Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Во скопје ако дојдеш на посета збори како сакаш. Ако живееш збори ко локалното население или барем литературно за да те разбери народот окулу тебе. Што сум јас должен да дешифрирам што збориш на крај крајева? Толку ли е тоа тешко? И онака на работа нели би зборела литературно? Не гледам зошто толку ви е тешко тоа. Само се противите овде иако во пракса 90% не го практикувате она што тука го дебатирате.
Ај вака. Ова немој да го сфатиш погрешно. Би те замолила да повнимаваш малку на правописот во твоите постови. Вака срам ме фаќа кога го читам Скопје напишано со мала буква. Ќе претпоставам дека знаеш дека се пишува со голема, пошто нели изјави дека си некој големец што живее во Сиднеј, туку едноставно те мрзи да притиснеш шифт.
На работа зборувам со колегите и со газдата на тетовски. Исто како што и сите други колеги зборуваат на свој дијалект. Со клиентот зборам на англиски. Никој досега не ми се пожалил. Реков, ако имам контакти со луѓе, би говорела литературно.
--- надополнето: 27 март 2013 во 19:24 ---
Колку скопјани се партиски запослени во други градови? Дали 100тина? Јас лично не познавам ниту еден кој прифатил или би прифатил нешто такво.
Абе ајде, на Скопјаниве од небо им паѓа работа.
Само провинцијалците се вработуваат партиски.