат да ги земат моите знаења во предвид... Ги даваме знаењата на следниве луѓе како замена за некоја специфична болест која ќе ја одберете...
Рак - Стивен Хокинг и Ричард Докинс, гратис Синан Сакич
Чир на желудник - професорката по Биологија у средно и Васил Тупурковски
Реума - Марк Твен и Џорџ Белас
Импотентност - Дерен Браун и Ристо Самарџиев
За понатамошен каталог за болести кои ќе ги добиете како надоместок за вашето знаење, обратете се на нашиот број, ДДВ е исклучено.
Шала на страна, темава има прилично сериозен потенцијал. Многу е важно да се специфизира за каква болест се работи и за каков вид на знаење исто така.
На пример доколку ги добијам знаењата на Дерен Браун и Ричард Докинс во замена за психичка болест како блага параноја или пак некоја форма на ОЦД, би прифатил. За болест како рак не би прифатил. Друго што е важно е каква е природата на знаењата. Ако знаењата се од областа на историја на филозофија или друга општествено непотребна гранка, тогаш не би ги прифатил во замена за чир.
Има повеќе елементи кои треба да бидат разгледани.