Гатање, видовитост

  • Креатор на темата Креатор на темата Perdika I
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку сакаш да концептуализираш/картираш детален cause-effect план тогаш треба да ги земеш во предвид сите дејанија во набљудуваната околина. На пример, општопознато е дека на концерти ставаат дрога во сокчето.
Фреквенциите на инфрасоничните тајни пораки на Никлбек се уште еден валиден фактор кој може да делува нелагодно врз човековата благосостојба.
Конфузен си тука. Која причина колку придонесува? Ефектот ли е адитивен или синергичен? Што со сатанските влијанија кои се шират од напевите на никлбек?
 
Змејко баба ми бае од уплав. Незнам специфично од никлбек, ама дојди со долна маица наопаку, ќе ти истури малку сол врз глава уз молитва, мој човек ќе кажам, немора 100ка на земја да остаиш. Наши ли сме, какви ли сме?!
 
Конфузен си тука. Која причина колку придонесува? Ефектот ли е адитивен или синергичен? Што со сатанските влијанија кои се шират од напевите на никлбек?

Првенствено мораш да ги издвоиш факторите кои играат улога во ефектот кој го набљудуваш. Прашањето дали ефектот е адитивен или синергичен не може да биде поставено се додека не бидеме сигурни дека всушност ефектот е исход на влијание на повеќе од еден фактор.
 
Добро де, не се вознемирувај, после ќе треба и за тоа да ти баат :P

Не станува збор за мое верување, туку за разумно верување и разумни очекувања. Не е разумно да очекуваш дека некоја баба, тетка, Иван, Дуле итн ќе ти помогне на некој мистичен начин, барем мене не ми е. Кој решил да иде и троши време и пари по бајачки, ќе иде секако - се потсмевала ја или не.

Многу вицкаста ти бе :P
Како може да не е разумно? Имаш пробано, си била на баење? Немаш вајда, како може да знаеш некој што да очекува од нешто за кое што ти немаш престава, секогаш пологичното го зимаме за поприфатливо. Значи од сега секој кој што ќе оди на бајачка и ќе му помогне да знаете дека не е од баењето, туку е од климатските фактори, храната и слично, да нема забуни па да се глупирате. :coffee:
 
Аутосугестија самурај еден.
Ваљда не сум толку убав па стално да сум урочен.
Али како дете е супер, делува смирувачки, супер е баба ми!
 
Не сум пробала ни да пораснам крила и да летам, па ипак знам дека не е разумно да очекувам дека утре летајќи ќе стигнам на работа. :pipi:
Бајачките не помагаат. Никому. Никогаш. Да нема забуни.
 
Змејко баба ми бае од уплав. Незнам специфично од никлбек, ама дојди со долна маица наопаку, ќе ти истури малку сол врз глава уз молитва, мој човек ќе кажам, немора 100ка на земја да остаиш. Наши ли сме, какви ли сме?!

Такви селски финти кај мене не фаќаат, ја сум учел од професионалци:

Каков бизнис пусти чоек?

Инаку, да - треба да дојдат да кажат ако некој гатач не им помогнал....зошто таа особа и понатаму да дере пари од луѓе коа е преварант? Делумно погаѓање е само "ладно читање", глупости....или 100% или јебеш ти то.
 
Аутосугестија самурај еден.
Ваљда не сум толку убав па стално да сум урочен.
Али како дете е супер, делува смирувачки, супер е баба ми!

Те уништила таа баба ти бе! Од толку баења со сол врз глава коса не ти оставила...
 
Такви селски финти кај мене не фаќаат, ја сум учел од професионалци:

Корпорациски атак е тоа! Маркетингшки трик.
100% ерективност овај ефективност не постига ни големиот Роко Сифреди.
За 100 денари кај баба ми добиваш горко кафе и бајата наполетанка.
Тој домашен допир го нема кај овие новокомповани стопроценташи!
Колку главоболки само ми има излечено.. дури толеранција изградив, па се прфрлив на јако.
Аналгин.

Те уништила таа баба ти бе! Од толку баења со сол врз глава коса не ти оставила...

Сите 3 сина ѝ се ќелави пееееееееер........
Јас, си се држам, читај горе, се префрлив на јако.
 
Од сопствено искуство можам да кажам дека сум имал доста позитивни резултати кај бајачи и гатачи. Некои од тие искуства веќе ги споделив на форумот -- за велешаните Дуле и Коки, Жане од Драчево, Везирка од Визбегово, баба Илинка од Ѓорче и Селман Минтас од Студеничани се имам позитивно изјаснето. Последен пат бев кај Иван исцелителот од Куманово. Имав проблем со мојот струмички овчар Александар (дома сите го викаме Шаше). Шаше изгуби апетит и желба да општи со други кучиња и домашни животни (претходно лаеше и на бандери), и почна асоцијално да се однесува.

Г. Иван е многу одмерен човек кој поседува необјаснив флуид за комуникација со животни. Дел од неговата специјалност се и бихејвиорални корекции и табиетски интервенции кај животни. Само што го внесов Шаше во приемната соба, г. Иван ме праша дали Шаше се тресе како партал и дали често јаде фекалии. Изненаден од прецизната дијагностика, му одговорив дека Шаше има вродена тенденција да консумира отпадоци и фекални материи и покрај изобилната разновидна кучешка храна која му е обезбедена во нашиот дом. По неколкуминутен преглед Г. Иван утврди дека Шаше боледува од кучешка тенија и фекална сепса поради високо ниво на токсини. Потоа го подигна нежно (со гумени ракавици, зашто Шаше малце смрдеше -- не беше бањат едно три месеци) и се повлече во соседната соба.

Не можам со точност да кажам што се случи во затворената соба, но може сигурно да потврдам дека Шаше сега е многу подобар. Не јаде од секој контејнер (ги бира најчистите), и само понекогаш пие вода од клозетска шоља. Г. Иван ми даде лична гаранција дека за едно три сеанси Шаше нема повеќе да конзумира фекалии и ќе биде целосно излечен од токсините. Во секој случај, г. Иван од Куманово топло го препорачувам на сите оние кои имаат проблем со своите миленичиња, особено со конзумирање фекалии.
 
Имав цимерка, студираше физика и знаеше да бае од уроци. (y)
 
Баба ми бае од свашта. Јез да ме фаќа нервоза што и идат по 10 луѓе дневно, али ваљда не е од курташак. Во населба Лисиче живеам, кој сака бујрум. Али не заедно со мене, зошто неможе да се сконцентрира уз баење, трпи на шеги од типот "ај мрдни го креветот без да го допреш со раце" ...

Шала на страна помага, доаѓаат и жени и мажи од клинови,уроци,нави мави и што ти ја знам.. кој сака нека ми пише, на процент работам за неа, и + преку ред ќе го внесам!

П.С. Незима пари.
 
Аутосугестија самурај еден.
Ваљда не сум толку убав па стално да сум урочен.
Али како дете е супер, делува смирувачки, супер е баба ми!
Се согласувам - суштината е аутосугестија.
Ако некој верува дека нешто ќе му помогне - ќе му помогне.
Бидејќи јас не верувам - мене такво нешто нема да ми помогне.
 
Кога цимерката ми пребаја првпат, јас ни знаев ни верував. Имав страшна главоболка која траеше цел ден и никако не попушташе, почна да ми се лоши дури, а таа ме праша дали сакам да ми пребае.
Мислев дека се зафркава, ама ми кажа да легнам и да заќутам, оти имав многу прашања.
Почна да ми бае и главата во иститот момент престана да ме боли.
Не после 5 минути или после пола саат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom