Трендови во социјалните медиуми и форуми? Го претеравме ли?

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Финтата е на Твитер не знаеш што да очекуваш од било кого моментално поради тоа што не е на толку лично ниво мрежата, ако си следел 500 души со интересни објави во 2010 тоа не гарантира дека од сите 200 ќе добиваш нешто што вреди сега во 2013. Треба да бараш нови 500, а тоа е тешко кога веќе си селектирал од баграта во 2010, а сега има едно 100 пати повеќе корисници па треба да им одиш поединечно па да читаш што пишувале да знаеш дали вреди да ги следиш и пак да го врвиш истиот процес. Подобро ич не се заморувам. :icon_mrgr:
Добро, се концентрирав на фејсбук бидејќи не го користам Твитер и не сум запознат како функционира..... А и не ни сакам :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Не сум се родил 2005та (ова произволно тогаш почна интернетот кај нас) Зафркавање на луѓе бидејќи се грди, цинизам и омраза - не е изум на интернетот, туку на човекот. Факт е дека интернетот прави само тоа да биде пообемно но не може да се избега од човековата природа. Само треба да знаеш како ги избегнеш тие луѓе или ако не можеш - ќе ги игнорираш. Така и на интернетот. Самите си ја правиме околината во која сме.
Но сепак 15 луѓе не е исто како и 150, а камо ли 1500 нели?

Сепак квантитетот коа ќе ти се закачи на врати ќе те труе по нет е понеподнослив во зависност од големината на бројката.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Не е исто. Ама ни 15 луѓе не е исто како 2 луѓе. ;)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не сум се родил 2005та (ова произволно тогаш почна интернетот кај нас) Зафркавање на луѓе бидејќи се грди, цинизам и омраза - не е изум на интернетот, туку на човекот. Факт е дека интернетот прави само тоа да биде пообемно но не може да се избега од човековата природа. Само треба да знаеш како ги избегнеш тие луѓе или ако не можеш - ќе ги игнорираш. Така и на интернетот. Самите си ја правиме околината во која сме.
Ова е дипломатски одговор кој не е ни блиску до вистината. Едно е да седнеш на клупа во маало и да си доволно нечовек да коментираш туѓ изглед, друго е да ставиш негова слика која ќе стане достапна на секој за тој да стане предмет на исмевање. Човече, па деца почнаа да се самоубиваат со оставени пораки дека тоа го прават зашто не можат да го издржат понижувањето. Исто е ко порано така? Ама баш исто.

Сега збориш вака, ама да си 15 годишно дете со кое се исмева кој стигне и е понижувано, оди игнорирај да те видам.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Сите тие плачат за внимание и тапкање по рамо за тоа колку се кул, јаки, несекојдневни, единствени како никој пред себе.
Е сега ги има секаде, ги среќаваш во денот наваму натаму, но единствено оружје кое засега добро си ја врши работата е игнорот. Ако игнорот и недавањето внимание допре до нив, тогаш би требало истите да се зауздаат и да немаат повеќе интерес да дејствуваат во таа насока каде некои ,,поглупи" и понеспособни од нив ги воздигаат на некое ниво ситејќи се на креативната глупост.
Ајде ние кои горе долу имаме способност да размилсуваме и расудуваме како повозрасни, спремни сме да се носиме со истите. Но проблемот е кај помалечките дечулиња кои се испуштени од контрола, кои снимаат се околу себе и попримаат се околу себе. Тие желни за внимание со својата војска во нивни очи се предизвик за себеградење на личност која ќе цели да биде слика и прилика на џекчето. Е тука е лошото што имаме производство на неагилни млади деца кои свесно или несвесно потпаѓаат под капата на глупирањето.
На крајот на краиштата многу работи сме средиле, па уште ова ни остана сега.......
 
G

Geezer

Гостин
Ова е дипломатски одговор кој не е ни блиску до вистината. Едно е да седнеш на клупа во маало и да си доволно нечовек да коментираш туѓ изглед, друго е да ставиш негова слика која ќе стане достапна на секој за тој да стане предмет на исмевање. Човече, па деца почнаа да се самоубиваат со оставени пораки дека тоа го прават зашто не можат да го издржат понижувањето. Исто е ко порано така? Ама баш исто.

Сега збориш вака, ама да си 15 годишно дете со кое се исмева кој стигне и е понижувано, оди игнорирај да те видам.

Ако мислат дека нивниот изглед не е совршен и во ред, зошто тогаш ги ставаат тие слики по социјалните мрежи? Зборам за тие што се самоубивале поради тие причини. Не ги тера некој со сила, нели?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако мислат дека нивниот изглед не е совршен и во ред, зошто тогаш ги ставаат тие слики по социјалните мрежи? Зборам за тие што се самоубивале поради тие причини. Не ги тера некој со сила, нели?
Абе кој става по социјални мрежи. Имаш матурско табло со слика. Никој не те прашува ја става на форум во темана за слики за ремет на матуранти. Океј ли е тоа?

И патем кое ти е тоа размислување човек за себе да мисли дека не изгледа добро и никаде да го нема? Демек грд сум, не ставам профил слика на социјална мрежа?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ова е дипломатски одговор кој не е ни блиску до вистината. Едно е да седнеш на клупа во маало и да си доволно нечовек да коментираш туѓ изглед, друго е да ставиш негова слика која ќе стане достапна на секој за тој да стане предмет на исмевање. Човече, па деца почнаа да се самоубиваат со оставени пораки дека тоа го прават зашто не можат да го издржат понижувањето. Исто е ко порано така? Ама баш исто.

Сега збориш вака, ама да си 15 годишно дете со кое се исмева кој стигне и е понижувано, оди игнорирај да те видам.
Епа според тебе, кој е крив луѓето или социјалните мрежи т.е. интернетот?
И да, се самоубивале деца и пред интернетот, баш поради тоа. Nerd, geeks и слично во училиштата кога ги викале.
 
G

Geezer

Гостин
Абе кој става по социјални мрежи. Имаш матурско табло со слика. Никој не те прашува ја става на форум во темана за слики за ремет на матуранти. Океј ли е тоа?

И патем кое ти е тоа размислување човек за себе да мисли дека не изгледа добро и никаде да го нема? Демек грд сум, не ставам профил слика на социјална мрежа?
Кој се самоубил од тие што се реметени на темата? Намерно ти потенцирав дека не зборувам за нив, туку за оние америчките деца, што го правеле тоа.

Впрочем, ставаат слики, не баш нормални, со дескрипции ''Најубав сум'' и слично, а после не можат да го износат реметот. Не дека сум за реметење на такви особи, чак што више сум и против, но и сами си го бараат.

Плус, јас да си посегнам по својот живот, затоа што некој од Кина или Заир ми рекол дека сум грд или не знам каков, а не го ни познавам, тогаш треба да си се запрашаш себеси, како човек си и со каков карактер.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Епа според тебе, кој е крив луѓето или социјалните мрежи т.е. интернетот?
И да, се самоубивале деца и пред интернетот, баш поради тоа. Nerd, geeks и слично во училиштата кога ги викале.
Да имаше прост одговор немаше да ја отворам темава така? Не ми е јасно како може да тврдиш дека маса народ кој ремети е исто со 5 луѓе кои тресат зелени меѓу себе. Тоа не може да се израмни во никој случај. И темава треба да служи малку како едукација за оние кои се многу помлади од мене, а и од тебе, за утре да не им текне да нарушат туѓа приватност и да мислат дека е супер идеја да собираат лајкови ставајќи слика од некое дете кое според нивни стандарди не изгледа како што треба.

Има нови силеџии сега. И цели групи од социолози прават истражувања и студии на оваа тема. Па не е тоа залудно. Интернет силеџиството е причина за голем број трагедии и тоа е факт. Тоа е девијација која треба да се спречи колку што може и секој од нас треба да има барем малку одговорност кога пишува било што. Тастатурата денеска е доволно да му расплачеш мајка на човек, онака сериозно.

Инаку не мора да си бубалица за да станеш мета. Ништо не е потребно денеска. Било што може да ти најдат за да те реметат илјадници луѓе. Да се најдеш во таква ситуација сигурно поинаку би реагирал. Можеби има некој овде и некоја таква непријатна случка која може да ја сподели, искуство што може да му послужи некому.
--- надополнето: 28 март 2013 во 00:42 ---
Кој се самоубил од тие што се реметени на темата? Намерно ти потенцирав дека не зборувам за нив, туку за оние америчките деца, што го правеле тоа.

Впрочем, ставаат слики, не баш нормални, со дескрипции ''Најубав сум'' и слично, а после не можат да го износат реметот. Не дека сум за реметење на такви особи, чак што више сум и против, но и сами си го бараат.

Плус, јас да си посегнам по својот живот, затоа што некој од Кина или Заир ми рекол дека сум грд или не знам каков, а не го ни познавам, тогаш треба да си се запрашаш себеси, како човек си и со каков карактер.
Добро толку не ме разбираш што ти зборам? Како може да е океј да ставиш било чива слика на интернет за да го реметиш? Како очекуваш од 14, 15 годишно дете да се соочи со таков притисок и исмевање? Твое дете утре да трпи нешто такво ќе му речеш да го истрпи реметот и дека си го барало?
 
G

Geezer

Гостин
Да имаше прост одговор немаше да ја отворам темава така? Не ми е јасно како може да тврдиш дека маса народ кој ремети е исто со 5 луѓе кои тресат зелени меѓу себе. Тоа не може да се израмни во никој случај. И темава треба да служи малку како едукација за оние кои се многу помлади од мене, а и од тебе, за утре да не им текне да нарушат туѓа приватност и да мислат дека е супер идеја да собираат лајкови ставајќи слика од некое дете кое според нивни стандарди не изгледа како што треба.

Има нови силеџии сега. И цели групи од социолози прават истражувања и студии на оваа тема. Па не е тоа залудно. Интернет силеџиството е причина за голем број трагедии и тоа е факт. Тоа е девијација која треба да се спречи колку што може и секој од нас треба да има барем малку одговорност кога пишува било што. Тастатурата денеска е доволно да му расплачеш мајка на човек, онака сериозно.

Инаку не мора да си бубалица за да станеш мета. Ништо не е потребно денеска. Било што може да ти најдат за да те реметат илјадници луѓе. Да се најдеш во таква ситуација сигурно поинаку би реагирал. Можеби има некој овде и некоја таква непријатна случка која може да ја сподели, искуство што може да му послужи некому.
--- надополнето: 28 март 2013 во 00:42 ---

Добро толку не ме разбираш што ти зборам? Како може да е океј да ставиш било чива слика на интернет за да го реметиш? Како очекуваш од 14, 15 годишно дете да се соочи со таков притисок и исмевање? Твое дете утре да трпи нешто такво ќе му речеш да го истрпи реметот и дека си го барало?

Безобразно настапуваш, а уствари ти си таа која не ме разбира и не ме чита. САМИ да ставаат, а не некој друг да става во нивно име. Толку сум нејасен?
Објаснив убаво, само некој си тера свое мислење и треба да ни наметне и на нас останатите, па затоа и не дочитал како што треба.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Мене не ми смета хејтот, ми смета тоа што хејтот е лош.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
За сликите апсолутно се согласувам, кога ќе видам во темана во ЧДА или било каде на форумов како оставаат и постираат слики од девојчиња/момчиња од нивни лични профили и нивни имиња и презимиња ми се гади. Па ако некој те прифатил за пријател не значи дека треба да земеш и сите негови слики да ги постираш на форум или било каде само за да се исмееш. Кој ти го дал тоа право? Колку и да се смешни, лоши сликите, тие луѓе ги ставиле тие слики на СВОЈ профил и те прифатиле своеволно на Фејсбук, не му дава право на никој истите да ги копира. И кога ќе видам слики постирани на форум или на било кое друго место, сфаќам до каде оди злобата и цинизмот на луѓето и автоматски тоа ме потсеќа да си правам чистки на профилот од луѓе.

На ФБ тој што сакам да го читам го читам, другите ги бришам.
На Твитер исто.
Право на избор, само поентата е дека секој треба да си ја чукне малце главата кога постира на интернет.

Интернет силеџиите во суштина се многу слични на силеџиите во живо. Малтретираат и се иживуваат со послаби од нив, кои можда и не знаат како да се одбранат, ама кога ќе им се фрли некој посилен (на зборови, во сила) се повлекуваат во ќоше и не зуцнуваат. Патетични суштества.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Безобразно настапуваш, а уствари ти си таа која не ме разбира и не ме чита. САМИ да ставаат, а не некој друг да става во нивно име. Толку сум нејасен?
Објаснив убаво, само некој си тера свое мислење и треба да ни наметне и на нас останатите, па затоа и не дочитал како што треба.
Имаме проблем во комуникација. Не сум јас толку моќна, а богами ни толкав еготрипер да наметнувам било кому мислење, иначе ни тема немаше да отворам.

Јас зборувам за спротивниот случај, но еве да одам по примерот кој го кажуваш ти. Сама ставам моја слика на мој приватен профил, зошто некој тоа би го ставил на форум да речеме?

Да скратиме, мислиш дека е океј некој да стави твоја слика што ти сам си ја прикачил на профил во темата за најретардирани статуси и фотки и не би имал ништо против тоа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom