Нов пораз во дербито на колото
Славија-Слога 1-5 (0-3).
Толку ни беше силата (плус дел од играчите имаа земено пари намерно се тргаа), мада имавме шанси да дадеме уште некој гол, а головите беа примени по грешки на голманот и на одбраната.
Овие го имаа Бурим Гуџуфи не истури, секоја акција преку него одеше.
Слога почна со јако темпо, ама се држевме некое време. Наумов имаше неколку добри интервенции. Првиот гол падна откако еден наш одбранбен играч ја промаши топката, Гуџуфи ја зема го помина и голманот за 0-1.
Вториот гол смешки живи, Гуџуфи во дуел со наш играч, овој заспа, Гуџуфи ја рокна со шпиц за 0-2.
Сто посто некои од одбранбениве имаа земено пари од Слога, не е можно вака да изиграа.
На 0-1 имавме чиста шанса. Нафрлување од Костадинов, Јанкуловски од 5 метри осамен биеше крај голот.
Тука ако израмневме ќе беше превртување
Па и нивниов голман сталожен, еден гол не пушти да дадеме
Имавме уште некои полуприлики но напразно. И Слога имаше неколку чисти шанси но Наумов убаво бранеше.
Пред полувреме Гуџуфи ги помина сите, и со лоб пгооди за 0-3.
Второ полувреме изигравме многу поубаво.
Уште одма напаѓавме со сите сили. Набрзо намаливме со голот на Рајков. За воодушевување на трибината
Следеше уште една чиста шанса за Рајков но топката мина крај голот.
Судијава не утепа. Чист пенал не досуди, и во прво полувреме цело време секоја спорна ситуација за нив ја судеше.
Продолживме со напади, имавме уште една шанса, но голманот на Слога убаво одсбрани.
На крајот Слога само ја потврди победата. Имаа две шанси, прво Наумов убаво одбрани, потоа топката мина крај голот.
Па постигнаа два среќни гола. Прво шутна еден од далеку, топката се осдби од наш играч и го измами голманот за 1-4.
Последниот гол на грешка на нашиот голман, му испадна од раце и еден од гостите погоди за конечни 1-5.
Разликата во квалитет за жал беше евидентна. Мечот помина фер и коректно.
На трибини околу 150 души, што изненадува после слабиве резултати
За жал од гостинските фанови ни трага ни глас