Ветеринарно катче

Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Ако и ставил седатив можно е од седативот да била дезиорентирана и изгубена,мускулатурата да и е олабавена па затоа се измокрила додека подуен стомак најчесто укажува на зголемување на некој орган најчесто е бубрег или црн дроб бидејќи напомена дека го исфрлила фецесот и бил тврд (не укажува на паразитарно или стомачно заболување како и застој во перисталтиката на цревата затоа што нема дијареа ниту повраќање).Можно е да се работи само за инфекција(заради зголемената температура он ќе открие при дијагностиката каде е жариштето) или гасови во стомакот.
Благодарам на одговорот.
За жал, потоа мачето доби нови напади кои траеја долго дооолго околу 3-4 часа, морав да и дадам диазепам за да ја смирам (по препорака на ветеринар), бидејки дијагнозата (по телефон зошто беше доцна вечерта) беше епилепсија. Се смири но остана како парализирана, исповраќа се, и желудечна сок и се (повраќаше нешто темно кафено, црно, ветеринарот рече дека тоа било желудечна сок), имаше 2-3 пати пролив не функционираше нити со очи нити со ништо, само на звук но ретко, па се воспостави нова дијагноза вироза или тровање. Премина на витаминска терапија и инфузија, почна малку од малку да се движи, сакаше да оди и со моја помош одеше ама се вртеше во круг на лево, а на десна страна паѓаше, ама и кога ја придржував по неколку чекори почнуваше да се тресе и паѓаше на земја, и по некое време повторно со сите сили се обидуваше да стане. Се воспостави дијагноза удар и продолжи со инфузијата и витамини, но за жал не издржа.:place:
 
Л

Лигеја

Гостин
Благодарам на одговорот.
За жал, потоа мачето доби нови напади кои траеја долго дооолго околу 3-4 часа, морав да и дадам диазепам за да ја смирам (по препорака на ветеринар) се смири но остана како парализирана, не функционираше нити со очи нити со ништо, само на звук но ретко, па се воспостави нова дијагноза вироза или тровање. Премина на витаминска терапија и инфузија, почна малку од малку да се движи, сакаше да оди и со моја помош одеше ама се вртеше во круг на лево, а на десна страна паѓаше, ама и кога ја придржував по неколку чекори почнуваше да се тресе и паѓаше на земја, и по некое време повторно со сите сили се обидуваше да стане. Се воспостави дијагноза удар и продолжи со инфузијата и витамини, но за жал не издржа.:place:
Жал ми е,искрено сочувство. :(
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Морам да напишам денешно искуство на обдукција, имавме да обдуцираме мачка која вчера била донесена на клиниката, не ни кажа асистентот анамнеза, но ни кажа дека мачката веднаш после рентген снимањето угинала. На снимката се виде дека има устрална рана и тоа во `рбетниот столб, со асцит во стомачната празнина, била толку полна што ниеден орган не се гледаше. Внатре кога ја отворивме каша попара. Поентата ми е дека дијаболата толку беше забиена помеѓу пршлените што едвај ја пронајдовме, некој да сака така да ја погоди нема да може. Разбирам да не сака мачки, ама решението сигурно не е да ја земеш пушка и да ја застрелаш.
 
Трета година си? :) Тешко е на патологија,какви не случаи има.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Трета година си? :) Тешко е на патологија,какви не случаи има.
Да, на пола пат сум:) Има случаи ама ние студентите не можеме да ги видиме, тоа беше така најинтересниот случај што го видовме до сега.
 
Л

Лигеја

Гостин
Да, на пола пат сум:) Има случаи ама ние студентите не можеме да ги видиме, тоа беше така најинтересниот случај што го видовме до сега.
Зависи што ќе ви се падне да работите,јас кога имав пракса рабтевме и на јагне,прасе,кучиња и мачиња a еднаш и во зоолошка не однесоа да правиме обдукција на коњ.Но интересните случаи не се на патологија,него на хирургија,дијагностика на непреживни и преживни животни.:)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Во последно време кокошки само имаме :D ќе почне да ми се одмилува пилешково. За хирургија и интерна, ако се биде како што треба, ќе ја слушам вон границите на нашата граница следната година :)
 
Одлично,ќе се преродиш тука се одлични професорите но помалце пракса има нажалост. :( А кокошките...еххх таа смрдеа уште неможам да ја заборавам.:pos:
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Одлично,ќе се преродиш тука се одлични професорите но помалце пракса има нажалост. :( А кокошките...еххх таа смрдеа уште неможам да ја заборавам.:pos:
Мене вчера мачката повеќе ми мирисаше, додуше немам проблем со миризбиве, во прва година во секциона сала по анатомија моравме да јадеме внатре...па која комбинација на мириси е тоа :D Абе може професорите се добри, ама искрено досадно ми е на предавања, затоа што испишат по 40-50 слајда од истиот текст од скриптите и ни го читаат....
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Помош :/ кучето мое чудно се однесува денес т.е. така ми кажаа затоа што цел ден не бев дома и пред малку се уверив во тоа, се однесува безволно, мрзеливо, а обично секогаш е многу весел. Брат ми кажува дека и вчера така се однесувал но вечерта мене не ми изгледаше на таков. Не знам дали се работи за некаков удар, не квичи ниту ништо само е како мрзелив :/
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

јаде,пие?
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
јадеше малку кога јас му дадов, претходно му давале ама не сакал :/
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Помош :/ кучето мое чудно се однесува денес т.е. така ми кажаа затоа што цел ден не бев дома и пред малку се уверив во тоа, се однесува безволно, мрзеливо, а обично секогаш е многу весел. Брат ми кажува дека и вчера така се однесувал но вечерта мене не ми изгледаше на таков. Не знам дали се работи за некаков удар, не квичи ниту ништо само е како мрзелив :/
Може да бидат многу работи, однесете го на ветеринар за почеток да го прегледа и да му измери температура, на форум не можеме да ти помогнеме.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Може да бидат многу работи, однесете го на ветеринар за почеток да го прегледа и да му измери температура, на форум не можеме да ти помогнеме.
За тоа и кажав да му го пипне носот,пошто логички ако има температура треба да е сув? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom