Исто, сваџи околу избори, повеќе проблеми во западот можеби и централниот дел. Без некои поголеми промени на власт или стил на владеење. Ќе си останеме толкави ако не и помали, бидејќи така им одговара на некои. Дури и да влеземе во ЕУ само ќе трчиме по нив за да ги стигнеме и задоволиме. Не дека сега не го правиме тоа ама тогаш ќе биде официјално. Можеби и нема ни да влеземе. Едино во НАТО чисто колку да ни продадат нешто што не ни треба и ако им згусти на америте да им послужиме како база. Некој страшен економски развој мислам дека нема да има, земјоделие и индустрија би останале на ова ниво. За нијанса полошо или подобро. Сепак 20 години се малку за да се смени нешто екстремно. Се надевам дека се лажам иде ќе биде како од филмовите, ќе се издигнеме горди со нашата земја со сакан и почитуван лидер. Филмови..
Не се филмови.
Русите си го имале саканиот и почитуваниот лидер, кој љубовта и почитта ги заслужил со заплашување и со тероризирање. Се викал Јосиф Висарионович Џугашвили, но историјата го помни како Јосиф Висарионович Сталин, еден од најбруталните диктатори на 20-от век, кој оправдано е во друштво со Адолф Хитлер и Мао це Тунг.
Кога ја зацврстил својата лична диктатура во Советскиот Сојуз во 1929 година, Сталин започнал процес на забрзана индустријализација, кој успешно се одвивал во текот на 1930-те години, но по доста скапа цена - над 10 милиони невини луѓе поминале низ системот на концентрациони логори за робовска експлоатација на човековиот труд, уште попознати како гулази. Околу 10 милиони луѓе починале во 1933 и 1934 година како резултат на глад предизвикан од човечки фактор, особено во Украина и на Кавказкиот полуостров, а отприлика уште толку луѓе биле погубени за време на големиот терор и чистките во 1930-те години во Советскиот Сојуз.
Сталин, кој во 1929 година станал апсолутен диктатор на претежно земјоделска и уназадена држава, во 1953 година починал од природна смрт, иако има и теории дека бил отруен, но како и да е, кога починал во 1953 година, Сталин починал како лидер на втората најголема светска суперсила во светот после САД, вооружена со нуклеарно оружје.
Кај нас тешко дека би дошол некој Сталин на власт, но доколку дојде на власт, ги има доста шерифи, војводи и команданти во западна Македонија со кои би ги наполнил гулазите. Лесно се препознаваат ваквите луѓе - обожаваат да вејат знамиња со црни двоглави орли во црвена позадина, обожаваат да извикуваат "Алаху акбар" додека палат градски автобуси, обожаваат да пукаат во воздух со калашњикови, обожаваат да прободуваат невини цивили со ножеви, обожаваат да го палат македонското знаме и обожаваат да напаѓаат во групи, никогаш сами во однос 1:1, сигурно би биле одлична работна сила, односно робовска сила во македонските гулази, кои би му биле од огромна корист на македонскиот Сталин.
Дефинитивно не се само филмови.
А кога сме кај иднината:
Доколку не влеземе во НАТО и во ЕУ, дај Боже да не влеземе, бидејќи воопшто не планирам од свој џеб да плаќам туѓи долгови, а уште помалку па да војувам против трети држави кои ништо не ми згрешиле, и доколку се случи поделба на Македонија, гледајте на позитивната страна - Драч ќе биде наш, повторно ќе излегуваме на Јадранско Море, ориѓани ќе си останет сами со тврџавана и со чаршијана, а гејците ќе си останат без ептен добар извод на туристички приходи, со исклучок на битолчани, за кои слушам дека уживаат кога во Грција ги нарекуваат скопјани, изгледа тоа е некаква титула за битолчани. Во моја одбрана, морам да потенцирам дека никогаш во животот не сум бил во Грција, ниту планирам да одам било кога во Грција, поради што се извинувам доколку ова што го спомнав за битолчани не е вистина. Е сега, факт е тоа дека доколку се случи поделба на Македонија, ќе бидеме дел од НАТО, но една работа за која во 2001 демонстриравме дека одлично не бива, е избегнувањето на мобилизацијата, а сега па кога го укинаа задолжителниот воен рок, уште помали се шансите некој да бара од нас да гинеме за туѓи интереси.
А доколку влеземе во НАТО и во ЕУ, не дај Боже, повторно гледајте позитивно на работите - здравствено и социјално осигурување во секоја држава членка на ЕУ, замислете се себеси како идни граѓани на Италија, Франција, Германија, мене лично ме бендисува Шпанија, а бидејќи сме претежно сиромашна нација, не верувам дека во Шпанија би ни било бетер отколку овде, без разлика со каква должничка криза се соочуваат, и онака речиси сите го разбираме шпанскиот јазик од латиноамериканските теленовели, кај нас популарно познати како шпански серии, кои едно време доминираа во македонскиот етер.
Но кога сме кај Македонија како држава, за 20 години од сега ја гледам и понатаму како се влечка со економскиот раст, споменици и скулптури на сирени и на октоподи, административни згради за кучиња и за мачки, облакодери за гулаби, празни села, свештеници кои се швалерисуваат со монахињите и калуѓерките во скапи Мерцедеси, Ауди, па можеби и по некој Ролс Ројс и Ферари, херојско пречекување на учесниците во националната репрезентација во влечкање-дисциплина желка, која освоила последно место во осмина финалето или 16-на финалето на не знам кое меѓународно натпреварување, а најважно од се, дали на Евровизија да пратиме магаре или мазга да ја претставува Македонија.
Кратко и јасно, истиот циркус во кој живееме денес, но во друго издание.